Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Народни и верски обичаи за забременување

Дискусија во 'Бременост' започната од Maya12, 2 мај 2019.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Па ни психологот нема да ја одврати. :D ама ајде...
     
    На WildMk, Rama и Yowannty им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.997
    Допаѓања:
    268.129
    Одење по цркви, манастири, џамии, планини, реки, извори, океани... ватевр, со цел релаксација нема допирна точка со темава, ама пак, ако некој е депресивен, да речеме, и стриктно оди само во црква на молење, тоа нема да му го реши проблемот.

    Значи да повториме:
    - одам на реки, планини, мориња за да се релаксирам и за да се опуштам
    - не барам таму лек, оти таму лек за мене нема, се знае кај има

    Заблуда е да одиш на камења да бараш потомство или лек за рак, оти нема да ги најдеш.
    Разбирам очај, не разбирам таква сила “шоќемиепсихолог“.
    Нишо, оди кај Стамена од Кривогаштани, повеќе знае сигурно.
     
    На WildMk, Someonespecial, Anomis11 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.888
    Допаѓања:
    177.034
    Пол:
    Женски
    Не мислам јас ништо. Ниту тоа се мои избори и не сакам да бидам во ситуација да бидат мои избори.
    Ама и не ги набедувам што повеќе ќе им помогне, ако некоја смета дека арно ќе види од каменот, која сум јас да и солам памет?
     
    На Annath, WildMk, duffi и 6 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.997
    Допаѓања:
    268.129
    Па не се тие криви, криви се оние кои не ги упатуваат.
    Ако станат посвесни дека одењето по камења не им помага ама баш никако, давањето пари на баби не им помага никако, можеби полесно ќе се соочат со реалноста дека единствено чаре е медицината, а ако таму нема чаре, значи нема чаре, и ќе се работи на прифаќање на состојбата и воспоставување на нов ред, смисла, волја во животот.
     
    На elena.mak, WildMk, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.373
    Пол:
    Женски
    Не мора во секоја тема да се вметне депресијата.
    А некои гинеколози се и многу големи "психијатри",па поради такво влијание жените и немаат потреба за психијатар.
    Но тоа го знаат само тие што се на тој пат.
     
    На Luigy, Emy867, Alishan30 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.997
    Допаѓања:
    268.129
    Па не е баш дека стојам до каменот и викам ама немојте :)

    На форум сум. Ќе дискутирам што сакам и кај сакам.
    Мое право. Како што си е нивно да си тераат што си сакаат.
     
    На elena.mak, WildMk, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Има. Луѓе одат во црква да се помолат за бременост. Како нема допир со темава?
    Да ја прекрстиме ако не "јагне", оти и Дани за тоа збореше, а и јас. Ама вие само вртите одоколу и буквално каша-попара ја направивте.
    Пак да повторам?
    Од одење на место нема ништо да ти се случи.
    Соодветен лекар, секогаш.
    Психолог за секого.
    Мислам милион пати да повторам пак ќе кажеш "ама тоа нема да им ја излечи депресијата"
    Па реков, реков де.
    Пак да речам?
    Психолог за секого.
    Уште еднаш?
    Барајте помош од лекар што и да ве мачи.
     
    На WildMk, Alishan30 и Rama им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.997
    Допаѓања:
    268.129

    И што сакаш да ми кажеш уствари?
    Да поддржувам секакви шарлатани во име на добродушност и емпатија?

    Не охрабрувам ни чаре во црква барање, ама барем таму (се надевам) не ги лажат како другиве.
     
    На WildMk, Someonespecial, Anomis11 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не охрабрувам ни јас. Не ни оправдувам. Не ни гледам чаре во нив. Ама ако некој мисли дека одењето на некој камен ќе му помогне - нека иде.
    Еве, јас на прва страна им ставив еден што не бара јагниња.
    Сигурна сум дека не "барал" ни овој, ама околу се одгледуваат овци, па некој искористил прилика и го направил митот.
    Од кај се купува тоа јагне? Да не случајно од другата страна на државата го носат специјално до каменот?
    Дали ќе купи јагне заклано 100 метри подолу за исхрана, или едно на каменот... Разликата е нула. Никаква.
    Грд чин е. Ама смешно е како да е 100 метри подолу убиено тоа јагне, однесено месото во месара во Скопје, и таму купено ќе биде сосема ок. :D
    Не знам, чукнете малку главите.
     
