Се држиш, но се потсмеваш. Како е можно да верува во каменот? Ете можно е, верува. Ни јас не верувам, но не ми е воопшто чудно ни смешно зошто некој верува. Не сум лицемерна, стварно мислам вака. Дали јас би отишла на камен кај баба, кај дедо, во манастир? Не знам. Дај боже да не дознаам. Притисната во ќош како нив не сум се нашла досега. И не, никој не го осудува вашето спротивно мислење туку вашето исмевање.
Само човек без душа може да излаже така како тебе што мислиш! Зарем ќе можеш да живееш со таква лага, со таков грев!?
А некои тука што лажат за такви работи? До душа не знаеме ни дали лажат нели, што е лошото. Поентата ми е колку лесно можеш да натераш некого да поверува во такво нешто.
Не се исмевам и сум крајно културна во секоја дискусија. Јас истото прашање им го поставувам и на оние кои веруваат во Господ. Ете, мене ми е чудно, мојот ум не функционира така.
А што па тебе толку ти е при срце дали некој ќе поверува или нема да верува!? Остави ги луѓето на раат. Човек кога е болен или кога некој нивен најмил е болен, човек кога има мака, ВЕРУВА И ВО НЕВОЗМОЖНОТО!? Таа верба е водилка низ животот и не треба ние препреки да им ставаме, напротив, треба да им се тргаме од патот.
Тука кажа се што требаше. За преживување се работи. Не знам некој што откако се нахранил, отишол и заклал јагне од благодарност.
Читам во темава цело време се спомнува како членките кои одбиваат да веруваат во магични камења, гатачки и сл. (меѓу кои и јас сум таква) ги исмевале и осудувале оние кои се мачат за да имаат дете. Извинете ама тие членки само се обидуваат рационално да ви објаснат за ситуацијата, никаде не прочитав осудување или навреда (барем намерно) бидејќи (повеќето од) тие членки ги знам како добри, паметни и слободоумни и никогаш не би се дрзнале да навредат некој, особено некој кој има мака. Мислам дека ова е само големо недоразбирање. Сфативме дека паралелно со одењето на камен и такви чуда (како последна надеж) одат и по доктори, но апсурдно е да речиш дека на крај од каменот си забременила а не од бројните третмани и инвитра па дури и да шириш дезинформации дека тој камен или тој гатач стварно ти помогнал да забремениш а не ова другово. Мислам дека не е исто да се убива животно како курбан и да се убива за прехрана. Не сум вегетеријанец да, ама секаков вид убивање животно што не е за неоходната прехрана (бидејќи ете, омнивори сме по природа) го сметам за сосема грешно, грозоморно и непотребно. Баш не сакам многу да дискутирам за да не навредам некоја случајно, а тоа најмалку го сакам. Ќе кажам само дека се надевам сите што се борите за дете ќе го добиете и ќе ви се исплатат сите маки на крај.
Браво или не, не навлегувам, ниту ме интересира. Немој како оние - зошто се дискутира атеизам во религија. Кој кај сака си пишува. Ако сакаш да збориме на темата, ок. Ако сакаш да ме учиш како да бидам поосеќајна, ич да не се мачиме.
Ама јас сериозно мислам дека темава треба да се преименува и твојот предлог ми се виде ок. Бравото не беше сарказам. Тие шо се спремаат за дете нека си дискутираат како што почнале првите 4-5 поста во тема Поддршка за алтернативно забременување, под тема на бременост. Ние може да се препуцаваме на тема во кафе муабети, на пример дали поддржувате алтернативни методи на лекување, или како веќе сакате. Јас лично не би се препуцавала во ниедна тема уствари, ама ако ме испровоцираат можда и би. И никого лично не посочив за да биде сочувствителен или не, генерален ми беше коментарот. Нека ја поделат и подзачистат темава. Мене може комотно да ми ги бришат мислењата.
Не е препуцавање, дебатирање е. Никого не го нареков со ниту еден погрден збор. А да ме спречат да дебатирам, нема.
Нема зијан од разменување различни мислења. Не мора па да е затворен круг секоја тема и само истомисленици да коментираат. Освен ако не е поентата да биде група за поддршка. На крајот, пак кој како сака ќе си прај. И јас, и ти, и оние, и сите.
Па баш затоа никој "од страна" не им се меша "во штипки" во ни една група за поддршка, вклучително и таа за бременост. Дали за доктори, бајачки или камења збореле. Ако е темава за поддршка на суеверија околу забременување, нека си сменат наслов. И нека си се поддржуваат. Не е ни за алтернативна медицина, туку баш за суеверија. Вака како што е, си е тема за дискусија. А тоа што некој си става на срце дискусија, просто е негов проблем.
