Не знам за нив, не ги познавам. Ама една што ја знам, прв пат на гинеколог отиде на пораѓај. Е сега... сите баби ги виде. Вртеа матки, читаа, чатеа... свашта. Среќа никого не повреди освен што сама себе се залажуваше, и уште поголема среќа што немаше вистински проблем, оти ќе губеше драгоцено време залудно. Не е, ниту се залажувам дека е. Само мислам дека претерано ќе заминеме оф топик ако почнам да зборувам за се' што полека нели се просветлувам Од непотребно тестирање за лекови, до мода, носење животински производи итн. Само сепак, за конкретнава дискусија, за конкретнава ситуација, сметам дека има разлика меѓу џелатот (егзекуторот) кој ја работи работата што е прифатена како норма (без да навлегувам во исправноста) и личното смислување и спроведување на чин кој сам по себе е грозоморен. И на крајот, не гледам ништо лошо во тоа сите да се однесуваме хумано, макар малкуцка. Ниту ти, ниту јас, не можеме да го смениме цел свет. Себе можеме.
Не. Емпатични ке бидеме кога ке им ја препознаеме и сфатиме маката што ја имаат, кога сочувствуваме и ги разбираме туѓите емоции, страдања и чувства,не треба ни да советуваме ни да храбриме,ништо од тоа.
Тетка ми се бореше со неплодност 15 години. Како денес памтам, седевме кај неа на кревет, имав 13 години, и праевме муабет за тоа дека не може да забремени. Веруваше во бајачи, свети места, гатачи, и ги посетуваше редовно. Тој ден, ми кажа дека еден доктор и' препорачал да прима 'некои инекции'. Во зачеток беше медицината за стимулирање на овулации, ин-витро не ни постоеше кај нас.. сеуште. Ми кажа дека инекциите биле многу скапи, и дека не им се исплатело да ги купи. Јас, дете.. знам дека и' реков: Па позајми од мама и од дедо, ко ќе имате, ќе им вратите. 'Нормално' дека советот од 13 годишно дете, не го прифати . После тоа следеа уште 10 години борба, за на крај да забремени со помош на медицината... А во ни еден момент не престана да посетува надрилекари. Еднаш.. откако се роди братучед ми, ми рече дека требало да ме послуша кога сум ја советувала да ги земе инекциите... После повеќе од деценија, и таа сеуште се сеќаваше на муабетот кој го праевме тој ден кај нејзе... Жал ми беше да ја гледам дека очајува, жал ми беше да ја гледам како страда, ама не и' реков 'не верувај во тие работи'.. не знам дали згрешив... Само знам дека ми беше жал.
Не би рекла. Ако некој од очај, мака, размислува да си го одземе животот, треба да се обидеме да го премислиме или да го разбереме? Навистина ти е тешко, убиј се? Не, не.
Не си во право. Страдам од депресија скоро цел мој живот.. и знам колку вреди правилно насочување и храбрење да посетам психијатар.
За јагнето не, ама за извршителот би требало да прави разлика од едниот чин до другиот, кога веќе постои емпатија нели.
Од Народни верувања и толкувачи на сонови мене на крај од бременоста ми се качи притисокот,и од тоа се породив пред време. Не си играјте жени освен медицината нема друга помош.
Не за забременување, туку за анксиозноста и депресијата, ко дете, ме носеа на бајачи. Шубе ми беше од се'. Кога бев ептен мала, страв ми беше од бајачките. Една имаше, што им кажа на моите, дека требало пред изгрејсонце да ме избањаат во некоја река.. Не памтам ни кај беше реката, ама памтам дека ме однесоа, и ме соблекоа и ме избањаа, во течна вода.. мраз ладна... Каков стрес е тоа за дете од 6-7 години... Ама јеби га друже судија.. дете бев, и сигурна дека моите родители знаат се'.
@WildMk @CameliaMiller И тоа нема врска со темава тука. Жениве тука се со долгогодишно континуирано лечење со конвенционална медицина,не одат на бајачи и надрилекари туку по гинеколози. Значи одат кај што треба ,нит се неуки, нит се лечат со алтернативи за кои зборувате,ја ширите темава беспотребно. Ако им е сламка надеж каменов,икона,манастир,амајлија и незнам што друго ,имаат право да мислат дека ке им помогне,без разлика колку е реално вистина или не.
