Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Народни и верски обичаи за забременување

Дискусија во 'Бременост' започната од Maya12, 2 мај 2019.

  1. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Ти не ја цитираше неа, си пишала мислење во кое може да се пронајде секој.
     
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.909
    Допаѓања:
    177.219
    Пол:
    Женски
    Ако “дечко ми ме допре долу со среден прст, сега мене ми се врти, дали сум трудна” и користење на сите можни средства за да се забремени, годиништа поминати саати и саати по болнички хали, безброј разочарувања на секој негативен тест, на секое неуспешно ин витро, е исто, нека ви биде.

    Исто како сите вие тука опен мајндед, го поддржувате различното, поддржувате lgbt, драг квинс, машки со фарбани коси, феминизам, се и сешто ново светот што ќе измисли, (и јас се поддржувам иначе) ама не сте толку опен за оние што последната надеж ја гледаат во некој камен откако поминале низ сито и решето. Иако и тие се различни од вас, апсолутно на никој начин не ви го менуваат секојдневието, ниту ви брцаат во џеб, ама ќе се потсмеете на нивниот избор и ќе го осудите.

    Сите бираме што ќе поддржиме оти никој не е совршен ниту безгрешен и тоа е сосем во ред. Начинот на кој ќе се изразиме и каде ќе се изразиме не е секогаш во ред.
    Темата конкретно е каде девојките ја нашле последната надеж, кој како слушнал бил видел да сподели, болна тема е, и немаше потреба од солење памет.

    За дискусија каде впрочем се отера и оваа тема, се сложувам со Ребека дека требаше нова тема, а не тука.
     
    На crimson, oblace1, ivi1987 и 27 други им се допаѓа ова.
  3. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.157
    Допаѓања:
    13.520
    Пол:
    Женски
    Тоа не го менува фактот дека такво нешто јас не пишав туку ти мојот пост си го исфилува како што ти одговара.

    Најголема грешка е што се одвои темава од вештачко.
     
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.644
    Допаѓања:
    35.298
    Пол:
    Женски
    Пола и повеќе од женичкиве тука можат да ти држат предавања за репродуктивен систем, така што... :^) Пред да пишеш нешто барем види за што се работи да не се бламираш тука.
     
    На DAngel, Harper, Rama и 13 други им се допаѓа ова.
  5. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ајде браво какво страшно мислење, со став, аргументи, алал да ти е сите не просветли сега готово клуч на темава.
    Се препрочитувате ли бе пред да стиснете испрати одговор?
     
    На DAngel, Rama, Feminka22 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.114
    Допаѓања:
    163.681
    Пол:
    Женски
    Не е така. Ја читав темата баш од прва страна, за јагнето се побуниле членки кои само таму пишуваат (не ги ни знам), и им се нафрлиле поради тоа. Затоа и се одвоила темата. Ама ќе да се повлекле ради овие навредените и „полни со разбирање“. Ти мислам дека баш и објаснуваше како и зошто е одвоена темата, па треба да знаеш.
    Луѓе и во иста мака може да размислуваат различно и некои да задржат неверување во виши сили, колку и да ви е невообичаено.
     
    На Feminka22, senza.parole, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Ана на мама

    Ана на мама Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    1.821
    Пол:
    Женски
    Еве јас се нафаќам да дебатираме за репродуктивинот систем ?
    За што сакаш да зборуваме ?
    За овариуми и третмани ?
    Туби и нивни болести испитувања и тертмани?
    Матка, проблеми со матката, септуми, миоми, третмани, оперативни зафати ?
    Сакаш за хормонален статус ?
    Перименопауза, ПЦОС, ендометриоза генетска мутација, идеопатска неплодност, астенозоспермија, зооспермија, азооспермија, тетразооспермија. Киретажа, конизација, хистероскопија, лапароскопија, ХСГ, миометкомија. ФСХ, АМХ, Е2.....

    Не судете и не донесувајте заклучоци за луѓе кои воопшто не ги познавате, тука има девојки кои на исто ниво разговараат со своите доктори ;)
     
    На Lolipop23, Alishan30, srekice и 9 други им се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Не е ни така.

    Teмата се одвои од друга причина, оф топици. Никој не се побуни за навреди и никој не се повлече од причина што им се нафрлил некој. Кај е нафрлањето?
    "Полни со разбирање" не треба да ти стои во наводници затоа што да, во тие мислења од првите страни има разбирање. Не ми се објаснуваат нијанси, очигледни се откако се одвои темата, од мислењето на Феминка па навака. Плус, мислењата стоеја со денови пред две членки (меѓу кои и јас) да се побунат за оф топици. Тоа сега е избришано, ама само тоа. Во сите тие денови а и наназад низ темата кога се провлекувал муабетот, никој вака не им настапи на жените.

    Ама добро, секој си разбира ко што му одговара, така што џабе е да се објаснуваме.

    Ич не ми е невообичаено за луѓе во иста мака да размислуваат различно. Не знам зошто претпостави дека ми е. И јас размислувам различно од тие што одат на каменот и спијат во Острог. Ама луѓе што ја искусиле маката не настапија вака потценувачки. Повеќето си премолчија. Можеш пак да препрочиташ од прва страна, ете. Ќе видиш дека и да размислуваат различно има и друг начин да се каже.
    И кога веќе ја читаше темата од почеток, како не виде дека е од Вештачко оплодување па претпостави дека жените игнорираат медицина?

