Па пак да одговорам: никому лично не се мешам, на форум дискутирам. Во што е проблемот? За останатото сама си даде одговор, немам што да оспорам. Секако дека нашата лична грижа за нашето ментално здравје е важна. Само, да не се поминува границата меѓу палење свеќа и јадење листови Инаку во тема за религија, секогаш кажувам дека е глупост. Оти мислам дека е. Ама нема да стојам пред црква и да бркам луѓе тука сум да дискутирам, тоа и го правам.
Таман си е. Мислам горе/долу исти мислења и размислувања имаме, само во погрешно време упаднавме на темава, па не може да се разбереме
Мој мн близок роднина имаше голем проблем со бубрезите. Имаше протениурија. Страшна. Многу високи резултати. Медицината проба секаков вид терапија. Дури и хемотерапија со цитостатици. Немаше подобрување. Пиеше кортико препарати со вртоглаво високи дози. Немаше подобрување. Но тој си ги пиеше, не се откажуваше. Во меѓувреме дознава за некој тревар за да пие чај. Си рече нема што да изгубам, ќе пијам и чај. Треварот му побара анализа на урината пред да почне со чајот и му однесе. Почна со чајот напоредно со кортикото и цитостатиците. Испита урина после месец дена од пиење на чајот. Резултатите му беа совршени. Продолжи со се, не се откажа од медицината, но ни од треварот. Анализите се уште му се одлични. Да му речам дека е будала дека верува на тревки? Да го остави чајот и да продолжи само со кортико и цитостатици? Тој виде аир, од што не знам. Него не му е битно не ми е ни мене. Целта ги оправдала средствата.
Мислам дека дискусијава на членки кои немаат никакво искуство со матичната тема бременост е исто толку соодветно колку што моја дискусија во тема за промена на пол, ако нит ме интересира нит планирам да променам пол. Демократијата ја разбирам како реализирање на своите права и слободи до таа граница да не ги попречувате туѓите права и слободи. Дали јагнето има права и слободи незнам, ама многу осуди кон други човечки суштества прочитав, без тие истите да осудуваат некого. Колку што разбрав тие само бараат искуства за решение на човечки проблем, а дали е тоа правилно или погрешно ич не е мое да судам. Шознам, може погрешно сум разбрала и демократија и христијанство и човечност И не разбирам зошто еден камен (со или без јагне), манастир, вода не би можело да биде последна инстанца пред да се закопа надежта. За бајачи и бизниси врз туѓа мака не би коментирала не мислам дека било кој од жените во тема бременост ги спомна овде.
Ете тоа е она што цело време се убедуваме тука. "НЕМА ШТО ДА ИЗГУБАМ". Ама на одредени личности не им влегува тоа во глава. Па почнаа да не "преобратуваат". И јас никогаш не сум помислила дека ќе тргнам по ваков пат, ама ете животот некогаш на се ќе те натера.....
Во матичната тема, никоја од нас не коментира, со причина. Оваа, колку што знам, не гласи "поддршка за алтернативно забременување". Мож сум без осет, де. Ама не кршам правила. Фина не глумам. И то.
Зa чaј нaпрaвен oд некaкви треви веќе мoже дa се дискутирa. Внесувaш нештo вo телo штo мoжеби се испoстaвилo низ гoдините и искуствa нa други декa имa некaквo дејствo. Не гo стaвaј кaменoт вo ист кoш.
А колку тие треви се проверени и дали знаеш што пиеш и каков ефект има? Како еликсирот на Слаѓана Велков што излезе дека е разредено белило?
Ако чајот од брусница може да биде лек за уринарни инфекции, зошто да не биде лек чај од тревки за некој друг проблем? Има научно објаснување како и зошто конзумирање на чај може да излекува некоја болест, еве јас пијам чаеви кога сум настината, кога имам уринарна инфекција, кога сакам да направам детоксикација на организмот. Неколку страни понапред беа наведени и вегетаријанство т.е. промена во исхраната и конзумирање на матичен млеч како можда причина за лекување на стерилитет. За сите нив научниците имаат објаснување зошто и како можеле да помогнат во процесот на лекување. Дали посета на камен може да биде причина за лекување на стерилитет? Значи зборам за давање курбан и одење само и само на тој камен, без терапија, без ин-витро и било каква посета на лекар?
Рекoв -мoже дa се дискутирa, не рекoв декa сите чaеви нaпрaвени oд билo кoј се ефикaсни. Зa други рaбoти еднoстaвнo немa прoстoр зa дискусијa.
Не реков дека некој крши правила, само сметам дека им се уништи дискусијата на членките што си баррат чаре и под дрво и под камен. Браво Каме. Ете нека ја преименуваат темата во "поддршка за алтернативно забременување". Има некој модератор, знаен, незнаен? А колку што гледам, темава е под Бременост, не во Другата наука или нешто такво. И поарно да немаме причина да коментираме.
