Абе може и да имаш проблем со вакви практики, ама да си го поткасаш јазикот кога ти е јасно од каде произлегува се'. Зошто во темата вештачко оплодување немаше вакви коментари кога прашуваа членките? И таму многу не би се сложиле. Ааа, затоа што таму имаат разбирање. Па во овој случај се покажува дека кога си осетил, поинаку се поставуваш кон тие со ист проблем. Никој не рече дека ова е најголемата мака на светот. Само за тој што ја има, е голема. Никој никогаш на форумов не промовирал маѓии, религија, марихуана, народни лекови или не знам што наместо репродуктивна медицина. Се' тоа се претпоставки на членки што не влегле во тие теми и не знаат какви мислења се споделуваат. Никој не избегнува третман, напротив се боцкаат и пијат шака апчиња секојдневно, по неколку пати месечно одат по доктори на секакви испитувања. И @Rebecca_R аман Никој не рече дека лесно зачнати бебиња не се посакувани.
@Someonespecial Членките и нивните "приказни" ги знам, оти ги читам темите за вештачко и поддршка. Со терминологијата и процедурата, исто сум запозната. Лично, немам проблем и најискрено посакувам никој никогаш да нема. Членката за која зборуваме се води од преголемата желба за дете и љубовта кон истото. И тоа е нормално. Особено ако минуваш таков трнлив пат. Апсолутно не верувам (а не ни сакам) дека жена која зачнала, (зборувам за посакувано дете) во ниту еден момент, не би сметала дека нејзиното е најпосакувано, оти се измачила, а другите не се од љубов. Верувам дека сакаше да ја долови токму таа љубов, која им е главна водилка. Како на секоја мајка, всушност. И токму поради таа љубов, се изложени на се и сешто, па и такви екстремности, па дури и осуди на форум. Но разбирам и дека оние кои немале мака, еве конкретно јас нека бидам пример, никогаш нема да им ја разберам болката што ја минуваат или минувале. Овде не станува збор за претскажи ми ја иднината, како да си го вратам бившиот, како да му наштетам на комшијата. Или пак за особи кои се против медицината. Станува збор за надеж, можеби ја сметаат и за последна. Која сум јас да им ја уништам и за уште дотолку повеќе да им ја буткам психата? Темата е отворена за ставови, но начинот на кој се искажуваат истите, е осуда кон конкретни членки. Не е во ред. П.С. Кај ти летна мислењето?
Некогаш навистина не се прави разлика каде не, а каде треба да се замолчи. Ниту една од девојките исклучила медицина, ниту рекла дека дека нејзината мака е најголема, туку дека е најголемата мака што ја има во моментот. Ниту некоја девојка ќе тргне по некакви си камења без да ја проба медицината само оти овде чита. Надри лекарите ги краделе. Демек само надри лекарите крадат а докториве ич не крадат. Па за разлика од запад, кај нас бремените нон стоп одат на ехо и крвни слики, имаат 3 дупло повеќе испитувања, доктор ти препорачува суплементи од фирма со која и самиот соработува и не само гинеколог, и дерматолог и бла блатолог, доктор лажеше пациентка цели 9 месеци дека е трудна.. Крај краева, не е наша работа туѓиот џеб и кој за што ќе даде пари се додека не ни брцаат во нашиот. Осет немате. Се смеете на нечиј очај и болка, како можеле биле со дипломи. А вас дипломите ви го избришале осетот и емпатијата. На 20 и јас барав логика. Сега на 30 знам дека мене воопшто не мора да ми е нешто логично, само зошто на некој друг е. Не мора да ми е јасно и не мора да ми има смисла, се додека некој наоѓа утеха во истото. Не морам да им додавам сол на раната. Оставете луѓето да си бараат утеха и ако мислат дека некој камен ќе им смени нешто нека. Што тоа вас ќе ви смени нешто во животот? Ужаснати колеле јагниња. Леле леле Па можете ли вие да замислите што може еден човек да го натера на тоа? Ако не можете, молете се никогаш да не дознаете. Муабетите со јас вака ќе направам, јас така ќе направам, исто не се аргумент. Животов.. не можете ниту да претпоставите, ниту да замислите на која врата може да ве натера да тропнете. “Подобро немало дете да има ама немало јагне да заколе” и како беше другото за “свое дете ќе убие друго дете (јагне демек)”? Мајка за свое дете да заштити ќе убие друго дете и тоа дете а не јагне. Оти е мајка. Оти и овцата истото ќе го напраи. И мечката. Ако нешто, прпелица ја почитувам највеќе, иако воопшто не се сложувам со ставот, сепак одлучи да не го споделува во тема каде што луѓе на мака бараат лек, а наидоа на потсмев. И не, не верувам дека камен може да забремени, ниту манастир ниту црква. Верувам во медицина и истовремено јасно ми е дека честопати потфрла и ги нема сите одговори. Ама сите имате поддшка од мене, да излезете победници од тој пат, со полни раце без разлика на кој бог се молите. Никој од нас нема право да ви кажува како треба а како не, посебно оти немаме поима со што се се соочувате. Верувам дека се си доаѓа токму во моментот кога треба да си дојде. Имајте трпение и не губете надеж.
Можеби и сум ја разбрала погрешно, ама коментарот секако и е неумесен. Никој не рече, ама кога веќе сите овде се нежни, зошто да не бидат нежни и родителите кои со леснотија станале родители/ чекаат принова? Кажано на тој начин, испаѓа дека само децата кои се добиени со борба се 'толку посакувани' и правени со љубов и желба. Со исклучок на некои членки, кои убаво објаснија дека ваквите обреди им се последна надеж, одредени членки превртуваат зборови, излегуваат од контекст и напаѓаат без потреба. Реално, никој не може да ти забрани да отидеш некаде или да направиш нешто, ама не можеш ниту да забраниш членки кои имаат спротивно мислење да коментираат во една ваква тема, која е општа. Како што реков претходно, нека има две теми, едната за поддршка а другата за општа дискусија. Во темите за вештачко никој не коментира, ама не може членките кои имаат мака да се однесуваат како да се сопственички на темата и да забранат некој да коментира. Секакви не има, некои се дрски, други се уште подрски од претходните. Читајќи ја темава не можам да кажам дека само едната група е за критика.
