Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Народни и верски обичаи за забременување

Дискусија во 'Бременост' започната од Maya12, 2 мај 2019.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.350
    Допаѓања:
    286.196
    Сериозна сум.
    Оставам секој сам за себе да си одбере начин на кој ќе тагува, ќе надминува тага и ќе зајакнува. Не е едноставен процес, сеедно за каков проблем станува збор или за која сфера од животот, но секој мора сам за себе да реши.
    Секој мора да го најде вистинското за себе, макар и да грешел на патот до пронаоѓањето на истото.

    Ниту ги знаеш ниту знаеш како се чуствуваат па да кажеш дека подлабоко влегувале некаде.
    Ако некој вика дека се чуствува подобро и му помага...ете, јас одлучувам да му верувам наместо да му викам дека не е така.
     
    На SexiLy, orhideea, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.890
    Допаѓања:
    177.072
    Пол:
    Женски
    Ама зошто упорно тераш “да се прифати неуспех” и “ соочување со загуба” ?!

    Тамам работа на тој начин да гледаат во таа ситуација. Тие се ќе направат за да дојдат до успех, и која делузија патем им се храни? Тоа што сакаат да веруваат дека еден ден и тие ќе станат родители и што последната надеж им е во тој црн камен откако 15 години поминале низ сито и решето?!

    Откако веќе ќе се помират може да посетуваат психијатри и психолози, а исто и нивна работа е кога ќе се помират со ситуацијата, и на кој начин, некој ете и во црква ќе си најде мир, без разлика нас колку смешно и несфатливо ни звучи.
     
    На SexiLy, happygirl, Lolipop23 и 13 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    ај вака: Оди на камен и не забременува, уште 10 години борба следи, и разочарувања (пример)
    Како си помогнале?
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Ова е скроз точно, се согласувам. Напредок нема никаков. Човекот е подеднакво суров ко отсекогаш. Привиден напредок има, зашто сме убедени дека некако многу сме добри и возвишени. Меурчето, де. Видиш како се согласивме?

    Во врска со психолошка поддршка, и тоа како е потребна. За секоја една што се соочува со овој проблем. Треба разговори со психолог.
    Кога веќе споредувавме кои се најголеми маки, има истражување дека нивото на стрес кај овие жени е еднакво со тоа на пациенти со терминален канцер. Ако ви треба ќе го разбарам линкчето пак. Единствено хронично болни имаат поголеми стапки на стрес.
    Така што, и тоа како е потребен психотерапевт за справување со тешкотијата.
     
    На Alita, Rama, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Пред некој месец имаше скандал нели, со секташите кои разпнаа маче во насликан пентаграм, пред црква.
    Се крена целата јавност со осуди, обвиненија, се отвори потрага по сторителите, се спремаа кривични.
    На форумов, летаа клетви, жалови и претњи. Зошто? Заради курбанот, нехуманиот чин.
    И тоа е вид курбан, принесување на жртва на виша сила.

    Kаде бевте тогаш да пружите поддршка, вие толку емпатични ?
    Кривична пријава за разпнување на маче во пентаграм, а воспевање, емпатија и поддршка за убивање на јагне на камен, пак заради виша сила ?

    Лицемерие, чудо едно.
     
    На Someonespecial, Asparagus, Purplelilac и 3 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Секој негативен тест е загуба и неуспех.
    Секој засебно е траума за себе.
    Не една, десетици поднесуваат трауми и загуби.

    Секој месец!
     
    На Alishan30 и Alita им се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.350
    Допаѓања:
    286.196
    Ама они одат по доктори. Еден куп специјалисти. Сега зборуваме за она што им помага на емотивна база, психички...
    Ете, некој може посмирен ќе биде кај каменот може одколку да лута од врата на врата до вистиснкиот психолог.
     
    На SexiLy, Alishan30, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Ана на мама

    Ана на мама Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    1.821
    Пол:
    Женски
    Далеку од луди, мислам дека на ист јазик зборуваме и немаш потреба од дообјаснување.
    Не би го нарекла очај, посоодветно ми е борбеност. Очајните луѓе паѓаат во кризи во депресии и најчесто дигаат раце од се', отвори ја темата во вештачко ќе видиш. Секогаш нешто пребаруваме, секогаш нешто се надоградуваме, резимираме, разменуваме. Сите кои сме во постапки немаме време за очајување зошто ниедна од нас не дигнала раце и ниедна од нас не мисли дека ќе остане без дете.
    Според мене психолог треба за оние кои ќе се помират со тоа дека нема да имаат деца.
     