Точно, одат на лекар, се разочаруваат, па одат на бајач или на камен.. Не. Измеѓу треба да се научат да се носат со неуспехот. Не мислам дека се прости и необразовани, туку дека си ја одржуваат делузијата во живот. Ако некој слуша гласови, ќе му речеш да си попрај муабет со нив, или ќе го однесиш на психијатар? Псхички и емотивни проблеми, не се решаваат со привикување духови (карикирам).
Разликата е - во едниот случај гледаш суровост па јадеш, а во другиот замижуваш пред суровоста па јадеш. И некако си се чувствуваш супериорен над другиов што ја видел суровоста зад твојата пица. Ти одбиваш да мислиш на колењето кога јадеш месо или на тортурата по фарми кога пиеш јогурт, па тоа те прави поемпатичен. Само во своите очи, ама.
Интересно како на темава се јавија ликови полни разбирање и поддршка, истите тие кои ги читаме во темата Бајачи, како се исмејуваат и тролаат луѓе, секој со свој проблем, кои бараат спас во исцелители, бабици, свети води, свети места. Во што е разликата меѓу едните и другите, меѓу една мака и друга. Едните ќе ги оправдуваме а другиве ќе ги сметаме за психички оболели и лабилни. Лицемерно.
Се сеќавам кога бев помала носеа јагниња по манастирите. За здравје. Си имаа “таксано” при некои болести, посебно на деца. Ги колеа и се даваше трпеза во кругот на манастирот за празникот. Верувам многу жени така го сфатиле тоа.
Не ,тие цело време се борат со неплодност,и понатаму борбата им продолжува по лекари,нема зошто да прифаќаат неуспех се додека можат да родат ,ке пробуваат.Борбата им продолжува. Не мешај психички проблеми со овие со неплодност,не е исто.
Како на хорор Јас кога имав напади на паника ме тераа да одам цркви да отварам па са спијам во една во Куманово,среќа не прифатив преку ноќ прекинаа иначе тоа беше хорор. Бев само еднаш кај една жена со татко ми пред да останам бремена е сега да кажам дека од кај неа сум останала бремена ќе биде глупост. Туку ете така се погодило. А ова со сонот страшна работа беше колку паника ме фати што кога се пораѓав цела болница во вис ја кренав. Сите ме знаат,една сум така што викала сите да ја разберат. Се кажува ли на трудна жена дека ќе и се случи нешто. Да не бидам погрешно сватена не одев нигде јас ниту сонував туку друга особа па ми беше рекла јави се да те заштити оти лошо ќе ти се случи. Како бе преку телефон да ме заштити?
Па не баш. Одат на лекар, се разочаруваат, се носат со неуспехот, пак одат на лекар ама успат пробаат и нешто друго. Не се откажуваат од лекарот за да одат по бајачи.
Во смисла на православно христијанство, погрешно сфатиле. Еве има доста луѓе кои се добро упатени во православието, ми текнува на @Orthophill , @Petra777 , сигурно и други има. Ако не се лажам, ставот на црквата е против "таксање", "жртвување" итн. Е сега ако некој поп си тера своја политика, тоа е друго. Не верувам дека овој обичај има допирна точка со религија, мислам само дека од надеж и очај веќе не размислуваат трезвено. Не само за јагнето, општо, од качување по камења, до "превртени" матки кај бајачки, пиење разно-разни "лекови" од баби... итн. Од се' што се прави, веројатно е ова најекстремното што сум го чула, иначе има ептен многу суеверие околу забременувањето.
И двете се согласувате дека борбата со неплодност, предизвикува емотивни проблеми. Не знам што е страшно да се признае дека постојат тие емотивни проблеми и да се побара стручна помош?
Сурово е и во двата случаи, обожавам животни и во исто време се мразам што конзумирам месо. Не знам како можете да го изедначувате едното со другото, кога позадината е тотално различна. Месојадите јадат месо јер така налага природата, ланчаната исхрана, човекот на врвот, останатите живи суштества се под него. Природата не налага да трампаш душа за душа, да земеш туѓа душа да ја наречеш за своја корист. Примитивен и одвратен чин е, а уште попримитивно е да веруваш во ефектот од истото трампање.