Па мислам дека во Македонија нема многу обожаватели на овој филм..Но мене ми е еден од најомилените... Некој се рече бил децки и незнам што , но овој филм е стварно убав и додека го гледаш можеш ти да се ставиш во приказната... Филмот има 3 дела(за сега) 1.Лавот,Вештерката и Орманот-The Lion , the Witch and the Wardrobe 2.Принцот Каспијан-Prince Caspian 3.Патешествието на Мугра-The Voyage of the dawn threader(ова е оригиналниот превод а на некои места го преведуваат и јавачот на зората што не е точно) Ајде баш ме интересира колку фанови имаат овие 3 дела од Нарнија во Македнија..а како што рекеов и на почетокот мислам дека не се многу!
Нарнија(Narnia)2005-2010 Сакам вакви филмови кои ја будат фантазијата. Првиот дел многу ми се допадна, а останатите не сум ги гледала.
Нарнија(Narnia)2005-2010 И јас го имам гледано првиот дел и многу ми се допадна. Ги имам читано и книгите кои беа уште поубави (мислам дека 2 книги беа за првиот дел). Па, би сакала да ги гледам и другите делови.
Нарнија(Narnia)2005-2010 Книгите се прекрасни ја ги обожавам.. и секој дела како што одат филмовите е исто и во книгите... 1 дел од филмот прв дел од книгата.. така се.. .. штом ја сакате нарнија можеме да си бидеме пријатели гледам јас..
Нарнија(Narnia)2005-2010 На првиот дел сме се умреле од смеење, комедија го направивме Инаку, многу глупав филм. Еден од најглупавите што сум ги гледала.
Нарнија(Narnia)2005-2010 Па сигурно со причина се повеќе луѓето што не го сакаат филмов Мене едноставно ми беше бесмислен и чисто губење на времето.
Книгите се далеку подобри од филмот. И не се детски, како што многумина би ги сфатиле. Носат многу подлабока порака отколку што се чини на прв поглед. К.С. Луис не е буквалист, заедно со Роалд Дал и Џ.Р.Р. Толкин се едни од најдобрите автори во жанрот фантазија. А тој жанр не се однесува само за измислени светови, бајки и нереални приказни, многу добро ја отсликуваат реалноста, ама ако знаеш правилно да ги интерпретираш. Тоа особено се однесува за Толкин. А филмовите, па повеќе ги правеле за деца, па затоа не ми се ни допаѓаат. Овој последниов го немам гледано, и не знам ни дали ќе го гледам. Ептен она ако го начекам, а да нема друго ништо.
Јас реков дека секој си има свое мислење..мене ми е најомилен и јас не мислам дека е баш губење на времето џабе..
се сложувам со тоа дека филмовите се направени подетски...и освен принцот каспијан (во кого се заљубив ) друго нема ништо посебно а за книгите можам да речам дека се ПРЕКРАСНИ!!!!!! ги имам прочитано едно 38713776876 пати и сеуште ми се интересни..... најомилени ми се Коњот и неговото момче, Принцот Каспијан, Патешествијата на Мугра, Сребрениот стол.....тако звано СИТЕ!
го гледав само првиот дел и ми се допадна едвај чекам да ги најдам и другите два. баш занимливо филмче
Книгите се далеку подобри! Fantasy novels. Се сложувам со се што кажа Анат. И јас ги обожавам Tolkien, Roald Dahl, C.S. Lewis итн. Нивната литература иако се вбројува во детската, е далеку од тоа да е само за деца ОК Роалд има напишано и не - детски книги ама сепак. Филмот е онака, просечен да речам. Само првиот ми е гледан, останативе не ги гледав. Не сакав да си го расипам впечатокот од книгите и мојата замисла
прв пат го гледав на кино и сега брзо се сетив на него и кажвав на мама и не ми текнуваше насловот и после најдов на нет и сеа брзо пак го гледав
Ептен имав две гратис карти за во кино, па ај со другарка ми отидовме да го гледаме. Имаше некои добри сцени, некои досадни,. Само не знам кој дел беше филмот.
Уште еден пример каде книгата е срамота и да се спореди со филмот. Многу глупав, многу. Не сфаќам што работа ќе беше ова толкави утки да се прават.
Филмот го немам гледано, но ги имам сите делови на книгата 1. Внукот на маѓепсникот 2. Лавот,Вештерката и Орманот 3.Принцот Каспијан 4.Патешествието на Мугра 5.Коњот и неговото момче 6.Сребрениот стол 7.Последната битка
Порано го имав гледано 1 дел, ама не ми беше убав, па после се докажа дека било до снимката ги имам сите дела гледано, и интересен е, и онака гледам некои такви филмови