Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Народни и верски обичаи за забременување

Дискусија во 'Бременост' започната од Maya12, 2 мај 2019.

  1. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.048
    Пол:
    Женски
    Никого не убедувам, а тебе најмалку. Не си ласкај толку. Да сакав такво нешто, мислењето ќе беше дефинирано поинаку и ти ќе беше означена, евентуално цитирана. Се надоврзав на неколку мислења.

    Патем, се работи за членки кои ги читам и горе доле ги знам. Нема да напишам ништо што ќе ја направи нивната болка поголема. Апсолутно нема потреба да глумам разбирање, оти далеку од тоа дека разбирам што поминуваат, ама ти пак уште помалку.

    Да не глумиме лудило со банализации. Знаете сите дека сум атеист, а најмалку верувам во камења.

    Не покажавте разбирање за човек. Ама се фурате на животните. Таквата емпатија, која преминува во осуда, слободно задржи си ја за себе. Мене не ми прилега.

    И слободно продолжи да вадиш статистики за да им покажеш и докажеш нешто што веќе го знаат, го искусиле на своја кожа. Нешто што им е совршено јасно и доктор им го кажал.

    Јас одлучувам да премолчам, зашто ниту сум, а ниту сакам да бидам лицемерна. Да јадам месо и да ги учам моите деца на истото. Да дојдам тука и да глумам сожалување на кутрите животни. А со што придонесувам за да ги заштитам?

    На каменот еднаш се оди и толку? Во црква колку? Кои се ритуалите за истата, причесна, миса? Па молење на Бог постојано. Отишле еднаш на каменот и готово, неквалитетно искористено врме од половина час. Страшно.
     
    На orhideea, Bubce38, Alishan30 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Ако си атеист ама со голема емпатија за разлика од мене, зошто реметиш луѓе по теми за религија? Зошто ги убедуваш во нешто во што ти не веруваш, зошто воопшто се впушташ во дискусија? Ако е така, општо познато е и дека многу луѓе често после одредени проблеми спасот го бараат во религија. Тие луѓе не се за сочувство?
     
    На Herrera и Nausicaa им се допаѓа ова.
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Форум, дискусија, дебата.

    И ајде, што е тоа толку страшно што ви правиме тука? Што не веруваме во магичната моќ на каменот? Или тоа што сме против крвни жртви? Да, јас сум многу против. Некогаш жртвата бил човек, кој како што еволуирала свеста бил заменет со животно (теле, јагне, кокошка) кое понатаму било заменето со леаници и свеќи. Страшна одбивност имам кон курбан. Примитивно ми е, паганско ми е, сурово ми е. Човештвото на Месечината стигна, на Марс прати сонда ама ние во Македонија уште поднесуваме крвни жртви. Супер.
     
    На candy.cane, Amellie13, Anomis11 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Не да чекаш со скрстени раце туку терапии, пробување и време.
     
    На violetblue и Herrera им се допаѓа ова.
  5. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.048
    Пол:
    Женски
    Ти не знаеш да мериш на кантар. Што и да сум напишала на тема религија, сигурно не било реметење. Најмалку осуда. Уште помалку пак сум водела дискусија со членови од оваа категорија. Има разлика. А најголемата разлика е во тоа што јас сум атеист, не антитеист.

    Ги бирам зборовите колку можам. Знам кога е време да престанам. Гледам да бидам умерена, што не значи дека секогаш сум.

    Но темата овде, сум најмалку јас. Али тоа е, кога се нема други аргументи на пишаното.
     
    На Rama и Kate Rina 93 им се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.900
    Допаѓања:
    177.148
    Пол:
    Женски
    Не ја заменуваш, туку ја селектираш. Онаа што ќе се одлучиш да ја видиш и да ти е битна и онаа која ќе ја оставиш во сенка.
    Сите тоа го праиме. Луѓе, безгрешен нема. Се додека човек не се изолира сам на планина, се храни само со овошки кои сам ги посеал и се бања во најблиската река, без користење сапунче, едноставно не може да збори дека е подобар од некој друг.

