Затоа што не е во ред да поддржуваме некој без оглед на се'. Јас сметам дека е бесрамно некој што ми е близок и сакам да му помогнам, да го поддржам во одење по надрилекари, оџи, бајачки, камења, реки. Сепак, ако самите немаат волја да ја увидат реалноста и да појдат таму каде што треба да појдат, не можам да ги натерам. И не ме иритира одењето по "магични" луѓе и места се' додека никој не страда. Курбани, влечење деца по баби, незнамтишто, тоа е проблем. А сами они за себе што сакаат нека прават. Не само за неплодност. Има пострашни работи од неплодност, на пример терминална фаза во животот, секакви болести итн. За се' исто мислам. Никогаш нема сестра ми да ја поддржам по шарлатани да оди и да и' ја подгревам заблудата. Може утре подобро ќе се осеќа ако се самоповредува, па ај да не ја "ошамарам" (метафорички) и да ја оставам да тоне во заблудата. За себе сум се изјаснила во други теми, ни кога ми било најтешко, ни попови, ни оџи, ни бајачки, ни ништо не сум посетувала, и освен ако не ме издаде паметов, нема да посетам. За да убијам друго живо суштество, треба стварно да сум изгубила контакт со самата себе и реалноста.
Искрено ништо не те разбрав. Нигде не ни реков дека не треба да се посетува лекар, специјалист, ендокринолог, хирург итн, итн. Милион пати на темта се кажа дека сите жени овие жени се веќе во долгогодишни постапки кај доктори. Дека по 100 пати во месец одат на контроли, дека дома имаат веќе пола аптека и веќе се испраксаа како медицински сестри боцкајќи си инекции секој ден во стомак. Епа не е лесно. ДА не глумиме лудило. И ако на некој му даде надеж тој камен, нека е. Има и никој не го негира тоа.
Па е зло, ако не оди на психолог, туку на камен. Зборуваме за психичка состојба, нели? И да, да не заборавиме, јагнето се коле откако голготата им завршила.
Да да, кога не ти одговара не ме разбираш. Никој не вели и дека не одат на доктор, збориме дека каменот е вишок. Исто како да одиш на психолог ама во ист период и на сеанса кај некоја бабичка за отфрлање на црни магии. И на крај да кажеш дека она те излечила и да оставаш контакти за и другите да си најдат чаре кај неа. Бабата е тука вишок, според мое мислење. Сега јасно ли е?
Па добро бе Камелија, ајде најди ми каде реков да се батали медицина и да се тргне по камења? За јагнето веќе кажав, не ми се допаѓа ни на мене. Кристално јасно.
Тоа е за мене најтрагично, што кога ќе затруднат, тврдат дека е тоа благодарение на каменот, а сите тие медицински процедури ги забораваат. Се употребуваат фрази од типот "дете од стекнато од камен" Па после имаме неуки женички кои не отишле воопшто на гинеколог туку се ашкаат по камења и бајачки во исчекување и нив да им се случи чудо. Јас сфаќам дека за тие што веруваат, тој камен има пласибо ефект, ама тој пласибо ефект би бил тотално бескорисен без медицината која се бави со причините за неплодноста.
Статистики ако отвориш, не за Мк пошто не верувам дека има, ама колку што читнав, отрилика 15 проценти од паровите имаат проблеми со зачнување во првата година. Со секоја наредна процентот се намалува затоа што ретки се тие што воопшто нема да можат да зачнат. Секако бројките се поинакви ако си на над 30, над 35 или над 40 и сите треба да се свесни. Што значи голем број од оние што отишле на камен или кај бабичка -ќе имаат дете, дали таа година, дали наредната, дали после 5 па и 10. Оти во текстот за каменот прочитав како некоја била пред 2 години и еве сега се враќа со јагне за бебето. И како што не е до каменот некогаш нема ни до медицината да е, едноставно без никакви терапии кога веќе си кренала раце, ќе останеш бремена. Нема ни до плацебо да е, да е така лесно и терапиите што ги примаат не даваат еден вид плацебо ефект?
Само ти објаснувам дека не треба ни мечкина услуга да се прави. Не секоја поддршка е добра поддршка. Познаничка моја е бремена природно, после 5-6 години терапии, 2 неуспешни инвитра... некогаш идиопатски се некои состојби. Не беше по баби, правеше пауза после второто неуспешно инвитро, за да почне да се спрема за третото, кога остана бремена. Најверојатно е сплет на сите процедури кои до сега ги помина, ама тоа никој со сигурност не може да го потврди.