    Скроз ми е глупо што воопшто го правам муабетов.
     
    На oblace1, DAngel, 0ли и 14 други им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Нa темaвa немa пoдбивaње кaквo штo сaкaте дa прикaжете. Oк, некoј пaдoбрaнец мoжеби aмa претерувaте вo oдбрaнa и стaвoт декa е некoј нaпaднaт пa требa дa се брaни. Кaжи си штo имaш, мoјoт стaв кaкo и дa гo кaжaм зa некoј ќе звучи нaвредливo зaтoa штo е тaквa темaтa. Не мoже пoинaку. Пoчнaв финo, ме нaрекoa неписменa (зaмисли и јaс имaм oсет и знaм дa се нaвредaм:!:) пa сегa дa oдaм нa јaјцa дo степен мислење дa сменaм -немaм нaмерa.
     
    На candy.cane, Anomis11, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.040
    Допаѓања:
    268.570
    Па ако можеш весело и среќно да однесеш, заколеш/гледаш како колат јагне, тоа зборува за тебе и твојата совест и свест, таков грозоморен чин да предизвикаш и поддржиш.

    Ич не ми е гајле за причините, јас од вакви бегам.

    Едно е очај, безизлезност, ама за веќе родено дете, да одиш и свесно и намерно да убиваш... не знам.

    Не се дави никој, убиваат откако ќе родат живи и здрави деца.
     
    Последна измена од модератор: 8 мај 2019
    На candy.cane, CoverGirl10, Amellie13 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Чувството на 'благодарност' кон каменот е причината...
    Претходно 'се давеле', после се 'заблагодаруваат'.. плус, 'адетот' бил таков.

    Немам некоја посебна аверзија кон колењето на јагнињата, пошто сум месојадец... И сметам дека е несмасно да коментирам за тоа дека 'не чини да се жртвува јагне'.

    Мене друго ме мачи во целава 'приказна'.
    Начинот на кои се носат со 'загуба', 'неуспех'...
     
    На Alita и Emy867 им се допаѓа ова.
  12. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.157
    Допаѓања:
    13.520
    Пол:
    Женски
    Знаеш, мачно ми е веќе да се објаснувам. Нема смисла да ти реплицирам бидејќи си 4та истово што го пишува и и одговарам...глупо ми е да пишувам на темава од светици што жалат јагне, а се дават во јадење месо.
    Поздрав.
     
    На Rama и baba Rada им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.040
    Допаѓања:
    268.570
    Ако мислиш на мене, не јадам месо.

    И да, за мене има огромна разлика меѓу да јадеш месо, и со свои раце да предизвикаш смрт. Било чија.

    Не ми објаснувај, никогаш нема да разберам. Ниту поддржам.
     
    На candy.cane, Anomis11, Alita и 6 други им се допаѓа ова.
  14. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.617
    Допаѓања:
    7.208
    Пол:
    Женски
    За курбанот, и јас мислам дека во денешно време не е потребен, оти има и многу други начини на кои може да се искаже благодарност и да се најде мир во душа, на пример парите за нечие лекување да се пренаменат, или донација во црква, или во црвен крст, невладина организација итн итн.

    Знаеш дека обично се согласувам со твоите мислења, ама ова не го разбрав баш најдобро. Ако е така како што мислам, сметам дека не смееме да му кажеме на некој како да се носи со ситуацијата.
    Болката која некој ја чуствува ако не може да си го исполни својот мајчински инстинкт, е голема. И нема правилен начин на кој може некој да се носи со неа или не. Чуства се во прашања кои се осеќаат со екстра голем интензитет, делумно и поради сите тие хормонски терапии. И како што имаш разбирање за некој кој паднал во депресија и му треба помош, треба да си свесна дека и овие ситуации можат водат до потешка психичка состојба.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Баш тоа ме загрижува.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.111
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    Ве замолувам да не продолжувате со мислењата за абортус, апсолутно немаат место во темава и дискусијата е од корен избришана. Имаме посебна тема за абортус во која може слободно да дискутирате.
     
  17. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.617
    Допаѓања:
    7.208
    Пол:
    Женски
    За загрижување и е, ама мене повеќе ме загрижува фактот дека овие жени и нивната болка не се рабзрани од општеството. Уште е срам и табу. И сметам дека психолошки третман треба да биде задолжителна пракса во текот на лекувањето. А овие жени се силни, страшно многу силни. И повторно се исправаат на нозе и се борат, за разлика од многу кои страдаат од необјаснива депресија.
     
    На Peperutce1115, Grasiela**, Dalia93 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    И што би советувала во ваков пример? Психолог, психијатар или бабини басни?
     
    На Nausicaa, WildMk и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  19. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.617
    Допаѓања:
    7.208
    Пол:
    Женски
    Психолог. И не знам зошто воопшто ме прашуваш?
     
    На Anomis11 и WildMk им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Зар не е јасно? Кажуваш дека треба да се има разбирање затоа што маката може да те доведе до депресија затоа што не знаеш поинаку да се носиш со загубата. Па како што не советуваме луѓе со депресија да одат чаре да си бараат за проблемите по секоја цена -секаде, така и овде, зошто би подгревале лажни надежи кога има и друг начин да се носиш со проблемите?
     
    На candy.cane, Amellie13, Anomis11 и 5 други им се допаѓа ова.