    Во центар на град ќе изберам да бидам веган, ама и самата ќе одам да купам конзерви за мачор од месо. И ќе замижам пред фактот оти не можам да го хранам него само со брокули.

    Селективно е, и двојни аршини се и сите ги праиме. Само што некои ги гледаат истите само во другите, а не и во себе.
     
    На ivi1987, candy.cane, Harper и 7 други им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Апсолутно. Тоа и ми беше поентата. Нема круелти-фри начин на живот. Ама тоа не е темата.
    И јас се мислам да станам веган, сѐ потешко ми е јадењето месо, ама нема да се преправам дека тоа ќе ме направи круелти фри.
    Небитно, тоа не е темата.
     
    На Rama и Yowannty им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.014
    Допаѓања:
    268.430
    Како да ја видам?

    Ги гледам конфекциите кај нас, ги гледам јагнињата кај нас, затоа што е скроз нормално да гледаш "дома".

    Свесно и намерно колење, не е ни приближно што и да речеме, купување fast fashion, ете нешто за што не бев баш информирана, но ме информираа, и следното мое купување ќе биде под влијание на тие информации.

    Совршена не сум, правам грешки, но никогаш свесно, намерно и со умисла.
     
    На candy.cane, Purplelilac и violetblue им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    И јас исто мислам за себе, дека не реметам и не судам, ама ако си пребараме во мислењата сигурна сум дека ќе излезе поинаку, среќа немам ни време ни намера. Последната болдирана реченица, не си водела дискусија со членови од оваа категорија? Секој си ги има напишано проблемите во потпис, сите стравови, фобии, болести...па ти заклучи дека никој од твоите зборови не се најде погоден?
     
    На Purplelilac, CameliaMiller, Herrera и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.153
    Допаѓања:
    13.517
    Пол:
    Женски
    Никој не исклучил и терапии и пробувања за тоа време.
    Барем од тие што ги знам од вештачко.
    А негде, некаде може и постои таков, но на темава не.
     
    На Rama и Kate Rina 93 им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.114
    Допаѓања:
    163.680
    Пол:
    Женски
    Не. Обичаи за мене си се обичаи, и народни и верски.
    Со огромен дијапазон човечки проблеми што ги сметам за сериозни (меѓу кои и неплодност) сочувствувам, за ниеден не ги сметам за решение.
    Со среќа нека им е на сите и да им се исполни желбата што побрзо, дали после одење у манастири, камења или било што. Јас нема да поверувам дека токму тоа било причината за бременоста, но тоа си е мое право. Жал ми е што сме толку погрешно разберени, но потполно чиста ми е совеста дека никого не навредив и немав лоша намера, ниту ниедно мислење што го лајкнав на други.
    Ако ништо друго не влијае темава, барем за курбанот конкретно малку од малку нека се помисли, згрози и откаже некој - па буквално ништо и никого да не повредуваат во своите пракси. Најскромно се надевам барем тоа.
     
    На candy.cane, Amellie13, Purplelilac и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.900
    Допаѓања:
    177.148
    Пол:
    Женски
    Знам, се сложувам и само се надоврзав.

    Веган не знам, за вегетаријанец размислувам. Недела дена имав грижа на совест што јадев јагне за Велигден. Жал ми е многу, ама...

    Не можам да распнам жена на крст, што во својата најголема мака дала курбан јагне, а јас поради свој луксуз користам шминка. Разлика меѓу тоа јагне и тој хрчак ми нема.
     
    На Rama, Lianna Anna, ocicka2014 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Јасно. Значи не сметаш дека верата, па и суеверието е право на секој човек?
     
    На Rama и Kate Rina 93 им се допаѓа ова.
  14. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.048
    Пол:
    Женски
    Далеку од тоа Бриџит. Многу е веројатно да се случило. Кажав и погоре. Тука знам со кого е дискусијата, оти ги читам конкретните членки на конкретни теми, не потписите. Нив не ги ни гледам. Увек пишувам од телефон. Но ако сакаш да си збориме за мене, дојди ми на кафе. :D Оти тука немам намера да продолжам. Друга е темата.
     