    На elena.mak, Annath, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.888
    Допаѓања:
    177.034
    Пол:
    Женски
    Ама таков утописки свет нема. Ако сите ние бевме упатени во вистинско време на вистинско место кај ќе ни беше крајот?

    Во човечката природа секогаш ќе биде да си бара чаре и утеха во нешта кои за мнозинството ќе бидат несфатливи. Никој не може да го смени тоа, и не мора сите да го разберат тоа. Крај краева никој од луксуз не оди таму.

    Дека верувам во свети камења, свети води и бајачки? Апсолутно не. Дека ако некој сподели мака, прво што ќе посочам бајачка? Во никој случај. Ама после години борба за дете, каде што партнерите поминале многу заедно, и тргнале на некој камен. Апсолутно нивна работа и се што мислат дека ќе им помогне се дур имаат надеж.

    Не мораш ништо ниту да поддржиш, ниту да разбереш. Исто како што не мора се што ќе чуеме и видиме да поддржиме и разбереме. И секогаш нешто нема да ни има смисла.
    Секој за себе си одлучува. Да набедувам немам намера.
    Овде остана уште контакти од психолози да се споделат оти веројатно сметате дека сите оние што одат по психолози под дифолт не одат ни на бајачки ни по камења. Не знам од каде идејата дека едното го исклучува другото.
     
    На WildMk, Emy867, Biljarkata и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Има поврзани луѓе со некои кои заборавиле кои се и што им е работа, злоупотребуваат камен, река и сл.
    Не е ни прв ни последен случај.
    Лесно може да се заведе човек со маки, да носи месо, пари или било што.
    Очи ширум отворени.
    Порано за починат се давало јагне.
    Кај нас нема курбан, не знам зошто се бунат луѓе.
     
    На Rama и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.997
    Допаѓања:
    268.129
    Па се надевам дека го исклучува.
    Како човек кој 100% се потпира на наука, и како долгогодишен пациент за органски и неоргански болести и состојби, а и учен човек од тоа поле, се надевам дека барем малку, малценце, ќе почнеме сериозно и вистински да го сфаќаме психичкото здравје, онака еднакво сериозно како јајце клетки.

    Ама каде реков дека мене ми е ок месната индустрија па онака упорно тоа ми го верглаш?
    Не знам?


    Настрана курбани, да зборуваме за домашни чаеви продавање, напивки, медови...
    Јас ете гледам чаре во затворски казни за шарлатаните.
    Нек си отворат бизнис и фискална да даваат.
    Лопови.
     
    Последна измена од модератор: 8 мај 2019
    На WildMk и Alita им се допаѓа ова.
  13. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Ама ептен се напнавте сите..
    Јес да е форум ова и има секој право на дискусија, ама ова не ми личи на дискусија ами на "разубедување".
    Не оправдувам курбан во денешно време, иако тоа сеуште по селата се практикува, се колат живи јагниња за одреден празник, и потоа се јадат, само што разликата е во тоа што црквата последниве години има едногласен став околу тоа дека не е во ред да се принесува курбан, па повеќе поповите или владиците не одат да ги "осветуваат" или "опејуваат" јагнињата претходно, туку едноставно се колат и се јадат на собирите помеѓу луѓето...

    Не сакам ни паметна да изигрувам, имав дадено мислење на темава, само сакав да се надоврзам за курбанот и за ставот на црквата во врска со него...

