Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Народни и верски обичаи за забременување

Дискусија во 'Бременост' започната од Maya12, 2 мај 2019.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.638
    Допаѓања:
    35.279
    Пол:
    Женски
    А зошто воопшто да се исмејуваш на било кого? И која си ти (сте вие) да им ја одземате надежта на луѓето? Нека веруваат во што сакаат ако тоа им дава спокој на душата и надеж во успех. Не знам што сте запнале токму на темава да солите памет?! Аман, осет имате ли барем малку! Знаете ли каков ефект ќе имаат овие муабети на и онака кревката и разнишана психичка состојба кај овие жени?! И? Што постигнувате со ова?! Само контраефект и да ги доутепате! Друго не верувам дека ќе постигнете! Срамота!

    За јагнето... нека кренат две прстиња сите оние кои ги жалат кутрите јагниња, а јаделе јагнешко за Велигден :^)
     
    На christinnn, fana, Martka и 6 други им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Нормално дека веруваат. И да не се 100% убедени барем се со мислата "може па и има нешто".
    Јас за себе лично знам, дека да ми рече некој да отидам на некој си камен за дете ќе ме убие психата и само контраефект ќе ми има, од што ќе се испонервирам од луѓево, ама тоа сум јас.
    Се сеќавам еднаш кога бев болна како малечка, инекции примав секој можен ден, чаеви некои, сѐ и сешто. Запна баба ми да ме носи на бајачка. Не можеа да се разберат и мајка ми дозволи. Ми помина после, ама баба ми која и онака не верува викаше дека од бајачката ми поминало.
    Имаше една жена во селото на дедо ми покоен. Збореа дека имала зли очи. Кога поминеше покрај плевната, кравите внатре буквално полудуваа (пази, не ја ни гледаа). Секогаш ми било смешно, ама никогаш не сум се фатила со луѓе да се расправам за тоа.
    Седиме друштво, и кажува една дека еден пат никако не може да има второ и ги носела во некој манастир, ама тие не сакале да постат, не биле религиозни и затоа не можеле да имаат второ. Преќутев и на ова. Колку и да беше грдо. Нема да кажам "по, стој, ајде да се расправаме за како религијата ви е глупост".
    Некогаш не боли ако преќутиш нешто. Не мора во секој момент да се покажеме колку сме најпаметни, најосвестени и најнаучно поткрепени.
    Ќе речат пак нихилизам. Не. Кога е нешто што знам дека навистина мене никогаш нема да ми се случи и нема негативен ефект за личноста која го прави тоа, секако дека ќе преќутам.
    Да не оделе тие жени по доктори и да се само на "каменот" нормално дека ќе им кажам: "еј, идете на лекар не се глупирајте"
    Затоа ме има кај тие бајачите. Затоа што тоа се луѓе со сериозни психички проблеми што не одат на лекар. Затоа што е срамота да се отиде кај психолог и психијатар. Затоа што има случаи како оној српскиот лекар.
    Љубовни магии? За некој да ја засака?
    Тоа се двајца, од кои едниот треба да биде "изманипулиран" во љубовна врска преку магија. Гадно е, тоа упатува само на психички/социолошки проблем на личноста што го посакува ова.
    Овде е сосема друга ситуација.
    П.с. да, не ми е јасно јагнето и каменот, барем мислев кај нас обично поминува со "дај лепче за здравје" ама ете, не било така. Т.е. што зборам. А Ѓурѓовден? Колку јагниња се колат за здравје на тој ден? Која е разликата дали каменот ќе ти биде во двор или во Свети Николе?
     
    Последна измена: 8 мај 2019
    На Lolipop23, candy.cane, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Може ова сега копи-пејст да го напишеш во темата на бајачки? Зошто како таму да те немам прочитано да ги браниш оние си го бараат чарето кај оџи и баби.


    И да те потсетам, форум е ова, размена на мислења и ставови. Никој не се трупосал во темата за поддршка па таму да „соли памет“. Тука секој има право да си напише мислење. Збориме за курбан, крвна жртва, паганство. Нормално дека ќе има реакции.

    @DAngel, се е тоа во ред, ама двојниот аршин боде очи. Тука едно, по другите теми дрва и камења по тие што одат. Или имај разбирање и толеранција за сите што од мака тргнале по такви места, или осуди ги сите, не вака селективно, на кантар чиј проблем е поголем па ај тоа е оправдано.

    И еве го тој момент, повторно. Ова важи за сите што пишуваме на форумов. Јас, ти, сите. Во еден момент сите имаме искажано ставови кои намерно или ненамерно погодиле одредена група на членови. Објасни, зошто баш оваа тема што е за курбан треба да биде привилегирана?
     
