Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Народни и верски обичаи за забременување

Дискусија во 'Бременост' започната од Maya12, 2 мај 2019.

  1. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.256
    Допаѓања:
    112.372
    Пол:
    Женски
    Ако со оваа дијагноза те терам да одиш на каменот не ти давам лажна надеж, будала те правам и тоа е нехумано.
    Не одат таквите на каменот, ни на психијатар ни на психолог. Помирени се, тие не очекуваат ништо ни со камен ни без камен.
     
    На Lolipop23, Emy867, Bubce38 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.718
    Допаѓања:
    14.526
    Пол:
    Женски
    Ај ти сега затвори очи и пробај да си го замислиш животот без ќерка ти....каков е?
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Не можам, и не сакам, заради тоа што е веќе родена. Вистински човек е, не е фиктивна.
    Но во брак влегов, со изјава, дека не планирам деца, најмногу заради депресијата и анксиозноста, и не знаев дали без терапија ќе можам да износам плод.
     
    На Anomis11, Independent Girl, Purplelilac и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.718
    Допаѓања:
    14.526
    Пол:
    Женски
    Матка и едно фоликулче,само толку е доволно,ни канали ни ништо.

    Покрај се ти имаш дете ете,имат овде женички шо со години фоликулче не можат да извадат,запушени канали,тромбофилни состојби па пак се надеваат на детенце,пак ќе ви речам,не бидете сурови.
     
    Последна измена од модератор: 10 мај 2019
    На ocicka2014, Ана на мама, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.899
    Допаѓања:
    267.367
    Каменот и во двата случаеви ќе го направи истото ништо.
    Таман си е компарацијата.
     
    На Anomis11, Purplelilac, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Знам. Се' знам. И знам дека 'ги боли' тоа.
    Сакам да не ги боли... сакам да не им е криво.. сакам да се сакаат себе си, без разлика дали се мајки или не.

    Не гледам суровост во тоа.
     
    На Alita, Purplelilac, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.308
    Допаѓања:
    285.397
    Имаш двојни стандарди и аршини.
    Еве и јас, како мајка на три, реално без потешкотии околу забременување(потврдувам дека на одмор, кога е човек релаксиран се има поголем успех), да им кажувам за суштината на животот без деца, како животот не мора да се врти околу деца итн.
    И не, не велам ни едното ни другото, целосно ми е невкусно некој кој се изјаснил дека пробува на секој начин да додје до тоа дете, јас да му држам животни филозофии од овој тип додека моите си спијат во детска.
    Самите си знаат што сакаат.

    И нема потреба околу притисоци од заедници, цркви....жените си имаат свој став, мислам со своја глава, чуствуваат со своето срце.
    А и после толку посети по доктори точно знаат дали проблемот е кај мажот или жената и терапии за негово надминување.
     
    На Annath, Lolipop23, kukla21 и 9 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Никој не мислиме 'со своја глава', се' е научено однесување... добро.. повеќето.
     
  9. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.256
    Допаѓања:
    112.372
    Пол:
    Женски
    Тогаш зошто им го спориш начинот на кој тие мислат дека болката ќе им се намали?
     
    На Annath, orhideea, Emy867 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.899
    Допаѓања:
    267.367
    Народните верувања се скоро секогаш врзани со жената, реално е така. Оти мажот не можело нели "јалов" да биде :)

    Тоа го кажа Вајлд. И дека маж без деца никој не го сожалува, ама со жените не е исто. Тоа е пак една сосема друга тема, може и има таква, зошто од нас како жени секогаш се очекува да бидеме мајки.

    Еве мене со години ме учат да родам дете, луѓе на кои им имам кажано дека не сакам :) на дм никогаш не му збореле колку на мене.

    Посебно па сега откако се веривме, секој што мене ми честита прво деца ми посакува, но на него не :)

    Зошто е тоа така?
     
    На Alita, Independent Girl, violetblue и 2 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Оти мислам дека не им се намалува.
    Муабетот што го кажував за очекувањето и разочарувањето.

    Значи, примаш терапија за стимулација на овулација, па одиш на пункција или инсеминација па ин-витро, и ако нема позитивен резултат, доаѓа разочарувањето.
    После одиш кај некоја баба, и очекуваш дека од таму ќе биде лекот. Ако нема позитивен резултат, наново се разочаруваш.

    Зошто постојано и постојано да се 'доведуваш во ситуација', да бидеш разочарана?

    Сигурна сум дека, на оние кои се борат со неплодност, 99% од животот им се врти околу зачнување и износување плод.
    Секоја мисла и постапка им е насочена кон тоа...
    Па уште ќе ти се акни некој, и ќе ти речи: Кога деца? - па ти иди да му шибниш една и да го спружиш на земја...

    Не знам дали објаснувам ко шо треба, ама мислам дека може да имаш живот без да бидеш опсесивен за една работа.
     