Oтидoв ли јaс кaј некoјa дoмa непoвикaнa дa јa прaшувaм кaде oди и штo прaви? Oтвoриле темa штo е сoсем oк aкo имa некoи лекoви нaрoдни, тревки, чaеви, мед, пoзи oдредени и сличнo пa дa се дискутирa имa некoјa вистинa или не. Амa зa oвa aкo сaкaaт пoддршкa некa си нaпрaвaт зaтвoренa групa. Сoри aмa немa стoпaти дa се прaвдaм декa не сум тукa oти не рaзбирaм штo е мaкa.
Па ако не разбирате, не долевајте масло на огнот. Разбирам, форум е и се, ама сепак... Малце слоу доун со осуди.
не ни се трудам да читам шо сте пишувале самиот наслов на темата ми е доволен и се чудам како верувате во такви работи луѓето на марс почнаа куќи да градат ние со што се занимаваме разбирам дека желбата за дете е голема ама ова е ту мач
Тригерoт беше -неписменa. Штoм се силни дa вреѓaaт, силни се и дa слушнaт рaзличнo мислење oд нивнoтo.
Ех ех како го кажав де? Ги дефинирав како се постигнати тие деца, а не може да ми ставате зборови во уста дека за другите мислам спротивно. Може да ви звучи како сакате и како сакате да го сфатите постот бидејќинедно пишав испаѓа како да сум пишала дека дете од плукни залепи е непосакувано што нема врска. Се надоврзав само на членката што била горда, здрава се родила и жива од 44год мајка која само на Господ се молела и полесно и било поради тоа бидејќи знаела дека не е од камени и бајачи. И и дадов до знааење дека и тие се деца направени со многу љубов и желба, а нигде не реков такво нешто што ти го посочи. @Tan4ence , да ќе тргнам по такви работи ако лекарите речат нема лек. Па и би одела паралелно и со двете работи ако сметам дека ќе помогне нешто. Ако ме следиш од почеток ќе знаеше дека јас медицината никогаш не ја негирав и не ја негирам. Не отидов јас на каменот само, а предходно 7години да не сум ги посетила сите лекари и не сум ги направила сите потребни испитувања.
Мене единствено нешто што не ми е јасно е зошто тука никој не споделува мислење на нормален начин, без да мора секоја реченица да содржи индиректна навреда, демек јас ако не верувам попаметна сум од сите вас и вие сте прости, и обратно. Прво, жени сме, мислев дека како пол понаклонети сме на бонтон и култура, а не како селски маларуши и дрско однесување. Второ, едукацијата нема врска со темава. Јас да се искажам, ако некој има проблем (вклучувајќи ме и мене) и ако пробал на секаков медицински начин да го реши, и не успеал, има право на тоа да проба било што друго без да биде етикетиран како прост, глуп, неписмен, и со застарени мислења. Никогаш не би си земала за право да се смеам или навредувам некој што се решил да застане на камен за помош, ниту пак на некој што решил дека не сака деца, тоа е всушност too much. Не сметам дека каменот е магичен, ама многу влијае на психата и има плацебо ефект, како впрочем и бајачите и гатачките и се останато.
Ами она секој втор пост со "жени со дипломи да верувате во вакви работи" , се кажува за нивниот профил. Како демек тие без факултети се глупи, прости и само они треба да веруваат во такви работи, а ние што сме со дипломи сме нешто многу паметни и тррба да изиграваме сезнајки на формуов во сите полиња и да солиме памет? И јас имам диплома ама никогаш не сум понижила некој што ја нема. Дипломата не те прави човек ни образован, ни паметен, не си нешто над другиот оти ја имаш, а он не. Па посебно кога знаеме како може да се дојде до диплома во денешно време и кој се ја има...
Интересно како во неколку поста се спомена оправдувањето во смисла на, за дете се работи, секое средство е оправдано. Многу поголема тежина имало отколку личностите кои пишуваат во темата Бајачки, кои бараат такви лица за да им помогнат при работа, да ги засака партнерот, за вадење жива итн итн. Некому му е приоритет детето, пробал се по медицински пат и не бива. Друг направил се да ја добие работата од соништата - а работи нешто трето, трета мисли дека направила се за да ја засака партнерот - а пак нема емоции. Секој со својот приоритет. Муабетот ми е, ако веќе сте толку свестрани, покажете разбирање и за погоре наведените. Со самото тоа што на нечиј приоритет придавате поголема вредност или тежина, автоматски ги потценувате вториве, кои на вакви места или лица, се упатуваат за некој си според вас банален проблем, кој за нив може живот значи.
Не ми ги извртувај зборовите и кога веќе употребуваш мои зборови, означи ме.Си барам авторски права. Никад не сум кажала дека луѓето без диплома се глупи или не знам што.Тоа се твои зборови.
Тогаш не треба ни да им се потсмевате на оние што пишуваат во темата Дали сум бремена велејќи им па се знае како се забременува. А темава друго вели за тоа како се забременува. И тие тогаш во темата во паника од глупост ќе се исплашат дека забремениле и ќе прашаат, ако овде пишува некој од мака.
ајде пола од тука да земете репродуктивен систем да прочитате едуцирајте се па коментирајте мене ми е срам од ова шо читам толку неука цц побогу