Сега ми текна дека и во нашиоѕ град има. И тоа колат повеќе јагниња во манастирот и потоа прават јадење од нив некоја манџа. Исто во друго село знам дека золвата си имаше таксано јагне во една црква и не ја вратија нормално дека го земаа. Ова прв пат од тебе слушам дека црквите се против курбан.
Да не го оптеретуваме форумов со друга тема, прочитај за најголемата жртва на Аврам. https://www.bibleuniverse.com/media-library/storacle/e/5426?t=најголемата-жртва
Крвна жртва се принесувала во Стариот Завет, во Новиот веќе не. Нема потреба да се надмудруваме, ова е повеќе од факт. А, некаде ако спремаат јадења со месо за некоја слава, не значи дека тоа месо е од курбан и дека се коле во црква. Не знам колку сте информирани во овој дел, ама секој може да праша свештено лице и ќе добие одговор. Немам корист да изнесувам непроверени ставови, сигурна сум во ова што го пишувам. За потврда, прочитајте го Псалм 50 и се’ ќе ви биде јасно.
Знам дека колат во манастирот, крвотници е после тоа значи сум била сум видела, како може да ме оспоруваш дека не е така кога еве ти кажувам немам потреба даа лажам. За св. Атанас во друго село колат брав и прават јадење, чорба. Ми имаат и донесено дома мои роднини да каснам за здравје. Џабе линкови тука како треба како не треба и како треба да биде кога имам само 3 примери во мојава околина, а тоа е во мојот град и плус две околни села. А и во другите има сигурно само што не сум во контакт со тие села и не сум видела и не знам што да кажам.
Курбанот, пак, принесен при храмова слава може да биде и нешто добро, и нешто лошо, во зависност од тоа како ќе се разбере. Ако курбанот се подготвува и дели за закрепнување на гостите, кои често пати и оддалеку доаѓаат на храмовата слава, што значи ако основен мотив е братољубие, гостољубие, тогаш тоа е добро, само треба да се внимава да не е во среда или петок, или во период кога се пости. Ова е од сајтот на Бигорски. А ако веќе гледаме што зборува црквата, тогаш одговорот за посетата на каменот би бил дека е пагански и ѓаволски обичај. Па сега одлучете се, или ќе се грозите од курбанот и нема да одите на каменот, или ќе одите и ќе го испочитувате она што сите таму го практикуваат. Вака многу сте контрадикторни.
На форумов посебно на оваа тема сме сите тука да си дадеме поддршка и сметам дека нема потреба од вакви коментари.Јас лично секакп дека одам по патот на медицината но истовремено и ќе отидам на секое место кое ќе слишнам бидејќи еве јас прееска бев на каменот и знаеш ли колку луѓе видов среќни кога колеа јагниња бидејќи после години борба за дете и после неколку инвитра си ја нашле среќата таму,моја блиска пријателка после 10 години,пд медицината беше отпишана и еден месец откакп го посети каменот остана бремена и си роди бебенце.Затоа секој има право на свое мислење и ставови ама немојте со вашите побожно негативни коментари да ја гасите верата на другите луѓе и да се фаќате дали се колело дали не се колело,дали било паганско или дали било од стариот век.Јас пред неколку дена поставив прашање за каменот се со цел покрај нашите патишта со доктори,да споделам нешто бидејќи на некој друг тоа помогнало а вие се фативте за јагнињата.Да беше прееска таму и да видеше колку насмеани лица имаше и бебиња покрај тие јагниња ќе имаше друго мислење и немаше да гуглаш дали е паганство или не.
Јас не гуглам, за да одговорам за каменот, а искоментирав само за колење јагниња во црква, се надоврзав на коментарот на @Meckicja дека се колело, баш ме зачуди тоа и затоа искоментирав. За каменот, не цитирав ничие мислење и воопшто не искоментирав, како што веќе кажав, секој си знае и си одлучува за себе дали ќе оди. Едит: сте можеле за каменот и посебна тема да отворите, ако веќе нема таква тема на форумов.
Зашо има вакви теми во 21ви век бе? Бришете.. На модерна медицина, на разно разни методи за забременување овде ќе збориме за колење животни, копање камења или не знам што за да забремени некоја Мислев дека сме мрднале од слепа точка.. мајкоо мила
Не си изгорела затоа така зборуваш, омалажуваш и исмеваш. Кога таа модерна медицина ќе крене раце од тебе тогаш ќе те видам.
Да ,,крене” раце медицината од мене ќе му се молам на Господ, ама нема да колам животни, да копам магични непостоечки камења или да одам пешки по трња. На крај краева има толку детенца кои чекаат некој да ги посвои. И не се исмејувам ама не ми е баш нормално во 21 век да читам вакви теми овде, каде што пола и повеќе се жени со диплома, шетани, еманципирани. Вакви работи може во времето на баба ми, прабаба ми да имало. Значи лоонг тајм агоу.
Добро моли се ти на Господ ама остај ги другите во што веруваат тоа да прават. И ги немало само во времето на баба ти, тргни по тие патишта ќе се изненадиш колку луѓе сеуште веруваат во овие работи.
А, само што отворив да пишам дека ми се упропасти денот вчера кога го прочитав ова. Значи, деца немаат со години, а откако ќе добијат, колат нечие детенце... некое недолжно јагне. Зар уште има вакви луѓе? Оф, бре...
А ти да не си вегетаријанец? Јадеш пилешко, свинско, јагнешко, телешко? АКо гледаш така и тие се нечии деца. Двојни арашини насекаде бре! За дете ако добиеш да не се коле јагне, а за еден обичен ручек може да се јаде било што од месо! Не размислувате по широко пред да пишете нешто или?
Не јадам. Вегетаријанец сум. А, ти размисли пред да го напишеш ова? Се сфати сама дека ФАКТИЧКИ ТИ си таа која има двојни аршини?!?
Убаво за тебе. Ама да знаеш 99% од луѓето јадат па никој не им скока по глава зошто јадат бидејќи јадат нечие дете.
Да бе, да... дека не знаев. Лошо е тоа, да. Осудувам. Ама ова дека чекаат дете, за да колат дете... некако ми одѕвонува во глава. Морбиден и бизарен ми е самиот чин.
Прво да се разграничи дека НЕМА верски обичаи за забременување!!!! Единствено молитва, во многу ретки случаи сон кој те упатува каде да одиш да си се помолиш. Колење животно? Сериозно? Бог не сака принесување жртви. Во случајот одземаш еден живот за да добиеш друг. Па попаганско нешто не сум слушнала. Јевзиа е темава, магиски работи. Дај бришете ја, стварно е одвратно да се чита!