    Како верник, верувам во многу работи останати од стари времиња, верувам во моќта на света вода, во спиење во манастир, во земање света причест и многу други работи, верувам и во медицината и науката, ама секогаш медицината ја оставам на второ место, секогаш ми е првенствено вербата и надежта во Бог.
    Ги разбирам сите жени кои поминуваат низ сито и решето за да добијат дете, ги разбирам и не знам што ме чека утре мене бидејќи сум лом во хормоните, и пак ќе кажам пре би бирала да одам да барам чаре по цркви и манастири, па потоа во медицина.
    И може звучам селективно дека зборам, ама друго е чарето да се бара за дете на секој можен начин,(без разлика што ете да речеме, курбанот дека треба да се исфрли од игра) а сосема друго е да се оди по бајачи и гатачи за проблем со свекрвата или за љубовни проблеми.
    На крај краева, секој со својата мака, да, ама малку себично ви е ова што "премерувате" кој имал поголема мака и кој на каков начин се борел со таа мака.
    Осетлива тема е ова, и мислам дека на голем број(вклучувајќи ме и мене) не ни е овде местото, бидејќи не сме од никаква помош, ами само мешаме баби и жаби, вегетаријанци, вегани, козметики и што не.
    Ајде да ги оставиме жените сами да си споделуваат искуства и совети, или ако знаеме лек во склоп на темата, баш како што гласи самото име, народни верувања и обичаи, да споделиме со нив, се друго е одвишок....
     
    На Herrera, Martka, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Па ваљда исто и јас не сум разбрала како и ти мене психологот што ми го верглаш.
    Ете, се разбравме.
    За затворски казни сум и јас. И огромни парични плус на тоа. Никогаш да не им текне да прелажат некој.
     
    На WildMk, Yowannty и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  15. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    135.188
    Пол:
    Женски
    Кога не боли глава, пиеме апче и за 5 мин ни минува, иако апчето да издејствува реално може и више од 15 да треба.
    Му се скинало на еден маж копчето од пиџамата и го ставил на масичката до спалната. Жената ја боли ужасно главата, станува, голта ,,апче'' и за 2мин презаспива. Утредента си праат муабет. Жената вика како ме болеше главата, се разбудив, потфатив едно апче од масичката, го испив и одма ми помина. Мажот послето вика, копчето ми падна од пиџамата зашиј го коа ќе можеш. Го бараат копчето ама го нема. Жената го голтнала, убедена апче дека испила, па и поминало.
    Коа нешто веруваме дека ќе се деси, сета енергија, концентрација ја насочуваме кон тоа и затоа се дешава. А не дека е нешто свето или дека има посебна моќ. Ете конкретно во каменот некој верува, се сконцентрира на тоа што треба да направи и успева.
    Има и објаснување за ова, како коа ќе ја насочиш сета енергија кон нешто, коа постојано мислиш на нешто тоа се остварува. Ко студент на пример коа постојано се плаши и мисли на прашањата што не ги знае па баш тие прашања му се паѓаат на испит.
    Затоа мислете на тоа шо го сакате, викајте ,,дај боже'' место ,,не дај боже'', сконцентрирајте се на желбите, а не на стравовите и секако ќе успеете.
     
    На Luigy, buba4e89, Feminka22 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Ова "гол" додава посебна драма на мислењево.
    Ми се допадна ко стилски ефект. :clap:
     
    На Animali и danichap им се допаѓа ова.
  17. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Гол, покриен каков сака нека е, само нека исполнува желби. ;)
     
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.997
    Допаѓања:
    268.129
    Е, драго ми е што се разбираме.
    Не можам да поддржам и разберам некој што им верува на шарлатани и што надеж во нив гледа. За да го разберам тоа однесување, треба да одам против сопствената совест.

    Муабетот во однос на психолошката помош е, и секогаш ќе биде, дека психичките потешкотии (како тага, разочарување, бес, очај, беспомошност...) се решаваат само и само со стручно лице.

    Со тоа што ритуали и обреди, со или без крвопролевање, не може да ги сместиме ни блиску до психолошката помош. Затоа, не, не разбирам затоа што не е за разбирање, и затоа што е лага, дека било какви ритуали помагаат во лечење или подобрување на психичка состојба.

