Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Народни и верски обичаи за забременување

Дискусија во 'Бременост' започната од Maya12, 2 мај 2019.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.308
    Допаѓања:
    285.402
    Ти јадеш месо?
    Користиш млечни производи?
    Имаш облека од кожа?
    ...
    Знаеш како стасува месото на полиците во супермаркет или месара?
    Се чуствуваш подобро со сама себе што го конзумираш тоа месо а не месото од голиот камен?
    Мислиш јагнето од супермаркетот подобро се чуствувало или на друг начин, освен колење, завршило таму каде што е?
     
    На SexiLy, Lolipop23, orhideea и 8 други им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.727
    Допаѓања:
    322.842
    Навистина незнам што има врска јадењето месо со Народните обичаи за забременување.
    Зошто секогаш се оди во крајности ?
     
    На senza.parole и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.308
    Допаѓања:
    285.402
    Или им е жал за жените и нивното психичко здравје(оти по некоја нивна логика мора да е лабаво) или им е повеќе жал за јагнето.
    Баш крајности.
     
    На dunika, kukla21, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Женски
    Не јадам месо.
    Не конзумирам млечни производи.
    Не носам облека од кожа.

    Зборувам за потребата да жртвуваш животно за да се ,,заблагодариш'' на ,,некого'' зошто ти дал ,,нешто'', што е тотално погрешно.
    Нема на кого да му се заблагодаруваш освен самиот себеси што си бил истраен во тоа, на блиските околу тебе што те поддржувале и на медицината.
     
    На Anomis11, Purplelilac, senza.parole и 5 други им се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.308
    Допаѓања:
    285.402
    Тогаш стварно ми е мило за тебе, за истрајноста и целосната посветеност на она во кое што веруваш. Верувам во соодветна тема ќе споделиш голем број на искуства за овој начин на живот. Искрено, ти си првата која ја читам дека целосно се откажала од сите три, па сигурно би им била од помош на многу.

    Се надевам дека и сите околу тебе веќе ги “преобрати” бидејќи најпрво за тебе би било напорно да живееш во овој суров свет и да замижуваш кон ова за кое сега говориш и осудуваш, а плто за твојата околина.

    Јас зборувам за нешто што е заколено и ќе се изеде. Прилично едноставно.
    Може да седнале во ресторан и да јаделе таму месо кое утрото било заклано и испорачано, а можело и ова.
    Јагнето, дали на едната или другата трпеза ќе завршело, не му менува ништо.

    За последниот дел, нивна работа и нивно е да веруваат кој што и како им помогнал да надминат фаза/состојба/период.
    Нема што јас да им кажувам.
     
    На orhideea и LivingGlam им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Според мене не е во ред.
    Ама не ја гледам разликата помеѓу тоа јагне и братчето негово во месара во Скопје. Оти тоа јагне е за тоа одгледувано. Да не било на каменот ќе било пак на нечија трпеза. Сигурно немало да го пуштат и да го поштедат, штом никој не го купил за на Говедаров камен.
    Значи и со тоа што се буните, не го спасувате јагнето. Нему му е пресудено уште пред да се роди.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Вo селaтa пoрaнo имaлo некoлку луѓе кoи редoвнo ги викaле зa кoлење свињи, јaгнињa oти другите кao не мoжaт, згрoзени. И oк, мoрa и тaкви дa имa штo ќе гледaaт рaциoнaлнo (ни требa хрaнa и некoј требa дa удри сo сaтaрoт) и тaкви штo се зaтвoрaaт вo сoбa дa не гледaaт и дa не слушaaт крици oд живoтните aмa нa крaј зa дa гo средaт месoтo и дa зaпржaт чвaрки тукa се. Едните се пoлoши oд другите? Сaмo пoхрaбри би реклa. Нa крaј сите јaдaт oд живoтнoтo. И јaс не би удрилa сo сaтaр aмa некoј гo прaви тoa зa мене.
    Немa врскa сo темaтa, нo ритуaлoв кaкo ритуaл или aдет кaкo и дa е, не ми се дoпaѓa oд други причини.
     