Личен избор е и на каков начин некој ќе стигнит до дете... нз шо не е јасно,и да,курбанот не е ЗА ДА добиеш дете,туку ОД КО ќе добиеш дете од тој фамозниот камен шо се потсмевате цело време. Сериозно? Сериозно?!? Да ти ја покажам папкава со резултати и испитувања шо никогаш во живот не си ги сретнала,ама нели знајш за матка,јајници и сперма а сите другите сме глупи. Катастрофа!
Да де, што значи дека веќе не се очајни, успеале ете, имаат дете. Можат пари да дадат за нели црквата, не мора крвопролевање. И не се потсмеваме, згрозени сме.
Дали сте вака згрозени, разочарани и ги сметате за непресметливи и без контакт со реалноста, оние кои работат за и во месната индустрија? Оние кои убиваат животни со цел да го прехранат своето семејство? Оние на фармите, по селата, кои немаат друг избор? Ајде не продавајте хипокризија. Да немале контакт со реалноста, ќе биле сместени во некоја установа. Стварно осет немате што пишувате и кога е доста за истото. Па уште ќе им објаснувате какви се статистиките. Сериозно мислите дека не ги знаат? Најчесто бременост се случувала во првата година. Па не отидоа после година на каменот, ами годиништа. А и обратно да е. Не е ваша работа. Очигледно не го разбирате исчекувањето на позитивен тест за бременост. Да видиш две цртички во текот на 1 до 3 циклуси, во текот на 6 месеци до година или 10 години потоа. Па ќе објаснувате што е и колку е нормално. Има огромна разлика. И во очајот, во стресот, во болката, физичка и психичка. Не ја разбирате борбата за дете. Не разбирате колку скршени соништа имаат овие девојки тука. Не треба да ги жалите. Храбри се. И не споредувајте "како да си го вратам бившиот" и слични, со она што го минуваат членките. Не споредувајте ги ниту со особи кои оспоруваат конвенционална медицина и не се осврнале на истата. А ниту некој ги советуваше во тој правец. Оти, не само што не е исто, ами и смешно е. Не гледам потреба да објаснувам зошто, од авион се гледа. Па уште некој се осмели за репродукција да ги учи. Овие членки тука, можат книга за истото да напишат. И мене ми е жал за животните. Многу. Ама ајде сега, животните ќе ги жалиме, членките ќе ги распнеме. Оти отишле на камен и свртеле круг околу него. Големо чудо. Оти е нормално и прифатливо во црква да се прекрстиш пред икона и да веруваш во невидливиот Бог, но не е нормално да го посетиш каменот.
Ова е толку типично за модерното човече што си живее во меурче. Месојадци јадат мртво во чинија, ама одвратно им е некој да убие јагне. Пошо чајната фрижидерот ја раѓа. Вегетеријанци нејќат ни мртвото месо во чинија да го гледаат, ама кашкавалот не им изгледа на месо па океј е, без оглед што млечната индустрија е уште посурова кон животните. Вегани си крцкаат чипсови со палмино масло за чие производство се уништува неброен жив свет. Купуваат зеленчук и овошке прскани со хемикалии претходно тестирани на... невини животинки. Сите си употребуваат козметика што е три пати посурова од месната и млечната, а не се ни јаде. Ако не е за храна, некако е во ред. Индустрија за миленици ооооо. Битно сите сме хумани и љубовни луѓе зашто чуваме кучиња и мачки, ама некој друг им убива за конзерви па ние немаме врска со тоа. Битно да ни се најадени нашите. А тоа што пострадало? Па никој не го виде. Па ампула за да нема болви и крлежи, а за нејзино производство се изгореле и ослепиле милиони глувчиња и мајмунчиња. Ќе го пикне во стан, ќе го бања и ќе го изнесува два пати на ден, ќе го дресира да не му прави беља, да му глуми кукла и да седи/лежи кога тој ќе му каже. Не е хуманост, човекова надмоќ е и ако сакаме да не правиме зло, ќе ги пуштиме слободно и ќе си ловат сами храна. А ние ќе си се изолираме од модерниот свет да си копкаме бавчи. Знаеш колку сме похумани од паганите што жртвувале животни? Ич. Триста пати поголеми ѕверови сме. Ама не, чувај Боже, со голи раце не убиваме. На лента си одат, фабрички. Хумано, чисто. Која е таа огромна разлика меѓу да јадеш месо и да го заколат јагнето пред тебе? Јас ќе ти кажам: меурчето пукнало. Ќе пукне и ако влезеш во лабораторијата каде се создавала пудрата што утрово си ја намачка на лице, толку лесно и ослободена од вина.
