Море бре која злочка си била и господ бог сакаш да им го ивадиш од умот....не е убаво така, искоренувај си ти по дома што ти е ќеиф, а ние ке си садиме што ни е мило и драго!! Она ќе искоренувала, бре мајката, нема други работи во светот па баш за ова за фативте
Што е нелогичното ? Зашто некој си бара чаре ? Јас лично не поддржувам такви работи и не би одела, ама тоа не значи дека сум во право.
Не е логично, оти денес знаеме кои се научните факти. Знаеме дека се забременува кога јајце клетка и сперматозоид ќе се спојат. Нема место за ништо друго освен пенис и вагина. Тоа што не ги вклучува нив, не е само нелогично, туку и невозможно. Затоа е и атеизмот, оти религијата е нелогична (пример).
Јас не наредив на никој да се мкне по вакви работи . Колку за инфо само . Три год сум по болници . Ама тек последнава го фатив патот по бајачки. И. Ниту имаме проблем со психата, ниту ни се вкоренети вакви работи . Ниту од моите ,ниту од родителите на мм иако се стари Напротив . Тие веруваат исклучиво во медицина. Јас . Во слободно време идам по камења
Ти повеќе и од докторите знаеш. Специјалисти. Дури и тие викаат психолошкиот момент е мнпгу битен. Мене имунолог на бања ме праќаше. Со образложение да се опушти психата и телото, не дека бањата директно ќе влијае. Ама ете. Ни они не знаеле.
Аууу, браво, ја откри Тунгузија...море дете, најбитни се услови, здравствена состојба на партнерите, психа, температура и ред други работи...топла вода..па порано бадијала не оделе во врели бањи невестите па и момчињата...зарем само требало, патлак и путка?? Има парови кај кои одма се фаќа, има парови на кои им треба повеќе време, лечење па и верба...Аман веќе.
Ама за релаксација се оди на места кои те релаксираат, одење намерно кај бајач или на камен, не е за да се релаксираш, туку со очекување си дека ќе забремениш. Го апсолвиравме ова уште вчера. Аман де. Зошто ти е толку чудно, да прифатиш дека некој не верува во тоа. Еве, не верувам дека ќе се релаксирам ако одам на бајач. Ќе се напнам, ќе чекам да ме излечи... Ако сакам да се релаксирам, си пуштам документарец.
Никој не рече дека не знајте. Види бе колку сте инает. Сакав да кажам дека покрај логиката која ни е благодарение на она што знаеме како факт, некои, не можат да прифатат нелогични објаснувања. Објасни ми како делува нешто, научно, да има логика, да има причина за делувањето, и јас ќе верувам. Вака е само приказна
Ова и јас сакав да го кажам Психолошки момент. Запрашајте се зошто најмногу бебиња се прават на одмори? Зошто парот, откако ќе посвојат детенце, честопати се случува да добијат свое? А биле отпишани од медицината! Психата чуда прави
Да, кога ќе си го тргне очекувањето да забремени. А одење по бајачки и камења, не го трга очекувањето, туку го стимулира.
Демек знаеме кои се научните факти. Демек ако медицина не помогне нема чаре. А чуда се случуваат секој ден. Секое едно зачнато дете е чудо, па како и да е зачнато, од прв пат или во 7 инвитра. Секое едно родено дете е чудо, оти ако е зачнато не значи дека ќе се роди, нели. Нема научен факт што создал функционален алгоритам, секој поединец е поинаков, секому индивидуален пристап му треба. Секој ден што го живееме е чудо, толку многу малку знаеме, чудо едно.
Научно и логично во систина. Овде не станува збор за логика и наука туку се се базира на психичка основа. Ок е тебе да не ти е јасно тоа, но не е ок да му рушиш "филм" на некој само поради тоа што ти не можеш да сфатиш.
Изгледа не сме го апсолвирале. Тие луѓе одат на камен оти нив тоа ќе ги релаксира. Оти таму ја гледаат надежта дека посетата на тој камен ќе им ги услиши молитвите. Па поголема релаксација за нив од тоа зрно надеж за остварување на најголемата желба во моментите на голгота нема. Пак вас не ви е логично. Абе ни мене не ми е. Ама не ни треба да ни биде. Зошто се мора на нас да ни е логично и ние мора се да разбираме? Ете јас тоа не можам да го разберам. Ама не се умарам да го разберам оти си е став на некој. Сега сум го кажала и сигурно нема да повторувам по 100 пати колку мене нешто не ми е логично, во секоја една тема што ми изгледа мене нелогична.
Не реков филм, реков 'приказна' Јас разбирам зошто одите, не разбирам, зошто мене не ме разбирате, зошто не сакам да одам и не верувам во тоа. Не реков дека треба да мислат ко мене, само објаснувам јас како размислувам. п.с. можам да објаснам уште еднаш и за 'релаксирањето', ама не сакам да се повторувам
Не е некој голем пример но, јас и маж ми се обидувавме 6 месеци за бебе,не е некој период но за нас се чинеше вечност со десетици негативни тестови.Заминавме во Турција на одмор и таму останав бремена кога најмалку се надевав За да не се разочарам пак не земав тест да проверам иако повеќе од десет дена ми доцнеше се додека маж ми во 12 навечер ми донесе тест и испадна позитивен Кога најмалку се надевав останав бремена,така да уживајте навистина психата чини чуда
Поентата на постот не ми беше дали има логика или не , туку самото тоа што ти ,,баат,, или спиеш на камен (извинете, ама незнам дали се спие или се фрла некаде) веќе кликот во главата е сторен. Никој не рекол дека од баењето ќе се стори дете, треба нели ,,труд,, ама мозокот е многу битна работа, посебно кај тие што се борат за деца. Ај еве земете, колку жени останале бремени дури откога си посвоиле дете. Моментот на ослободување од ,,теретот,, -лекарства, напор, непријатни докторски третмани и одредување точно време за секс за да се случи оплодување, веднаш си родиле. Барем јас познавам два такви парови. Јас не сум одела. И искрено крипи ми е, ама пак и не сум чекала бременост 15 години.
И тетка ми така забремени. После 15 години.. Откако решија да присвојат. Ама тоа пак нема врска со бајачки.. иако таа милијарда посети.