Тоа што се бориме со неплодност не значи дека имаме психички проблеми. Ние не пробуваме да се самоубиеме од неуспех, баш напротив сме набилдани со нерви и кондиција каква што не можеш ни да замислиш. И не разбирам што ќе ни помогне психологот, ќе не убеди дека медицината дигнала раце од нас за наше добро ?
Зборувам за тоа што го гледам, и како и за секоја можна тема, го кажувам сопственото мислење, кое пак, можам да го поткрепам со јасни и лесно проверливи аргументи. Тоа околу стручна психолошка помош, наспроти баење, чатење, било какви надрилекарства и верувања. Околу делот со црквата, ниту една единствена религија не можеш произволно да си ја толкуваш, како ти чини. Црквата во овој случај наредува што смее, а што не смее, ако себе се сметаш за верник, секако. Не јас. Јас сум само атеист, добро запознаен со православието. Но експерт не сум, затоа и означив луѓе кои уште подобро знаат. Но, колку што јас сум информирана, убивање на животно за благодарност, е скроз надвор од Новиот Завет и МПЦ строго го забранува. Како ќе знаеш, ако не одиш? Што има лошо во одење на психолог/психијатар? До сега заклучивме дека се борите, имате голема мака, а во такви случаеви (независно од природата) треба да се посетува стручно лице.
Имате психички проблеми. Не е ни чудно, ни страшно, ни смешно... Секоја голема животна борба прави емотивни и психички проблеми. На запад по дифолт имаат консултации со психолози и психијатри луѓето кои проаѓаат низ трауми. А неплодноста и борбата со нејзе, е траума. Не го гледам тоа како навреда.
Одењето на бајач може некој да те лаже, да те убедува да сториш нешто, да те наведува дека некој ти сторил нешто, да ти зеде парите но и сосема друг вид на придобивка. За видовите на манипулација под кои може да подпадне едно лице, псоебно кое е во осетлива состојба да не продолжувам. А ако некој решил со најблиските да се собере на неекој камен, па и на свеж воздух ако е, па и ручек да истераат...сеедно дали јас ќе го сторам истото или не, гледам само дека него му годи и ок. 3 попа да праша човек сите тројца различно ќе ти кажат. Да не грешам душа ама нема да ме изненади и он да се скрсти да лапне од јагнето. Толку на таа тема.
Не е отепано за иста цел и поради тоа не може да се гледа со исти очи, ниту пак извршителите да се сметаат за едно исто. Самото име курбан, има значење - жртва, принос, подарок за наклон на виша сила. Неделен семеен ручек со месо на трпезата не е курбан. Од демек современи, млади луѓе, стигнавме до оправдување на курбанот, кој е праисториски чин, кој добива свој простор и денес, и покрај еволуција на свеста и едукација божем. Напредок да ти немало никаков, само привиден бил.
Дали ако постои верба да е жртвата куче/маче/папагалче/морско прасе, исто нема да се згрозувате? За нас е непоимливо јадење на мачки и кучиња, ама има луѓе по светов кои ги јадат... живот е живот.
Абе не знам што очекувате вие? До пред 500 години, луѓе се жртвувале за курбан. 500 години во еволуцијата, се ништо.
Ни јас психолозите не ги гледам како навреда. Баш напротив сметам дека е подобро да посетиш психолог отколку во комшии на кафе. Ама, не се согласувам дека имаме психички проблеми. Еве можеби не знам, што точно мислиш дека ни е проблемот?
Затоа и реков. Попот не е мерка знаење за православие, човек си е, со сите маани човечки. Новиот Завет си е баш јасен за оние кои се сметаат за верници. Депресија, анксиозност се само дел. Не значи сите. Ама многу да. Не ми е јасно зошто ти е тоа чудно.
Очајувањето, разочарувањето, тагата, месец-за месец.. година-за година... си го зема данокот. Не мислам дека сте луди, туку дека страдате, и ви го разбирам страдањето, и сакам да ви биде полесно да се носите со 'уште еден негативен тест', ако се повтори.
Ама ако некој се чуствува подобро ако отиде овој масец до некој манастир, друг месец до некој извор, трет до некој камен, вика дека тоа го смирува или исполнува, дека му помага на некој начин, толку ли е тешко да се поверува во истото?
Не. Знам дека веруваат. Тешко ми е да прифатам дека во 21 век некој сѐ уште верува во натприродни работи.
Верувам дека им носи мир, ама им ја храни делузијата. Се знаат кои се фазите на пребродување на загуба. Одење на камен, не е една од нив.
И се јавувам на мајка ми пред некој ден. Кај сте? Еве на курбан. Курбан? Абе кај Ѓоко. На братучед ми Ѓоко на сам ден Ѓурѓовден му откриле дека доктор после операција му заборавил газа во стомак. За малку ќе го испуштеле. Неговите купат јагне, и убиено и заколено, па и испечено. И го викаат курбан. Ги соберат најблиските на ручек. Нема разлика, сосема исто е со оној каменот. Само што немаат камен тие. Т.е. не е исто. Тие секоја година ги собираат роднините на ручек, за именденот на братучед ми. Овие со каменот само еднаш.
Човек може да се чуствува смирено, опуштено, во хармонија со сам себе и со околината под ќебе, може и под дрво. Секој за себе. @WildMk добро што им кажа што им носи мир. Сигурно они помалку знаат, па чекаа да им кажеме како да се справат со сопствената болка.
Даничап, се забеаваш така? А како делува тоа што ќе одат на камен и после тоа нема резултат, уште година-две- пет-десет? Разочарување од медицината, разочарување од каменот, од бабата во она село... А соочување и пребродување на траумата кај е? Кој дел од ова се грижи за менталното здравје? Кој?? Само влегуваат подлабоко, и подлабоко и подлабоко...
Дали упорно ќе го игнорираме фактот дека луѓето не секогаш го прават тоа што е навистина добро, посебно кога се во тешка состојба? Не зборуваме за пикници и лежење на плажа, туку за обид за решавање на проблем. Не е исто.