Неплодноста води кон депресија, почесто него поретко. Не само неплодноста, ама за неа тука зборуваме.
Не е страшно, напротив, неопходно е. На милиони теми сум рекла, нема да се повратам пак. Јас би секој да има задолжителен матичен психолог, со задолжителни повремени посети.
@CameliaMiller погрешно е тоа што не му годи на човек. Секој си избира сопствени начини да надмине сопствени проблеми или да се чуствува подобро. Кои сме ние да кажуваме што му годи а што не на другиот? И од каде знаеме дали побарале или дали посетуваат друг вид на стручна помош.
Имам видено како ставаат глава од јагне во темелот на куќата при изградба на истата. Имам видено како ставаат глава од јагне, во гроб, заедно со покојникот. Трауматични глетки се тоа. Никогаш нема да изедначам месојад, со човек кој свесно, за сопствена, возвишена корист ги прави работите од погоре.
Моите кога ја правеа куќата ставија глава од јагне во темелите, на местото, каде што денес е прагот на куќата. То беше фешта. Се тураат темели во еден ден. Пошто се суши циментото, и не можеш да ги тураш на 3 пати, 5 пати. Во тоа време се викаа на помош луѓе кои ти се роднини и пријатели. Едно 40-50 мажи беа собрани, мајка ми, баба ми, јас и брат ми. Јагнето не памтам кој го закла. Потоа со телото се врти по темелите и се 'цеди крв' од него во нив, а кај прагот се става главата од јагнето. Ги турија темелите, после јагнето го изедоа... печено. минус глава ама исто, сум гледала и прасе како колат. За јадење, не за обред... Постршно ми беше прасето, оти пиштеше ко дете
За сите кои што зборувате дека сето ова е "од Бога" и цркви и манастири и што да е, ово ви неколку цитати подолу од Светото Писмо. Можам до утре да лепам, до толку е обрнато внимание на ветувања, гатања, пророци, гатачи, вражачи, ватевр. Па и тие "свештеници" што примаат жртви да земе човек да ги затвори во една соба ден и ноќ да читаат од Словото, да се потсетат за што ја носат мантијата. Ако веќе одам надвор од лекарската можност, мојата надеж е во Господа. Зборува жена која изоде трнлив пад за да дојде до потомство. Човек во маката се' ќе проба, ама верник е. Не. Кој е верник надежта му е во Господа, а не во грешен човек. Не зборувам за неверници и агностици, да не ме тагнувате за такви изјави. Еремија 17:7 (MK2006) Благословен е човекот кој се надева на Господ, и кому надежта Му е Господ. Матеј 24:11 (MK2006) многу лажни пророци ќе се појават и ќе прелажат мнозина; 2 Петар 2:1 (MK2006) А во народот имаше и лажни пророци, како што и меѓу вас ќе има лажни учители, кои ќе внесат погубни ереси и, откако се одречат од Господ, Кој ги откупил, ќе навлечат врз себеси брза погибел. Осија 10:4 (MK2006) Зборуваат, даваат лажни завети, склучуваат сојузи; правдата се претворила во неправда и расте по браздите на нивните ниви. 1 Јован 4:1 (MK2006) Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку проверувајте ги духовите: дали се од Бога, бидејќи многу лажни пророци се јавија во светот. Прво Петрово Но, по примерот на Светиот, Кој ве повика, и вие самите бидете свети во сите ваши постапки. 16Зашто напишано е: „Бидете свети, бидејќи Јас сум свет.“ 17Ако Го нарекувате Отец Оној, Кој непристрасно секому му суди според делата, тогаш поминувајте го времето на својот живот во страхопочит, 18знаејќи дека со пропадливо сребро или злато не сте искупени од суетниот живот, кој ви се предаде од татковците ваши, 19туку со скапоцената крв на непорочното и чисто Јагне – Христос, 20Кој беше предназначен уште пред создавањето на светот, а се јави во последно време заради вас, 21кои преку Него поверувавте во Бога, Кој Го воскресна од мртвите и Му даде слава, та верата ваша и надежта да ви бидат во Бога.
Абе сигурно не ви е исто да гледате човек како јаде копанче за ручек и друг човек да гледате како до смрт тепа невино маче, ако веќе збориме за жртвувањето и моралот.
Жениве тепаат ли јагниња, со сатарот по нивите ли ги бркаат. Нивното е баш истото со напето, пасивност лоја ја пракѕокуваме секој ден. Од каде тепање до смрт на невино маче, онака, од ќеиф ваљда, во мубетов го вметна?
Никој не го рече тоа. Црквата треба да си реагира против вакви практики, да ги поучува верниците. Само во многу случаи се обидуваат да одвратат жени од инвитро, така што не знам колку е паметно да се мешаат овде. Го изедначувам затоа што во двата случаи јагнето подеднакво страда. Чинот ти е одвратен само затоа што е на камен. А целта е иста - јагнето се убива и се јаде. Некако избегнуваш да видиш дека за јадење е отепано и овде. Ако има некој вистински веган што стварно не повредува животни да се вклучи во дискусијава, веројатно подобро би ти објаснил. И би ти кажал дека ти што јадеш месо и млеко си подеднакво сурова кон животните. Паган или ти и јас, нема разлика. За нив е исто - животното страда. Како е направено е најмалиот проблем.
Да истураш фрустрации, изливи на бес и да користиш насилство за забава ставаш на исто ниво со другово? Браво за компарацијава. Мене не ми текна.
Нека не е изливи на бес. Нека е славење. Ама цело време се зборува дека едново било океј, едново не, нели секако животното страда.
@LivingGlam да, некој верува во каменот, тој што така одлучил. За јагнињата да не зборувам ич. Зборувам за изедначувањето на сево ова погоре набројано и молитва. Јас само поучив од верски аспект, ништо лошо и против никого не кажав.
Не вртат чочек околу јагнето. Го колат и го јадат. НЕ знам за како си го замислуваш славењето. Животно е. Ќе се заколе и ќе се изеде.
Не знам зошто проблемов се сведе на јагнето? Не знам ни зошто се сведе на каменот? Мал милион примери има за натприродни обиди, за решавање на природни проблеми.