    На SexiLy, orhideea, Emy867 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.350
    Допаѓања:
    286.196
    Сите овие жени одат по доктори. ЈАс не знам такви примери кои 10 години не одат на доктор туку на камен дремат па не би коментирала за нив.
     
    На SexiLy, orhideea, Emy867 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.997
    Допаѓања:
    268.137
    Ок, ова нема да го сфатам сериозно.
    Најискрено. Затоа што знам дека конкретно ти знаеш многу подобро од ова.
     
    На Purplelilac и Alita им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.350
    Допаѓања:
    286.196
    Тешко ти е да сфатиш дека за некој може една ливада, една сенка под некое дрво или некоја карпа ќе има смирувачко дејство и им дава надеж?

    Мене еве не ми е.
     
    На SexiLy, orhideea, Biljarkata и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.890
    Допаѓања:
    177.072
    Пол:
    Женски
    Ама затоа и по 5, 10, 15 години минати саати и саати на терапии, боцкања, чуда и врагови по болници оти баш се носат со тој неуспех и со тие трауми.
     
    На Rama, fana и Martka им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Не реков дека не одат на доктор, реков дека паралелно доживуваат разочарување, и од доктори, и од камења и од баби.
    Секое разочарување е траума..

    аманте бе луѓе, не знам дали толку не знам да објаснам шо кажвам.

    Шо и да речите, ќе стојам зад тоа, дека луѓе со тешки медицински проблеми мора да разговараат со стручни лица, значи мора

    Точно!
    Тоа зборам!

    Од секаде разочарувања, а никаде помош за менталното здравје
     
    На Someonespecial, Alishan30, Purplelilac и 3 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.997
    Допаѓања:
    268.137
    Не. Точно знаеш што зборувам, само не знам зошто ги извртуваш зборовите.
    Релаксација може кај сака да бара, ама “лек“, “чаре“, “помош“, “утеха“... се знае каде се бара. Исклучиво каде.
     
    На Someonespecial, Purplelilac, Alita и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    проблем е стигмата кон психичките болести и барањето стручна помош

    Кој шо сака нека речи, и кој шо сака нека прај...
    Сепак, нивно здравје е во прашање.
     
    На Alishan30, Alita и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Да, лицемерие е.
    Исто ко твоето веспевање и емпатија кон убиеното јагне, после постирани батачиња во Фемина Инстаграм.

    Или ох, тоа не е исто. Заборавив... тоа што сами го правиме секогаш си го оправдуваме. Тоа не е лицемерие.
    Кога ќе станеш 100% веган (не само за храна), ќе ти има смисла постот.
    И еднакво ќе си лута и на ручекот со пилешки батаци и на јагнето заклано на каменот.

    Дотогаш...
     
    На happygirl, Lolipop23, orhideea и 6 други им се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.350
    Допаѓања:
    286.196
    А јас пак ќе речам дека ниту знаеш дали разговараат, ниту знаеш дали имале позитивно/негативно искуство со истите, ниту знаеш дали воопшто им треба тој начин за надминуавање на состојбата во која се наоѓа некој.
    И на крај, капак на се, суровата реалност за нашето здравство, посебно во малите места.

    @CameliaMiller дали после икс години борба дали исклучиво ќе премине во И не можам да кажам бидејќи не сум им во чевлите. Ама ако решиле, ок.
     
    На buba4e89, Rama и fana им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    А кој начин им треба Дани?

    Оти ти читаш книги за како да збораш со децата, а сега, наеднаш.. не веруваш во 'моќта' на знаењето и науката?
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Грижа за ментално здравје вклучува и таа клупа.
    Ако не беше потребна активна грижа за зачувување на менталното здравје сите ќе се затворевме во 4 ѕида без ништо, ќе отидевме еднаш неделно на психолог и сѐ ќе ни беше светло и весело.
    Не за џабе пропратен сајдефект на депресијата неретко е она затварање во 4 ѕида и неправење ништо.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.350
    Допаѓања:
    286.196
    Никаде, ама апсолутно никаде не реков дека не верувам во моќта на знаење и наука.
    И јас се соочува со здравствени проблеми на дете па го мкнам по болници, не по бајачки.
    Ние сме целосни анонимуси од интернет и очекуваш да го знаеме она вистинското за друг, сосема непознат лик, исто од интернет?
    ЈАс не очекувам. Само велам дека добро е што одат по лекари. За се друго....не осудувам.
     
    На orhideea, Annath, Biljarkata и 5 други им се допаѓа ова.