    На Yowannty, LivingGlam и DAngel им се допаѓа ова.
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.794
    Допаѓања:
    175.984
    Пол:
    Женски
    Некако, некој што крка курбан кременадли во секоја пригода цел живот, упорно и многу лесно тежината ја става само на оној што по случајност на нештата, добил свој пород и дал курбан само еднашка во животот. :^) И пази, второво нема логика. Ама кременадлите за секој 1ви мај, 2ри Август, секој фамилијарен ручек во недела или секој спонтано договорен пикник со скара во природа, имаат логика.

    Не по врат, туку по шија.
     
    На duffi, Macido, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека некој има идено ради разонода, не заради верувањата дека легендата ќе им помогне ?
    Утре малце. И ако некоја од членките кои се изјаснија дека биле не верувале силно, не значи дека надвор од форумов не постојат луѓе до гуша зацапани во адети, суеверија, ритуали, магии, гатачи и бајачи.
    Темава е од општ карактер, не конкретно за проблемот на една или две членки.
     
    На Amellie13, Rebecca_R, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.901
    Допаѓања:
    267.373
    Со се' се согласувам во суштина, и како што кажа еднаш @WildMk единствен начин да се спаси планетата е да нема луѓе :)

    Патем, околу лицемерие на оние кои купиле/заклале јагне, а сега им е грозно ова, исто си во право, само првото јас го разбирам повеќе оти е нешто со што сме "задоени" - нашите родители од мали со месо не' хранат, но второто е ѕверски чин во смисла на побудата за истото.

    Побудата е многу важна, за се' што правиме.
    Убиство на човек е веројатно најлошиот чин, но сепак, кога државата е егзекутор, за многумина е тоа сосема ок.
    И двете се убиства, но за едното, многумина сметаат дека е оправдано.

    Мотивот не е занемарлива работа, тоа сакам да кажам.


    И ако го тргнеме настрана јагнето, ајде да речеме дека целиот чин е без јагне, пак мислам дека треба да се зборува и да не се поддржува заблудата, едноставно сите знаеме дека нема никаква врска, ама ајде да ќутиме од сожалување... за мене, и мојата совест, тоа едноставно не е во ред.
     
    На Anomis11, gjoker4e, Purplelilac и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    96.788
    Сакам да кажам, да, јас дискутирам за овие членки. Не дека нема такви како што ти ги кажуваш, ама побогу, не знам колку пати е кажано дека такво нешто е Ван сваке памети и дека никој разумен не го поддржува тоа. Овде се зборува за луѓе кои се ослонуваат на медицина, ама ете, измеѓу отишле и на некој камен, манастир и сл.
     
    На Harper, Stressed Out, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.901
    Допаѓања:
    267.373
    Знам, знам.
    Само до пред 10 години не знаеа дека постои алергија на глутен :)

    итн.
     
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.638
    Пол:
    Женски
    Јас па јадна неонка дури сега разбрав дека после раѓањето бебе се однесува јагнето :tmi:
    Па тоа го прави чинот сосема неоправдлив, и значи дека пола тема нѐ мафтате со guilt трипови. По кој основ ова спаѓа во преосетлива тема, надеж, фаќање за сламка и слично, кога веќе сте се оствариле како родители?! Или ако сте се бореле со неплодност, значи дека цел живот можете да практикувате суеверија, а никој жив да не смее да зуцне пред вас дека истите за него лично се нонсенс?
     
    На Anomis11, Amellie13, Purplelilac и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Да натераш некој да смени религија е малку некултурно и лично, јас почитувам сечиј избор но некои постапки навистина ја преминуваат секоја граница на разумот, најмногу мислам на тие бајачки или пак одредени ритуали кога е воведено во прашање колективниот имунитет тука веќе не можам да почитувам избор ти верувај во што сакаш али у ек на епидемија ти да влечеш деца во гужви по цркви е надвор од разумот како прво е крајно неодговорно како родител а и како совесен граѓанин кој што може да загрози туѓ живот.