Луѓе, како не го разбирате тоа со јагнето? Не велам да го оправдате и поддржите, ама да не го разберете? Кога веќе веруваат дека добиле бебе благодарение на каменот (или што и да е) сигурно веруваат во целиот обред, од почеток до крај. Нели ако се забременило поради посетување на местото треба до крај да се испочитува обредот? Зошто ако не се испочитува до крај можеби како што било добиено тоа бебе нешто и да му се случи? Веројатно и од страв се прави, зашто бебето веќе е во раце и ништо на светот не може да те запре да се грижиш за неговото добро, макар било и тоа жртвување на некое јагне. Според мене тоа веќе се прави и од суеверие, од не дај боже после што ќе биде ако не се направи. Може грешам, ама мислам дека тоа е причината. Зашто ќе биде еве добив бебе и сега не исполнувам до крај што требало да се направи и после ќе ги јаде јанза да не се случи нешто.
Ако ти имаш потреба/сметаш дека треба да даваш објаснување, иако реално нема причина и нема потреба, која сум јас да ти викам да не се објаснуваш? И така.
Силни се и анксиозните, и депресивните, и оние со фобии или било каков уште посериозен психички проблем. И оние со било каква физичка мака. И оние кои со години животот ги газел во финансиска, семејна, па и љубовна смисла, до таму што разумот почнал да ги издава. Па сепак НЕ ги охрабруваме со полна пареа да одат по патот на натприродното, дури ни ПОКРАЈ медицината и психологијата, и не им се нафрламе на оние кои не им пружаат безусловна поддршка во погрешниот coping mechanism. Ако сакате да знаете, мене ко 20 и кусур годишно детиште родител ми има починато, со секакви симптоми на страв сум се справувала најмалку пола година потоа, со мајка ми сме оган и вода и тоа ме кочи во секој поглед, па на бајач не сум отишла, ниту во манастир ниту на камен - и во секое време некој што ми значи со слични тешки проблеми дома, би го одвратила од вакви делузии! Ние жениве ги третираме како возрасни и зрели, рамноправни личности кои можат да поднесат културна дискусија (оти барем мене ништо не ми беше смешно и никаде не искарикирав) на форумов, а не само „со Господ напред мила“ од оние што истата судбина ја делат. Ама очигледно ако не сожалување, посебен третман е она што самите го бараат, а неплодноста и борбата за дете се прогласи за најголем проблем на белиов свет деновиве. Вришти тоа од темава, колку и самите да не сте свесни. Затоа сум разочарана посебно од оние што во други прилики цврсто се држат до наука и разум. Непознатине ликови во Другата наука имаат полно право да бидат навредени и да ве повикаат за двоен аршин, ама сериозно. Мака ми е од темава искрено, затоа и пишувам и бришам, мразам неправди и неправедно мерење човечки проблеми.
Луѓе, ај кажете си отворено дека верувате во магии и бајачки и да не се должи понатаму дисусијава. Плацебо ефект, пис оф мајнд блаблабла...ако не веруваш во ова, нема да одиш. И не се лажете дека не е на исто рамниште со одење по бајачки и оџи. Тоа е тоа што ми е лицемерно во темава. Тука може “маката на се ќе натера“ да е прифатлива причина, а по сите други теми оние кои одат на бајачки се лол прости, затуцани, празноверни. Магарето, зајакот нешто... Имајте во предвид дека и тие кои тргнале по оџи и баби не одат од што им е убаво, туку одат и жени кои се ближат кон 40ка и кои ги фатила паника дека нема да се омажат, зошто прозорецот за стварање семејство им се затвара малку по малку со секоја помината година. Одат и родители чие дете е џанки и које одбива да оди да се лечи. Одат и сироти женички кои дома мажите ги трескаат од земја зошто пивото на ручек не им било доволно изладено. И ајде сега објаснете ми зошто е прифатливо да имаме разбирање кога се работи за дете (на страна крвната жртва), а во ред е да се исмејуваме со девојка која тргнала на бајачка за да се омажи.
Наклон до земја за постов. Пореално напишано не може да биде. Селективна правда за тие кои бараат помош од бајачки и после ние што сме против сите такви нешта сме лицемерните.