Ни под разно!!! Сите овде го мислиме истото. Посета на ЛЕКАР! НАУКА!!! МЕДИЦИНА!!! ОВА ПРЕД СЕ!!! Е сега проблем е што на некои не му е јасно зошто некои жени И ПОКРАЈ докторите и медицината напоредно одат на каменот. Мене, од друга страна, проблем ми е да сфатам зошто овие жени треба им се објануваат на другиве зошто одат на каменот, зошто пијат чај и спијат во манастир?
Па јас колку што знам, никој што коментираше за промена на пол не си го смени својот, ниту планира. Е, а за интерес очигледно нѐ интересира, повеќе од општ аспект психата на луѓето што ги тера секакви натприродни решенија да пробаат. Можеби подобро ќе беше да е темава во Другата наука наместо во Бременост, но тоа не зависи од нас. И аманте бе луѓе, какви ограничувања права, слободи, вадење од цркви? Никој не може да ве натера на ништо, ни да ви забрани, како полнолетни личности не сте обврзни ни од најблиски пријатели да мора да послушате, а не па од форум. Знаете ли во животот што значи совет, препорака, искрено мислење? Па вака ако се однесувате и во реалноста, загрижувачки е навистина.
Им се уништи дискусијата,точно. Темата си беше и поставена како што треба и можеа да си споделуваат, единствено што се постигна да се чувствуваат засрамени и осудени што отишле на каменов. Без потреба.
Како што кажа @Someonespecial пред мене, никој, ништо, никому не забрани. Ниту со сила може да ве натераат да верувате и да одите, ниту пак можат да ве спречат на било кој начин. Мене ми боде очи моментот што некои жени своето искуство го пренесуваат во стил - 'Јас бев на Говедаров камен и истиот месец останав бремена'. Човек што си има мака и е суеверен веднаш ке помисли - И јас ке одам, нема што да изгубам. Има ли потреба да се извинуваме за различното мислење? Наше мислење е дека ритуал како одење на камен и давање курбан не може да излечат стерилитет, ете не можеме да се начудиме како тоа луѓе веруваат во такви работи, како тоа се суеверни, а како атеист, неразбирливо ми е верувањето во Господ. А објаснуваат затоа што веројатно чувстуваат потреба да го направат тоа. Сигурна сум дека еден куп жени одат на каменот ама не сметаат дека треба да и објаснуваат на пошироката публика зошто отишле. Препотставувам веруваат во тоа, друго логично објаснување немам.
Темата е прекрасна, надежна и охрабрувачка и никој не се засрами од своето мислење. Важно е што излегоа на површина вистинските карактери, правата душа и срце на многу женски кои цело време изиграваат душегрижници, сожалуваат демек,хумани, солидарни, нежни, невини...а тие всушност безобразно се обидуваат да им ја уништат надежда...има ли од тоа полошо!?
Е видиш, за исполнување желби може да се критикува. Знаеш зошто жртвата не се практикува во христијанството? Конфликт на интереси. Верниците не смеат да се поклонуваат на друг авторитет, ко каменот. Па ако некој сака да даде совет за правилна вера, може да се даде во тој контекст. Во таа тема таму, со такт како што направија неколку членки уште на почетокот. Ако си верник и знаеш точно како да ги советуваш, повели. Ако тие се поинакви верници од тебе, ќе ги оставиш да си тераат по патот. Ако си атеист, исто ти се фаќа дали отишле во црква или камен. Суровост на жртва во верски контекст никаде не спомнуваат затоа што христијанството не промовира веганство, па би било лицемерно. Ама да речеш - де бе како не ви е жал за јагнето? е пресмешно после твојот Велигденски ручек. Зашто е потполно исто. На јагнето му е сеедно за која цел било убиено. Не е дека овде умрело со побавна и помачна смрт. Истото. Ако си веган, би имало смисла твоето запрепастување и би било исто кон Велигденскиот ручек. Изедначено, а замисли 2019 сме. 21 век, а уште не знаат како настанало саламчето и кашкавалчето.
Веројатно, штом и тебе и мене истите работи ни се чудни. Е сега, ако не навредувам никого и ако се држам до темата, зошто да не искажам мислење? Во еден куп теми имало дискусии со многу побезобразни коментари кон членови, па никој не реагираше вака. Ме интересира зошто? Дали лицемерието е пуштено на најјако?
Всушност целата работа не е до тоа дека ќе делува каменот, или некој водопад или некој манастир, туку до оној што така ќе каже на друг. Оти јас можам на некоја да и речам сега иди на тој водопад, помоли се и ќе забремениш, знам многу луѓе што им помогнал, а нема врска дека стварно знам., и таа да ми поверува. Иста е и работава со каменот.