    Исто и за бајачките не знам како при здрава свест некој верува дека човек може да поседува натприродни моќи и магично да направи некој да забремени или пак да ве смири со партнерот, познато е дека постојат преваранти кои немаат грижа на совест и се претставуваат како бајачи па дури и кога се во прашање сериозни болести каде што животот е доведен во прашање реално ваквите ситуации ме вадат од такт и не можам да премолчам ти верувај во што сакаш али при здрав разум рак да лечиш кај квази лекари е лудост и глупост или пак колку случаеви имало кога бемки ваделе кај надри лекари, бајачи и овие искомплицирале уште толку.

    Реално пласибо ефект ретко може со бајачиве да се јави затоа што или само ја комплицираат болеста или обично ликови одат кај бајачи кога се стерилни а реално пласибо ефект за стерилност слабо дека може да делува може за главоболка и слично али за вакви состојби тешко и се слагам со членките кои велат дека навистина треба да се искоренат овие верувања во бајачки а тоа може со остри критики да се искорени не знам како поинаку...
     
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.308
    Допаѓања:
    285.402
    Имаш барем еднаш речено ќе частиш ако положиш исппит?
     
    На christinnn, referentka и kukla21 им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Бaјaчкaтa ќе јa чaсти штo и пoмoгнaлa дa пoлoжи. Пред неa, бaп сo сaтaрoт, зa aрнo зa убo.
     
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.638
    Пол:
    Женски
    Па сигурно нема тоа да биде со колење живо суштество пред очи на сите, плус со верувањето и идејата на жртва што стои зад тоа.
    Не сум од оние кои им е исто секакво јадење месо и колење курбан, за тоа не би дискутирала оти за различно поимање и граници станува збор. Поентата ми е за осетливоста и „контроверзноста“ на критиките кон чинов.
     
    На Amellie13, Purplelilac, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Па и вие што славите...зошто кучињата и мачињата од дома не ги колете, ако веќе ви е исто?
    И мене иднава професија ми вклучува ескпериментирање со животни. Ама знаејќи дека човештвото би имало кориср, не можам да не го оправдам до негде. Што не значи дека не ми е жал.

    Оф топик
    Патем поназад што зборевте. Во месото има неколку аминокиселини (не памтам кои беа) кои за човек не се неопходни ( есенцијални) но за мачки се. И долгорочен дефицит од нив доведува во краен случај до смрт.
     
  19. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.147
    Пол:
    Машки
    Темава стана каша попара, поарно нека ја заклучат админиве:sweat:
     
    На Lolipop23, gjoker4e, WildMk и 6 други им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не е задолжително тоа да биде колено јагне. Баш сега на интернет читав. Треба да биде нешто, било што. Најчесто е јагне, оти така од турско ни останало. И оти им одговара на тамошните да продадат некое јагне.
    Кај нас за частење јагнето е секогаш прв избор, посебно кај луѓе кои си имаат навика. Секогаш е "ќе испечеме јагне, прасе"

    Дали ќе отидат на каменот да го земат јагнето од таму и таму да го убијат или ќе земат јагне од месара е сосема исто.
    Дали ја читавте приказната? Секоја година точно 40 деца се раѓале и затоа точно 40 јагниња имало, баш секоја година. Никој не пропуштил да не дојде, апсолутно сите се враќаат. Ќе излезе дека ако одат над 80 луѓе годишно на тој камен поголеми ти се шансите да не забремениш, оти точно 40, значи сите други со прстот во уста.
    И сите 40 се враќаат, па затоа има секогаш 40 јагниња. И баш на Ѓурѓовден сите доаѓаат.
    Немој да ми кажеш дека веруваш дека тоа баш така се одвива?
    Се знае, тие јагниња си идат од локалното население. Впрочем, како и во секој таков селски собир, а приказната е само за да се зборува...
     
    На CameliaMiller и Someonespecial им се допаѓа ова.