Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Народни и верски обичаи за забременување

Дискусија во 'Бременост' започната од Maya12, 2 мај 2019.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.308
    Допаѓања:
    285.402
    Претпоставувам одговорот е да. Страв ти беше ќе ти поништат отцена или сакаше да споделиш радост?
    Од страна , според некои критериуми тука, суеверие е.
    Нели за тоа зборевме, тргнавме на страна сиротите јагненца оти и така скоро сите( само новата членка се пријави за сега) кинзумираме месо и сл.
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Не споредувај со социопати... плиз
    Нема логика и Господ.
    Да ја затвориме темата ако не треба да кажуваме спротивставени мислења.
    Сите да-да ако се во темава, нема потреба од нејзе.

    Дали сте се запрашале зошто целиот притисок е на жената?

    99% од она што се прави со бајачи, и надрилекарски пракси, и обреди; е насочено кон жената.

    Зошто толку е 'недозволиво' жена да биде без дете?
     
    На Someonespecial и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  3. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Ве читам и сфаќам дека разликата помеѓу вас кои го разбирате одењето на каменов како и чинот со убивање на јагне и ние кои сме против истото е во искреноста.

    Во вашиот случај доколку ваша блиска личност сака да го направи тоа, нема да споделите мислење дури и ако самите сте против тоа. Воедно ќе и ја потхраните надежта која потоа може да премине во длабоко животно разочарување.

    Ние пак ја бираме поддршката и разбирањето со упатување кон медицински лица, можеби патување или места за опуштање на психата. И секако се одлучуваме да се носиме со последиците од искреноста дека не веруваме во каменот.
     
    На Anomis11, Tan4ence, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    88.072
    Пол:
    Женски
    Одењево на каменов е само еден од разни обичаи кои се применуваат кај нас,а и кај други народи.

    Многу работи немаат логика,нема логика ни кога атеисти слават Бадник и делат лепче со паричка,а колку од атеистите го прават тоа?
    Паричката да донесе срека,здравје или бериќет.
    Ама ке се дојде тука и ке ги осудуваме за каменов.
    Што е разликата меѓу паричката и каменот?
    Некои луѓе сакаат да веруваат во чуда,можеби чуда и се случуваат,кој би знаел со сигурност?
     
    На kukla21, Emy867, ocicka2014 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Сентиментална традиција е тоа.
    Не сум атеист, агностик сум.
    Не верувам дека лепчето ќе донесе среќа, здравје и бериќет...

    И елка редам (најчесто), ама не верувам во Дедо Мраз.
    пак.. сентиментална традиција...
     
    На Purplelilac, CameliaMiller, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    88.072
    Пол:
    Женски
    Не зборам за тебе лично,и јас сум агностик.
    Ама е точно тоа што го зборам,нема всушност разлика од паричката до каменот.
    Значи паричката која носи срека е сентиментална традиција.
    а одењево на каменов за да им се роди дете е будалаштина.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ако очекуваш дека паричето во лепчето ќе 'направи нешто магично', за мене е заблуда, ако го прајш то 'онака', тогаш е само традиција.

    Одат на каменот оти очекуваат 'нешто магично'.
     
    На Tan4ence, Purplelilac и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.794
    Допаѓања:
    175.984
    Пол:
    Женски
    Искреноста нема врска.
    Надежта има. Надежта е водечка сила, и се додека постои тоа зрно надеж за исполнување на нивната најголема желба, ние нема да им ја уништиме само поради наши себични причини оти ние не веруваме во истото.

    Не знам зошто некој мисли дека пар кој поминува низ голгота за да стане родител, и веројатно тоа им останува единствена желба со која тераат низ животот и после години и години, демек ако не се оствари, а посетувале психијатар нема да бидат разочарани, само оти посетувале психијатар а не камен?

    Разочарување од неуспех ќе има на овој или оној начин.
     
    На Emy867, christinnn, Harper и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    14.534
    Пол:
    Женски
    Готово,после оваа твоја критика,ти веќе го искорени верувањето мое,признавам...
     
    На Ана на мама му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ќе бидам брутално искрена...

    Зошто да биде желбата за бременост, единствена која ја тераат во животот?

    Зошто се' во нечиј живот да се сведува на тоа дали ќе има дете, или не?

    Идентитетот е комплексна структура, не треба да биде сведен на една и единствена желба и цел.
    Освен ако не е прашање на живот и смрт, па си во срвајвл моуд.
     
    На Annath, Independent Girl, Tan4ence и 4 други им се допаѓа ова.
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Не јадеш чоколадо(facepalm):?:
     
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.794
    Допаѓања:
    175.984
    Пол:
    Женски
    Ама како можеш така Вајлд да си земеш за право да кажеш некому што да му биде желба во животот? Смеам ли јас или било кој друг тебе да ти кажеме како и според што да се водиш во твојот живот?