    Последна измена од модератор: 8 мај 2019
    На candy.cane, Rama, Rebecca_R и 6 други им се допаѓа ова.
  4. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.962
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    Темава не е привилигирана Ги тргнаа мислењата од Вештачко и тука тргна сосема во нов правец не е темата за курбанот туку имаше членки за посета на Говедаровиот камен и искуство дали биле и слично ....
     
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не реков дека оваа треба да биде привилегирана. Истото се однесува на било која тема. Ставови се едно, потсмевање и навредување е друго. Проблем е кога искажувањето ставови јасно поминува во навредување. Некои луѓе го изгубиле и трпението и осетот за дискусија.
    Кога гледате дека некоја дискусија губи контрола - подобро да се повлечеш отколку да се кажуваат само навреди од двете страни.
    Реин бришела мислења за абортус. И абортус успеа да се замеша во, како што сама ја нарече "тема за курбан"? Значи изгубила темата контрола.
    Сум навредила многу луѓе со кои мислења, и без двоумење ќе навредам пак. Ама дали заслужил некој да биде навредуван за нешто што нема никакво влијание на никого? Па ни негативно на него самиот.
    Пак ќе прашам. Која е разликата од заклани јагне за бебе и заклано за Ѓурѓовден?
     
    На Harper, Rama, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Кој кажува дека не може да размислуваат различно?! Тука не се работи веќе за тоа кој колку рационално размислува, туку колку сочувствува. А нивото на емпатија еднакво на нула.

    Какви душегрижници има темава, чудо едно. Па и толку злоба и суровост на едно место. И тука само ми се докажува она дека жена на жена поддршка не може да биде.

    @Lianna Anna секоја чест за кажаното. :bow: Светот би бил многу подобро место ако повеќе размислуваат како тебе.
     
    На orhideea, srekice, fana и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @princess5, се согласувам дека не е привилегирана :) Затоа и ме чудат реакциите дека не треба да се коментира.

    Најпрво, никој никого не навреди. Ако вреѓање е искажување спротивни ставови, тогаш нека се затвори форумов.
    Понатаму, сама си постави прашање, сама си го одговори. Само што уште не ми објасни зошто е океј на друга тема да се дискутира (ете, навредува) а на оваа сите што не тапшаат по рамо треба да се затнат?
     
    На candy.cane, Amellie13, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Одговорив. Не си видела.
     
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @DAngel, кој ти е одговорот? Освен што ги нарече тие што одат кај бајачи луѓе со сериозни психички проблеми. Толку од толеранцијата и разбирањето.
     
    На ivi1987, candy.cane, Purplelilac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.114
    Допаѓања:
    163.681
    Пол:
    Женски
    Дај Енџи те молам. Деца имало на форумов, ејјј деца на 12-13 годишна возраст кои си имаат проблем со сонови, терор и го поврзуваат со духови, идење по манастири и слично, па не сме преќутувале воопшто. Баш памтам за едно девојче што и идеше на не толку успешен психолог, па сепак беше заблудено. Ако се поосетливи жениве од деца, не знам веќе што да ви кажам.

    @kukla21 браво, продолжи така уште со навредите. „Најобјективен“ модератор дефинитивно! :clap:
     
    На candy.cane, Purplelilac, Tan4ence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.153
    Допаѓања:
    13.517
    Пол:
    Женски
    Што сакаш да слушнеш од нас дека ги подржуваме оние што гатаат/баат по телефон? (facepalm)

    Зошто да признаеме нешто што не е точно, толку ли не можеш да сфатиш дека во нешто веруваме во нешто не?
    Зошто сите народни обичаи/верски обичаи/гатачи/оџи мора да се стават во ист ќош?
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Па да. Луѓе со сериозни психички проблеми одат кај бајачи наместо кај психијатар. Не си влегла никогаш во темата? Луѓе со халуцинации, со ноќни терори, страшни случаи на пост трауматичен стрес, анксиозност и депресија. Тоа не се психички/психолошки проблеми?
    Излажав нешто?
    Не ги нареков ненормални. Реков дека имаат проблеми за кои треба да се обратат кај соодветен лекар, а не го прават тоа.
     
    На Anomis11, Rama и WildMk им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.032
    Допаѓања:
    268.543
    Се трудам да користам cruelty free козметика, месо не јадам... со касапи не се дружам итн... ако е тоа муабетот.

    И да, има огромна разлика дали ќе убиеш некој, или нема да убиеш некој со свои раце. Што не значи дека сметам дека е во ред јадењето месо, само мислам дека треба да си посебно бесчувствителен да заколеш што било.


    Јас се трудам светов да го направам пофино место за живеење на сите.

    Меурчето ми е такво.
     
