Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Народни и верски обичаи за забременување

Дискусија во 'Бременост' започната од Maya12, 2 мај 2019.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    322.849
    Нема врска со бајачки, ама има врска со менталната состојба на жената.
    Има врска со главата.

    Кога посетуваш бајач или применуваш народен изум за останување бремена се надеваш и имаш позитивни мисли, очекуваш.
     
    На Anomis11, Feminka22, kukla21 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.561
    Допаѓања:
    201.715
    Пол:
    Женски
    Тебе не ти е логично, ама за некого тоа одење по камења и бајачки има ефект на плацебо. Никој не тврди дека треба да се откажеме од медицината, туку ете, некои луѓе едноставно наоѓаат потреба да пробаат се што слушнале дека може да им „помогне“. Не верувам ни јас во такви работи, ама ете, луѓето си бараат чаре кога имаат мака. Затоа што, за некои луѓе, кога ќе се проба се, покрај медицината, им помага да се помират со тоа дека некои работи никогаш нема да се случат, полесно го прифаќаат тоа. Не е во секој случај потребен психологот или психијатар, иако добро би дошла нивна консултација во случаи со неплодност или тешко забременување од икс причини.
     
    На dunika, AnnabelLee, Harper и 5 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Точно. Муабетот за релаксирањето.
    Бајачка, не верувам дека ќе те релаксира. Па ни камен. Обред да прајш за да забремениш, ми е спуки.

    Да беше времето на Инквизицијата, многу клади ќе гореа :D

    Ама јас ги разбирам...
    Не знам зошто ми објаснувате нешто што разбирам...

    Мојот прв пост на темава беше:

    Човек кога се дави, се фаќа за сламка.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.984
    Допаѓања:
    268.024
    Да, ама тоа е заблуда, и мислам дека не е во ред да се поддржува, кога веќе сите нели знаеме.
     
    На Anomis11 и WildMk им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Да.. така би имале многу повеќе време за релаксација, одмори, патувања,излети, прошетки..
    Место да се опседнуваш со: Еве сега, ќе одам, ќе забременам гарант.
    Мине месец, бам менструација, ааајде наново разочарување.. А не се релаксирала пред тоа, очекувала.
     
    На Anomis11, gjoker4e и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.561
    Допаѓања:
    201.715
    Пол:
    Женски
    Јас се сомневам дека веруваат оти тоа ќе им помогне. Ама дека слушнале, сакаат да го направат тоа, нема што да изгубат. И тоа делува на психата, оти е направено, сторено, па и да не успее, тие направиле се што е во нивна моќ да си ја остварат желбата. Тоа ги смирува и релаксира, самиот факт дека нешто презеле, макар оделе на бајачки или вртеле околу камења. Исто како што пробале се што нуди медицината како решение.
     
    На Emy867, Ана на мама, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Веруваат.
    И не ги смирува, да повторам: ги прави и тоа да се во исчекување

    Неисполнето очекување=разочарување
    исто како со секое Ин-витро

    Зошто дополнително да си праат стрес?
     
    На Purplelilac, Independent Girl, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.633
    Допаѓања:
    35.242
    Пол:
    Женски
    Добар дел од витаминиве, хомеопатските лекови, чаеви и разни други чуда исто така се заблуда, па легално се продаваат и конзумираат.
     
    На Harper, kukla21, fana и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.561
    Допаѓања:
    201.715
    Пол:
    Женски
    Така одбрале, така сакаат. Тоа е. Не можеш да им речеш да не го прават тоа, колку и да ти изгледа нелогично. Нив не им е. Едноставно сакаат да направат се што може да се направи.
     
    На gjoker4e, Stressed Out, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.259
    Допаѓања:
    170.185
    Пол:
    Женски
    Абе и јас не верувам дека каменот ,бајачката или водата од изворот ке ме забремени,ама, почнав да одам:)
    И не ми ствара стрес воопшто. Интересно ми е ,фино ,ке сретнам некоја жена па ке слушнам некоја "приказна" и така...:)
    Месецот кога не правам мед зафати,анализи и сл се посветувам на некој камен:)
    Не дека чекам кој знае какво чудо,ама битно нешто правам. Демек да не седам со скрстени раце и само на секс да мислам :)
     
    На Harper, fana, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Не мислам дека им помага, мислам дека им штети.
    И знам дека нема да ги премислам... пишав веќе.. Пак сите ќе прајме како шо мислиме, без разлика што некој друг ни рекол.

