Се прашувам само зошто коментарот од членка од темава упатен кон мене во СДК кој гласеше „има дана за мегдана“ не ти падна во очи, а тука секое мислење спротивно на твоето ти е навредливо. Избегав во друга тема и дојдоа да ми солат памет и таму, па после „ама зошто вие што не не' поддржувате идете во оваа тема“. Епа ај банирајте не сите и тапшајте се по рамо понатаму колку вие сте посочувствителни од нас неверувачите во исцелители. П.С. Само немој да ми кажуваш „ама јас не сум модератор во таа тема па нисам одавде“.
Тоа ми беше муабетот. Дали ќе убиеш животно или ќе умрат тројца на фарма за киноа во Перу, ти не си помалку сурова. Само не го гледаш "убиениот". Еј, мислиш тие луѓе не одат по гинеколози и ембриолози?
Кој кажа да немаш различно мислење? Имај си. Зарем некој може да ти забрани?! Јас зборувам за сосема друго, не си ме разбрала. Жалам. За другото, не сум ја следела дискусијата. Друга дискусија во таа носока тука е одвишна.
Ајдее пак испревртувајте зборови затоа што тоа најдобро го правите. Не зборувам за различното мислење туку за нивото на сочувство за кое зборуваше и ти. Дека тие коментари таму не ти паднаа во очи а тука се' ти е навреда. За другото, нормално ќе се правиш дека врска немаш што се случува. Не ни очекував нешто поинакво. Модераторство at it best.
Интересно. Се фати за месото а избегна коментар за се' друго зашто тоа е единствено што правиш за поубав свет па ти е доволно да се сметаш за подобра од другите. Што е со кашкавалот и ампулата за кучето? Козметиката не ти е круелти-фри. Те следам низ темите. Се трудам ти е исто ко да кажеш веган сум, се трудам да не јадам месо. Не ги убиваат со свои раце јагнињата. Некој друг ги убива пред нив. Па ги јадат. И јас не би можела. Ама можам да јадам месо од продавница, па си викам ќути си, иста си. Тоа е исто ко некој друг да ги убил во фабрика а тие ги ставаат во сендвич или му ги даваат на кучето во конзерва. И пица пола пола - со шунка за дечкото а само со кашкавал за тебе не придонесува ништо за поубав свет. Сори. Меурчето те лаже. Не јадеш месо, браво! Даваш свој придонес како што можеш. Ама кога си виновен по многу други точки, некако е лицемерно да обвинуваш друг за ѕверство.
Не, не ме разбра изгледа. Одат по гинеколози и ембриолози, ама психолошко советување? Не само за бременост, за секоја ситуација, болест... побрзо одат по гатачи него по професионалци. А да, пак ќе кажам, јас не можам да делувам глобално. Ама можам локално. Така што тие муабети за тој во Перу... надвор од моја моќ е. Ама она што е во моја моќ да го сменам, го менувам. Можеби. Јас не се чувствувам така Светските индустрии не можам да ги оправам, ама бирам подобро секогаш кога можам. Некогаш немаш избор, на пример, ампулата за кучето, па бираш помало зло. А помало зло е кучето да го заштитам од болести, за себе и сите околу себе да ги заштитам. Со козметиката се трудам да ги променам навиките. Не го игнорирам тоа што сум го направила.
Изедначивте колење на јагне заради прехрамбена цел, со колење на јагне со цел принесување жртва. Првото датира од секогаш пошто ланецот на исхрана така налага, а второто е паганизам, сквернарење на туѓ живот, принцип на душа за душа, нешто кое одамна требало да биде оставено зад нас, а не да е присутно на големо денес.
Доволно беше да не ги осудувате жениве што при мака и за сламка се фатиле..Ништо повеке ни помалку. Цела наука развивте на темава,а немаше потреба.
Мислиш дека на јагнето би му направило разлика ако е убиено на лента па изедено или убиено на камен па изедено?
Уште неколку вакви постови фалат, што подраматично да се долови колку им е тешко и еве ќе сменам мислење, поточно ќе ми проработи емпатијата што очигледно ја немам. Како натпревар ви стана кој поубав пост ќе напише и кој има поголемо разбирање. Ве разбирам, тешко е да одолееш. Ај сега ти кажи ми дали вистина мислиш дека сме тука за да се правиме попаметни, поразумни и мислиме дека сме единствени што не веруваат во моќта на каменот па затоа сме малку посебни? Не веруваш ни ти, ама одлучуваш да мочлиш по твое мислење заради поддршка и не сакаш да одземаш надеж. Јас статистики гуглав за да покажам дека најголем дел ќе имаат деца само треба време. На таков начин јас давам надеж. На крај секој ќе си прави по свое ама во оваа тема ќе сум објективна затоа што ниту ти ниту јас ги знаеме приказните на сите па да ме убедуваш дека сите одат само во краен случај а не затоа што се шират верувањата и стануваат дел од секојдневие за сите можни проблеми што ги има човек.
Добро ај еве исти нека бидат чичко Милојко што бае по телефон и каменов во Св. Николе. Ете и да е исто пак мене не ми менува во штонда верувам во што не и никогаш нема да ги вреѓам тие што мислат дека тој човек ќе им помогне ако се јават. Нивни живот нивна работа, ќе пробам да им објаснам, но ако се упорни нема што да досаѓам да се убедувам како вие тука што правите.
Леле, леле... И после тие со спротивни ставово биле лоши и навредувале Баш како што викаш-човечност, осет, емпатија. Слободно почни од себе
Апсолутно. Јас сум за задолжителна посета на психолог за секој човек во државата. Сите треба на психолог да одиме. Апсолутно сите. Сакал бебе или не.
Оф се навреди ли? Ич немав таква намера, извини. Ај размисли што сакав да кажам, па дојди после глуми жртва тука и дели памет и совети таму каде што никој не ви ги бара. Ве разбирам... тешко е да одолееш и да ја покажеш својата супериорност, важност, памет, објективност и што уште не. Само... која е потребата за тоа токму во темава?
Баш како што кажав. Бираш дали ќе ја гледаш суровоста или не. Не ја менуваш, само ја заменуваш од една во друга.
Време? А кај некои што се на 25год веќе пред менопауза треба ли да остават на време? 0,09амх на 27години. Ако разбра воопшто што пишав. Од самиот доктор не е препорачливо да се чека на време, да се проба сега бидејќи само годините може да ја спасат ситуацијата. Држававата со оваа бројка не одобрува ваучер, туку те упатува да одиш со донирани јајце клетки. И викаш требаше на време да се остави се?