    На candy.cane, Anomis11, Rebecca_R и 2 други им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не сме преќутувале затоа што оделе по манастири, а не по психолози и затоа што имало совети "ај бе, што ќе ти е лекар, иди во манастир". И пак нема да преќутам во таква ситуација.
    Не ја гледаш очигледната разлика? Овие жени не кренале рака од лекарите. Тоа што си тераат на страна нема да има негативно влијание сѐ додека ги слушаат советите на лекарите.
    Очигледната разлика помеѓу двата случаи не ја гледаш?
     
    На orhideea, fana, Harper и 3 други им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    А што е со храната која коштала ништо пари и заради зголемена побарувачка е дигната на цена до толку што не можат да си ја дозволат ни луѓето што ја произведуваат, па завршуваат изгладнети заради веганската култура? Што е со масовните полиња за здрава храна во која работат робови? Не постои несуров свет. Само бираш дали ќе го гледаш суровото или ќе ти се прави зад грб.
     
    На christinnn, Harper, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Ама исти се :) Решението за твојата мака е каменот, решението за маката на некоја друга е баењето на баба Фида од Стајковци. Објасни ми зошто твоето да го прифатиме, а тоа другото да го осудуваме?

    Да се разбереме, јас те разбирам тебе со каменот (иако навистина сум многу, многу, многу против крвни жртви) ама ги разбирам и тие што тргнале по баби.
     
    На candy.cane, Rama, Rebecca_R и 2 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.032
    Допаѓања:
    268.543
    Настрана курбанот, сигурна си дека нема негативно влијание?
    Напротив, може да има, и има, огромно влијание трошење време на нешто што нема никаква смисла, наспроти реално барање помош онаму каде што ја има.

    Гинеколог, ембриолог, не се исто што и психијатар.
    Ако животот и приликите те фрлаат во очај, баби и камења не се решение.

    Не знам што е тука сурово.
    Искрено, да.

    Сурово за мене е да поддржувам некој во бесмислени и нецелисходни постапки. Кои можат, да, дополнително психички да го повредат.
     
    На Anomis11, Rebecca_R, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.285
    На жалост, и јас добивам чуство дека нивото на емпатија е на незавидно ниво.

    Не ја знам, само може да ја претпоставам болката, емоционална и физичка, и исцрпеноста ментално, емотивно, физички, финансиски и во кој степен и на кои нивоа се менува односот кон сам себе/ партнерот/околината во таа борба.
    Не е само здравствениот/физичкиот проблем. Кога години години е човек во тој магичен круг на милион испитувања, боцкања, операции, стимулации...Е јас не можам да му кажам ниту збор на страна.
    Оти нели. Сите сме луѓе, со секојдневни проблеми, па верувам сето ова, а не е малку, напротив, им е капак на се друго со кое се соочуваме сите.

    И не сме тука да си ги мериме.
    Секој си ја знае својата болка, денес, тука, зборуваме за оваа. И не можам а да не покажам емпатија и воздржаност од било каква критика или потсмев.
    Се надевам, а и верувам, дека медицинскиот дел е исполнет, и доколку на некој психички му влијае позитвно да се крсти пред икона, да спие во манастир, да оди на некој камен...нека оди.

    Јас јадам месо, носам облека/обувки/ташни/акцесорис од кожа, користам тон шминки и препарати каде не сумс екогаш сигурна врз што е тестирана...итн.
    Да И за велигден јадев јагнешко. ПРед една недела свекор ми цело јагне ни донесе. Лицемерно би било од моја страна да осудувам некој за нешто кое и јас го практикувам.
    Не носам јагниња по карпи, ама не сум се откажала од конзумирање. Дали пред очи го колат или веќе завршиле работа па јас на готово, исчистено, средено, ќе си го купам за да го спремам нема разлика. Освен нели, ако сакам да се залажувам сама себе.
    Кој не конзумира, не користи производи од кожа итн. Браво, почит од мене, тука веќе се издрживи аргументи во мои очи.
     
    На orhideea, ivi1987, Lolipop23 и 15 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.032
    Допаѓања:
    268.543
    Цел свет не можам да го опоравам.
    Никој не може.

    Ама тргам од себе и правам нешто локално.

    Ако тебе ти е скроз исто да купиш месо, и да убиеш животно со свои раце, ок.

    Може и убиецот и патологот се исти, кој да знае.
     
    На candy.cane, Anomis11, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Не верувам во вакви работи.Верувам дека од чувство на беспомошност човек се граба кон секоја гранка. И од сочуство, ниту би им пререкла, ниту би ги прекорила.
    Знам како е кога мислиш дека медицината веќе ги исцрпила сите можности, па се останато останува да се проба, ради надеж.
     
    На Alishan30, Harper, fana и 3 други им се допаѓа ова.