    На Anomis11, Amellie13, Purplelilac и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.638
    Пол:
    Женски
    Не да не е суровост, туку е најхуманото и најправилното нешто на што секоја девојка треба да се учи... И јас ова во себеси го мислам цело време додека ја читам темава, „скандалозно“ е да се пише и не се осмелувам навистина, но ти си искрена до срж и храбра како и секогаш. Ете, имаш 40+ години, мајка си, а си задржала објективен поглед за сè. Затоа и те почитувам од почеток, одамна не ти го имам повторено тоа :hug:
     
    На Purplelilac, lovestoneddd, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.308
    Допаѓања:
    285.397
    И мислат со своја глава и чуствуваат со нивното срце.
    Да се повториме дека жениве одат по доктори, дека жениве точно знаат што е проблемот и се има точна дијагноза, дека лицето на кое му е потребна истата(сеедно маж/жена) прима терапија.
    Народните верувања паѓаат во вода после посетата на доктор. А одат жениве по доктори, тоа го кажавме веќе.

    Мислите дека мажите не ги боли, немаат емоции, не чуствуваат, не посакуваат, дека не се дел од тимот и најголема поддршка на жените во оваа битка?

    Ниту сакаш деца, ниту планираш да родиш деца, ниту одиш по камења. Толку е едноставно уствари.
    НЕ знам зошто луѓе на кои им викаш дека нема да родиш упорно ти викаат роди.
    еве тука на жени кои сакаат да родат им викаме не мора, животот и без деца бил убав.
    Оти да не се почитува туѓото мислење, спротивно од нашето?
     
    На Annath, kukla21, Emy867 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    И мене ми беше страв да го кажам... се тегавев со денови.. Оти знам дека многумина може да го сфатат како напад.
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.791
    Допаѓања:
    175.932
    Пол:
    Женски
    Еднашка и јас не се гледав како родител. И еднашка пред месеци можеби и јас ќе ја тегнев другата страна од муабетов.
    Конструктот не знам од кај е створен, ама еве кога праша ќе зборам за себе, оти не знам за другите.

    Решивме со маж да престанеме да користиме заштита. Муабетот ни беше, опуштено, не работиме само на бебе, туку ќе престанеме да се пазиме, сигурно нема да се фати 6 месеци до година, божем може да се предвиди и испланира ама ај... Од пуст мерак броев денови од првиот незаштитен однос и на точно 2 недели праев тест кој беше негативен. Јас се разочарав, не знам дали можев повеќе да се разочарам во тој момент дури и солзи ми се стркалаа. Друго, тоа беше истовремено огромно изненадување за мене, оти до тој момент јас уствари не сум била свесна колку многу сакам бебе. Сега било која женичка што се бори со неплодност овде и со десетици и десетици негативни тестови има право да ми се смее, и јас немам право да кажам дека ја разбирам оти вториот месец веќе зачнав.
    Ама после таквото разочарување со првиот негативен тест, и сфаќањето колку многу уствари сакам бебе, сите останати желби во тој момент ми станаа минорни. Уште ги имам, ама секако сега се ми е во втор план.

    Дали секоја жена реагира исто како мене? Не знам. Ама еден тест мене ми покажа што сакам во животот најмногу. И иако навистина не знам како е да го сакаш тоа во животот со години и години, можеби и сум малку пристрасна на темава, признавам.
     
    На SexiLy, Lolipop23, kukla21 и 11 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Знаеш многу добро дека децата се учат како што гледаат, а сите бевме деца.
    Башка пропагандата и рекламата.
     
    На Alita му/ѝ се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.308
    Допаѓања:
    285.397
    И сето тоа го кажала жена која веќе е мајка и колку што ја имам читано без никакви проблеми со зачнување и која ништо од тоа низ кое минат жените не осетила на своја кожа.
    ама важно сака да си се сакаат сами себе.
    Од страна што ја читам мене ми е болно, а не па да се пронајдов во постот.
     
    На orhideea, pravnicka_2604, Emy867 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.718
    Допаѓања:
    14.526
    Пол:
    Женски
    Се сакаме,ама се чувствуваме непотполни,то е се.
     
    На Emy867, ocicka2014, Martka и 4 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ете ова е тоа што ме мачи :hug::hug::hug:

    Жими се', сакам само да не се чувствувате така.
    Може моите видувања за начин на кој би се надминало чувството на 'непотполност' не е правилно.
    Може грешам, ама она што сакам, е да не се чувствувате така.

    Нема потреба :hug::hug::hug:

    Секој човек, секој живот е вреден :hug::hug::hug:
     
    На Purplelilac, Stressed Out и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.256
    Допаѓања:
    112.372
    Пол:
    Женски
    Затоа што сакаш бебе!!! Затоа што ако е така само еднаш треба да легнам со мм ако биде биде ако не повеќе нема обиди јер ќе се разочарам?
    И за вештачко е така. Да пробам со вакви боцки со овие стимулации, после 6 месеци пак и пак се до успех. Се додека доктор вели дека имам шанса ќе се обидувам. Се би направила за да имам бебе. Желбата е поголема од разочарувањето. Ако ми е страв од разочарување нема ни кај доктор ни на камен да одам.
     
    На SexiLy, Annath, orhideea и 13 други им се допаѓа ова.