Не ми кажа ништо ново и поразлично од она што ми го напиша во соодветната тема,не знам што имаш потреба да се повторуваш. Не се согласуваме и тоа е тоа. Ти охрабруваш луѓе на варварски чинови, за да едноставно се осеќаат боље у вези себе, јас на другата страна сум против се што се коси со здрав разум и логика, и тоа е тоа. Whatever floats your boat...Not.
Па да де, сто пати ти напишав и пак не разбра. Не ги охрабрувам. Само ти кажувам дека и ти си ѕвер. И твоето не го охрабрувам. А ти што ново кажа, уствари? Позз.
Сум била на каменот. И кај жена сум била да ми побае. И се што слушнам да направам ,правам. Требало едно дрво јаболко да обереш ,последното јаболко со уста да го лапнеш. Го лапнав. Лозанка да обереш,едно зрно грозје да го оставиш и тоа со уста да го скинеш . И тоа го направив . На ваква Бања , на онакви извори оделе,идевме и ние. Во оваа црква дарче не сме однеле ,маж пали колата и идеме. Иако е доктор тој ,често знае да ми каже што слушнал од некоја бабичка . Го применуваме и тоа Не ми пречи да слушам приказни како на некоја жена и се случило "чудо" па забременила оти се напила вода од некој извор пример. Напротив , си се убедувам и себе си дека и мене еден ден ке ме огрее такво чудо. Сакам да кажам дека убаво ми е да верувам во такви работи,иако тешко ми оди. Важно, ке продолжам да одам, и на камења и на карпи и на извори. Да подсетам. Три години сум по болници. Нема месец да не испитувам нешто,да не се боцкам со секакви инекции, да правам мед зафати. Издувана сум како балон од терапиите. Фацата ми е изобличена од хормони. Модрици имам по цело тело, срам ме е да се слечам на плажа. Влакништа ми се појавија и на ушите , секаде ги има. Желудникот ми е решето од апчињата што ги пијам секојдневно. А здрава сум! Ама пијам по 30 таб дневно . Така да одењето на камен и спиење во манастир ми е мачкина кашлица П.С Курбан ке дадам ! Ама во Мрзенци. Одамна се поканети друшките од темите вештачко и +-40. Освен јагне ,ке има и компири и пинџур,не се секирајте
Па зато шо успеале и така е редот,совест и психа ќе те убиет ако не го исполниш ветеното,олабајте бе луѓе... Добро де,и јас изгубив родител со кого бев преблиска,го гледав кај шо страдат ине можев да му помогнам,го изгубив ко ми требаше најмногу и сега плус водам борба со стерилитет...wow види сепак моите проблеми се поголеми од твоите и мое право е кај ќе си го барам спасот,сигурно прво сме расчешлале секаква медицина па крајно или во мегувреме ќе си побараме и поинакво чаре,штета немат,ама шо ве засегат то вас во вашите животи никако не ми е јасно.
Велиш -три години сум по болници. Зошто не кажеш и -три години сум по бајачки и камења ама пак не бива? Еве нема црква на која не си била и адет кој не си го истерала. И разбирам дека тоа го правиш од грижа на совест, меѓудругото. Дека си направила се што си можела. Вие сте постари генерации, посебно маж ти, ај да речеме вкоренети се ваквите работи во вас, ве научиле така постарите и сега психата не ви дава поинаку. И терајте си по ваше. Но на оваа тема мора да има и такви кои во име на идни генерации ќе зборат поинаку. Оти сметаат дека ваквите верувања треба да се искоренат и нема ништо лично поврзано со ниту една од вас.
А што е страшно ако некој каже дека отварал врати на манастир, дека спиел на камен ...?! Не сме во туѓа кожа да знаеме како е некому. Незнам зошто толку бурни реакции кога секој прво ќе ја проба медицината на 1001 начин па после СЕ друго што постои. Било така и ќе биде. Пред 30 години знаев жени кои клечеа на пареа од млеко од незнам што за да останат бремени.Дали е до пареата од тоа млеко, дали некој адет/верување е - незнам, ама некои си родија. Ваквите бајачки работи кај жената помагаат во ослободување на стегите во главата, зашто не е исто да правиш бебе ослободена од се а друго е да правиш бебе кога мораш т.е. кога некој ти рекол дека мора тој ден.