    Си го задржувам правото на мислење
     
    На Purplelilac, Someonespecial, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.879
    Допаѓања:
    176.977
    Пол:
    Женски
    Ама по таа логика се е заблуда.
    Се во што веруваме е заблуда. Некој одлучил да верува дека психијатар ќе му помогне, некој како мене одлучил да верува дека планина и чист воздух ќе помогне, некој одмор во турска, некој одлучил да следи камен.

    Исто како тоа што некои чувствуваат смиреност кога ќе влезат во црква, а некои не чувстваат ништо. Оти и едните и другите донесле таква одлука согласно своите верувања и уште повеќе надежи. Се е заблуда во животов. Тогаш зошто нечија заблуда да биде третирана подобро од нечија друга и потенцирана толку многу, само зошто нашата заблуда ни изглеа на нас пореална?
     
    На AnnabelLee, do-re-mi, Harper и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.561
    Допаѓања:
    201.715
    Пол:
    Женски
    Ама ти мислиш така, затоа што знаеш дека тебе лично би ти штетело, се знаеш себеси. Можеби другите ја немаат истата перцепција како тебе. Пошто сите луѓе се различни. За некого тој несакан стрес секој месец е можеби само уште поголема мотивација да истрае во борбата? Да, долгорочно не може да биде добро, кога тогаш веројатно ќе има burn out, ама сепак, упорноста се исплати, кога тогаш.
     
    На Harper, fana, irrelevant и 3 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Прошетка во природа има логичка позадина.
    Зеленило, отворен простор, чист воздух, кардиоваскуларна вежба итн..

    Посета на камен, нема логичка позадина.
     
    На Purplelilac, Someonespecial, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.370
    Пол:
    Женски
    Секаде има такви верувања и обичаи.
    Госпа меѓугорска годишно ја посетуваат по 1милион посетители од цел свет,со разни надежи и болести.
     
    На duffi, Yowannty и referentka им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Да поставам едно прашање кое многу ме мачи, а има ризик да навреди некои од вас..

    Може?

    Или ќе ми се вдајте пак? :D
     
    На gjoker4e, CameliaMiller и Alita им се допаѓа ова.
  17. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.259
    Допаѓања:
    170.185
    Пол:
    Женски
    Пуцај!
     
  18. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.722
    Допаѓања:
    14.556
    Пол:
    Женски
    Ај да ве прашам вие сите шо сте се запнале за медицината,еве ние немаме никаков проблем,две и пол години аха сега овој месец,аха оној месец,не постои испитување шо не сме го направиле,последно ко отидов на трансфузиолог,па ко се расфрлав таму со медицинскиве термини,па со резултати шо се имам испитано,ме погледа неколку секунди докторов и ми рече,ај малку олабај ти имаш психички проблем.
    Е мене стрес ми е одењето по лабаратории,дупки сум по рацеве од игли,за пари да не прам муабет,ама одење по манастири,макар и по камења ич не ми е стрес,дури се релаксирам,палиме колата за викенд и таман си шетаме низ Мк и супер ни е.
     
    Последна измена: 9 мај 2019
    На Macido и baba Rada им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.879
    Допаѓања:
    176.977
    Пол:
    Женски
    За тебе.
    Otherwise логична позадина има се она што една индивидуа прави да се чувствува подобро. Макар било нешто екстремно. На пример кога социопат тортурира и убие мачка, или пироман ќе предизвика пожар. За нив тоа е логично. За мене не е.
     
    На Harper, fana и referentka им се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    322.849
    Ако се водиме по ова твоето, тогаш и молитвите кон Господ немаат лоигичка позадна.
    Која е логиката да се молиш за здравје а притоа да не правиш ништо за да го задржиш ?!

    Несакам никого да убедувам дека нема фајде од бајачи и народни обичаи зашто јас не гледам логика.

    Нека си бара чарето секој кој има некаква мака.
     
    На Martka, Emy867 и fana им се допаѓа ова.