Ама не мора јагненца да јадат, можат глувци на пример? Оти не е природно да јадат јагниња и остала храна која им се сервира. Во ниту еден случај не би можеле самите да ја уловат, така? Зошто не ги храните со глувци, туку со друга храна. Нечие дете убивате за да го нахраните вашето маченце? (чисто да видите колку ви се еднострани и ограничени ставовите)
Eпа ете, тука би требало да е крај на дискусијата за јагнињата што ги колат (за потоа да ги изедат). Морав тоа во заградата, да не почнете пак до мотивот дека било. Зашто ги јадат, ете, и за јагнето е потполно исто. Спојлер Инаку според мене, не мора да се чувствуваш виновна. Нема начин да не се чувствуваш, ама тоа е што е зашто нема етички начин да опстоиш на планетава. Секако си на нејзина штета. Ако одиш само на овошје и зеленчук во нашава држава, прво нема да имаш доволно производи, второ пак ќе поддржуваш штетна индустрија. Можеби и многу поштетна од месната. Се' што можеш да направиш е да знаеш од каде ти е храната. Па да купуваш органско локално, вклучувајќи и јајца и млеко од животни што знаеш како живеат и гледаш дека им е добро. Па да си земеш и коза, што. Декоративна козметика елиминираш или сведуваш на минимум и готово, веќе си подобар човек од вчера. Цел муабет ми е дека сите можеме да направиме многу почнувајќи од себе. Никој не прави доволно, барем не овде на темава, а се запнавме да го браниме јагнето братче на тоа што ни било вчера на трпеза. Нема смисла.
Природен ланец на исхрана vs безсмислени ритуали за жртвување душа е смешно дури и да се споредува, колку год сакале да развржувате и убедувате, за да се оправдате себе или некој ваш, што курбанот не го гледа како негативна појава, дури и го практикува.
Мачиња да јадат јагниња е природен ланец на исхрана? Во кој универзум ова? Кое лицемерие е кога ги жалите јагненцата оти ги колеле за курбан, а не ги жалите кутрите кога со нив ги храните мачките на пример? Ниту едното, ниту другото е неопходно и исправно во мои очи, ама се практикува. И ич не се вознемирувам.
Да се продаваа глувци ќе го хранев со глувци, сам ретко фаќа (колку што знам). А месо му треба, месојади се мачките. Ај ако не да не чуваме мачки, бидејќи сме биле лицемерни кога станува збор за курбан што воопшто не е потребен туку адет било. Јас погоре кажав во едно мислење дека не сум вегетеријанец, и дека освен за неопходна прехрана за нас (и еве за милениците што им треба месо) не оправдувам убивање животни како што се за курбани, крзно, од забава бидејќи ти се може и сл. И има разлика синџир на исхрана со ова.
Се фативте прво за јагнињата, кои не се единствениот неразумен и нелогичен елемент во целата приказна, сега и мачки вметнувате во дискусија? Сакате темава да ја отерате во правец месојади и вегани ? Јас зборев за ланчана исхрана, човекот е месојад, не е тревојад, колку год сакале да го направите човека да се осеќа крив што во исто време сака животни а е месојад, нема да успее поготово не у горниот контекст. Појакиот го јаде послабиот, и тоа е така отсекогаш, пошто самата природа налага. Ниту еден природен ниту општествен закон не налага принцип на душа за душа, да дадеш живот за да добиеш нешто за возврат. Целта на курбанот не е закуска отпосле, туку да добиеш за возврат преку 'виши' сили. Не е срамно да јадеш месо, ама срамно е да веруваш во примитивни ритуали и бабини деветини. Млади луѓе, срамота.
Ама каде бре ти прочита дека некој СИЛНО ВЕРУВА во тоа? Каде? Цело време дискусијата е дека ако некој го гледа тоа како последна сламка надеж и сака да го направи, негово си е, нека го направи, не осудуваме. Ете, тоа е муабетот. Што извртувате, измислувате, наддавате?!
А ако го купиш од месара и кажеш "за курбан го купив" автоматски станува нефер убиство? За другарка прашувам. Убаво вака што си живеете во ваш затворен црно/бел свет и работите ви се бинарни: добро - лошо. Реалноста е далеку од тоа.
Не, за курбан е нефер. Значи ако го купиш од месара за курбан - автоматски е нефер. Јас така разбрав. До тогаш било фер. Патем, како што кажав. И тоа во месара и тоа на каменот од исто стадо идат. Плус што веројатно повеќе на каменот се колат за прехрана отколку за да му се исполнуваат желби. Затоа што веројатно каменот бил погодна локација, им се нашол на луѓето. После некој почнал да се глупира и да го прави магичен.
Ама ти изгледа цело време си во заблуда,жртвата се принесуват ОТКАКО ќе им се исполни желбата,а не ЗА да им се исполни.
Јагне за секое дете Родителите на децата што се родени во минатата година, на Ѓурѓовден овде носат јагне, обично машко, како подарок за каменот. Јагнето тука се коле, на специфичен начин кон исток, главата останува, а со месото се прави гозба во семејството на новороденчето. По стоти пат. НЕ Е КУРБАН КАКО ЖРТВА КОН БОЖЕСТВО НЕГО КУРБАН ВО СМИСЛА НА ГОЗБА ЗА СЕМЕЈТВОТО. Еве и значење на зборот. За конечно да се разбереме.
Џабе да се објаснуваме. Совесен човек кој што живее во 21 век не би бил океј со ова. Нејсе. Тоа кажува доста за тебе.