    И затоа што не е исто да отидеш во природа да одмориш глава, и да отидеш до некое дрво и да јадеш листови надевајќи се на чаре за некаква болест. Ако стигнеш до степен да го правиш второво, а веќе се консултираш со психијатар, смени го, оти очигледно не знае како да допре до тебе.

    Сега зборувам општо, за сите ритуали, магии, напитоци итн. Дента кога ќе почнеш да се залажуваш себе, е дента кога треба да размислиш што НАВИСТИНА е следно што треба да преземеш.
     
    На lovestoneddd, WildMk, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.059
    Допаѓања:
    118.948
    Пол:
    Женски
    1.Посетувам психолог, по неуспешното инвитро редовно, сега само по потреба.
    2. Не верувам во каменот, верувам во мирот кој го добиваат жените кои биле и успеале.
    3. Неможам да гледам заколени јагниња ниту за камен ниту за темел на куќа, страшна ми е глетката.
    4. Не сакам да јадам месо-имам грижа на совест ако изедам.
    5. Жените од вештачко оплодување се многу храбри и силни. Борци!
    6. Децата од инвитро и природно зачнатите се сепак деца, исти.
    7. Имам диплома и на иста врата чекам со моите другарки во оваа борба, без разлика дали имаат диплома.
    8. Не осудувам одење по вакви работи, се додека не се запоставува медицината.
    9. Да, на своја кожа имам осетено, и многу малку знаат како ми било и ми е. Не е ова клише. Но, не сум повеќе или помалку битна од останатите/идни мајки.
    10. Секој со своите верувања и убедувања, мене ништо не може да ме изненади.

    Доволно е:)
     
    На Luigy, SexiLy, Snowflake97 и 22 други им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не во лечење и подобрување, ама се грижа за ментално здравје.
    Еве, јас имам сериозни проблеми во зима во градов, едно заради недостаток на светлина, друго заради недостаток на зеленило. Тоа и е психолошки проблем што се подобрува со одење некаде, било каде. Ако некој смета дека одење во црква го смирува (а и тоа е ритуал), тогаш да му кажам "абе не оди во црква, религијата е глупост". Сите тука најгласни се, уште не сум видела некој пред црква да застане и активно да им вика на луѓето да не одат.
    Исто, од кога вежбам јога менталното здравје ми е 200% подобрено.
    Не е лек, ама е активна грижа. Ти се верува дека соматоформно растројство и болки во секој дел на телото решив со вежбање јога? За критикување сум заради тоа? Апсолутно не. Затоа што од нефункционална и полуфункционална личност што одеше во тоалет на работа за да плаче од болка станав силна, здрава и доволно психички стабилна за многу поголеми предизвици.
    Кој е тој што ќе ме убеди "да оставам сѐ тоа, само психијатарот е битен"? Забораваш дека активна грижа од наша страна за менталното здравје е исто толку битна како и одењето на психолог/психијатар. Оти ако ти сам не посакаш да ти биде подобро, никогаш нема да ти биде.
    Ваљда штом тргнале духовен мир да бараат по цркви и манастири, имаат и желба да им биде подобро.
    За она со јадењето листови, апсолутно се согласувам.
    И за ова.
    Ама, имаш ли ти навики кои знаеш дека не прават ништо ни добро ни лошо за тебе, ама сепак редовно ги правиш? Тоа што за тебе е таа навика - за некого е одењето во црква. Ако не одиш во црква, не си автоматски најментално воздигнат човек. Не сме совршени, никој не е. Нема потреба да се правиме надмоќни над одредени луѓе заради нивните верувања. Мислам, лечење комплекси?
    На пат до дома ќе поминам покрај 2-3 цркви сигурно. Очекувам барем пред една да видам некој што ќе ги собира верниците да не влегуваат оти сѐ тоа е само суеверие. Или само на форум ќе сме безобразно гласни?
    А Евангелос, а ова сега што го презентиравте на темата, истата реторика е. Насилничка.
     
    Последна измена: 8 мај 2019
    На WildMk, Emy867, Harper и 8 други им се допаѓа ова.