    Извини ама ова навистина помина секоја граница.
     
    На SexiLy, kukla21, Emy867 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.257
    Допаѓања:
    112.385
    Пол:
    Женски
    Ме интересира твојот одговор на ова прашање.
     
    На Ана на мама му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Не се обидувам да им кажам што треба да им биде желба, него ме интересира позадината на нужноста да се биде мајка.

    Од каде и како е створен конструктот?
    Мислам.. имам јас идеја од прилика, ама ме интересира што мислат и другите.

    Прво, сметам дека потребата се должи на инстинктите кои се вградени во секој жив организам: Јадеш, пиеш, се размножуваш...
    Тоа ок, го прифаќам како такво пошто не можеш да 'моделираш инстинкт'.

    Она што го гледам како 'проблем' е притисокот од заедницата (тесна и поширока), општеството, црквата, традицијата... жената според сите овие 'тела' треба да биде мајка...
    За многу од нив, не само што треба, туку и 'мора'.

    Зошто жената е 'јалова' ако не може да има деца?
    Не е болна.
    Како засебно битие, може да функционира. Да биде целосно изградена личност и без да биде мајка.
     
    Последна измена: 9 мај 2019
    На Alita, Independent Girl, Tan4ence и 3 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.901
    Допаѓања:
    267.373
    Тоа го објаснив претходно.

    Ај еве една хипотетичка ситуација.
    Имаме жена без јајници и матка.
    Значи е невозможно никако да биде бремена.

    Што е подобро: да ја оставиме да верува во лага и да гаи лажна надеж, или да ја посоветуваме да оди на психијатар за на здрав начин да се справи со болката и реалноста, за да може да воспостави нормален, исполнет живот повторно?

    Ако сум јас таа без матка... не ми правиш добро со тоа што ќе ме оставиш да гаам лажна надеж. Јас мислам дека е нехумано, посебно ако сме блиски.

    Дали дека на свој грб сум се соочила со ситуација за која чаре нема, па најмногу ме повредило премолченото сожалување.. не знам.

    Ако си ти таа со без чаре ситуација, повеќе сакаш луѓето да се искрени, или да те остават засекогаш да тапкаш во кругот од надеж до очај и назад?
     
    На Anomis11, Independent Girl, Tan4ence и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    88.072
    Пол:
    Женски
    Ама за тебе.За некого не е така.
    Поентата е во двојни аршини ,а исто е,паричето ќе донесе среќа,а каменов бебе,и сите ние ќе делиме лепче ради традиција ете,ама за каменов ке ги бесиме жениве.
     
    На duffi, ocicka2014, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    За ова никако да се согласиме. :)

    Го имате ова погрешно сфатено, па затоа ќе нагласам дека ниту една од нас не кажува поради себични причини односно за да испадне дека е најпаметна. Не ни е ни битно дали на крај ќе испадне нашето точно или нивното, битен ни е човекот.
     
    На Independent Girl и Someonespecial им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    88.072
    Пол:
    Женски
    Каква врска има ситуацијава со темата?
    На каменот одат жени кои имаат матка и јајници,кои се лечат и имаат реални очекувања и надежи.
     
    На Lolipop23, Emy867, LivingGlam и 5 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ти кажав дека не верувам оти паричето ќе донесе среќа.

    Еве како и' објаснав на ќерка ми:

    'Сите го местат паричето за Бадник, да им се падне на децата.
    Ние нема да ти го местиме.
    Кај кој и да се падни, сите ќе сме 'среќни'.
    Мене ако ми се падни, за јас да бидам среќна, треба и вие двајца со татко ти, да сте здрави живи и среќни.
    Значи на кој и да се падни, за сите важи.'
     
    На Anomis11, Independent Girl, Purplelilac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.794
    Допаѓања:
    175.984
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller Каме, тоа е друга ситуација. Таа нема јајници и матка. Таа и сама знае што може, а што не може.
    Се додека имаат јајници и матка, и еден прооден канал, постои реална надеж. А надежта е тоа што нив ги води. На психолог не гледаат надеж дека ќе затруднат, ама за каменот ќе помислат “можда има нешто” и ќе се држат до тоа “можда” оти нив тоа им е најбитно на свет.

    Значи, ги читам со години се боцкаат сами, во стомак сама се боцка, во рака, во кук. И потоа ќе отиде до каменот.. па нека. Ако барем малку нејзи ќе ја смири, мене секако не ми менува ништо во животот.

    @Purplelilac тогаш можеме да се сложиме дека на сите овде битен ни е човекот. :)
     
    На Lolipop23, LivingGlam, duffi и 5 други им се допаѓа ова.