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.283
    Некои частат кафе во студентска кафетерија за положен испит, други спремаат трпези(и со меса:D) за слави, на трети на свадба свинче со јаболкце им печат, четврти како симболично место одбираат камен и колат јагне.
    За тие месишта по слави и свадби не ви е жал?
    Кога се канат гости и се спрема мени/трпези за тоа животонче што ќе го заколат не ви е жал?
    Оти нели, да исполнат ваши барања за да де наранат икс број на гости треба да колат.
    Ама едниво е курбан, другово не е.

    Ни жените со сатарот дремат над камен и со една рака врат држат а со друга колат ни вие.
    Пасивни страни се и двете. На вагата се исти.
     
    На SexiLy, orhideea, Lolipop23 и 13 други им се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.114
    Допаѓања:
    163.680
    Пол:
    Женски
    Право се, а подеднакво право е и да се критикуваат и негираат истите.
     
    На Purplelilac, Rama, Tan4ence и 3 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Искрено, најмал проблем е јагнето кое го колат.
    Друго е загрижувачко.
    'Хранењето' на опсесијата, неможноста да се соочиме со реалноста која ни шлака шамари.

    Сите психички и емотивни проблеми произлегуваат од 'стресот' при соочувањето со реалноста.

    При тешки медицински проблеми, обавезно треба да има психолог и психијатар кој ќе ја следи ситуацијата, и кој ќе им помага на пациентите да се изборат со сите сопки во секојдневието.

    Ако сме емпатични, ќе им речеме да побараат помош... стручна помош, а не да ги храбриме во делузијата.
     
    На ivi1987, candy.cane, Alishan30 и 9 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.014
    Допаѓања:
    268.430
    Пак е јагнето - отпосле.
    Значи за да колат јагне, прво дете треба да родат.

    Да, лажењето на сами себе Е проблематично - многу, ама не ме чуди оти ако речеш дека си бил кај бабата во Кадино *карикирам - луѓето "ти ја сфаќаат маката", ама ако појдеш на психијатар "забегала оваа јаловата" е муабетот.

    После јас сурова... мхм, да.

    Оти утре некој дете ќе лечи нели со молитви, ај ќе го разбереме, негово си е. Границата меѓу очајот и налудничавоста е тенка, а кога некој ќе ја пројде, одма сите после војна генерали, сите знаат подобро... ама ајде.

    Оти сега сум сурова нели, што им викам да си ги приберат мислите и на сериозно советување да одат, а кога некоја - далеку било - ќе направи некоја глупост, тогаш одма ќе биде како никој не видел.





    Јас светец не сум.
    Совршена не сум.
    И не се ни правам, за разлика од многу широкогради, осеЌајни, итн.

    Не.
    Нас како единствени суштества со свест, треба да ни прави.

    Во многу поширока дискусија од оваа, тука сепак се фокусираме на одредена една работа - а тоа е чинот, мислата, однесувањето кое го или не го поддржуваме, како курбанот на пример.
     
    Последна измена од модератор: 8 мај 2019
    На ivi1987, candy.cane, Amellie13 и 9 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Успешно ги 'избркавме' од темава, сите кои се борат со неплодност, и сакаа да одат на каменот...

    Не знам дали е добро, или лошо тоа... :?:
     
    На naturallmess и candy.cane им се допаѓа ова.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Oх.
    Како и да го ставиш, животните се жртви за човечка удобност.
    Жртви за вакцини. Жртви за апчињата што ги испив утрово.
    Жртви за козметика. Жртви за миленици. Помалото зло е кучето да нема болви? Од сите тие животинки во лабораторија? Не ме смеј. Тебе ти е поудобно.
    Жртви за да се нахраниш.
    Овде на каменов, веројатно ги јадат. Не ги спалуваат или оставаат да скапаат за каменот да ги изеде. Тоа го прави исто ко било која друга гозба.
    Курбан го викаат, па името некако страшно звучи. А всушност не е посурово од се' друго што човекот жртвува за своја удобност. Да не се лажеме дека секогаш е за потреба.
     
    На SexiLy, orhideea, ivi1987 и 15 други им се допаѓа ова.