Оти сите го игнорирате фактот дека секако се колат 40 јагниња, и дури ни една жена да не отиде пак ќе се заколат 40. Оти не е теоретски возможно точно 40 жени да одат секоја година. Тоа си е собир каков што има повеќе од еден во државата. И за Ѓурѓовден, и за многу други празници. Значи поплаки за колењето на јагниња директно кај локалното население. Оваа година одмина, ама следна сите таму да сте се нацртале. Патем, оти Анима Мунди не реагираат за вакви работи? Или само за кучиња ги интересира...
Со се' ова се согласувам, само не ми е јасна одбивноста кон стручните лица, али нејсе. За останатото џабе прајме муабет, оти ти ме убедуваш упорно дека одат на излет, а уствари не одат на излет... ама нели, ќе прилагодуваме факти за да ни одговара со теорија, и така. Кај ги најде АМ жити се' Не можат ништо да направат, оти не е нелегално. А инаку, ако ги следиш, апелираат да не се убиваат животни, секако
Трн во око ми се од кога ги барав за една птица што требаше да се згрижи и ме оставија на seen. Не е куче, не можат да печалат од него, јгб. Барем да ми одговореа.
И да е за пикник, што се мешате во другите животи да посочувате некој дали да оди на карпа во св. Николе или во Скопје. Ете оти таа карпа ќе им донесе мир, а не било која друга во земјава. Некако давате слика на модерни членки што осудуваат мешање во туѓи животи тука на форумов, но на темава многу ми е мило што си ги откривте вистинските лица. На друга тема која сте ја развиле предходно каде што се чидите зошто не се чуствуваме комплетно и дека притисок бил само на жената да роди. Во мојот случај е така јас барам секакви решенија за проблемот бидејќи се установи дека јас сум проблемот. Иако ова од маж ми никогаш го немам слушнато вели дека заедно имаме проблем. Ако е до мажот, тогаш тој бара чаре. Ако мислите дека само жените сакаат да се остварат во улога на мајка, тогаш сте во голема заблуда. Зошто ги исклучувате и мажите во приказнава? Знаете ли колку има мажи кои се нафаќаат да одат со донирана сперма само за да се реализираат како родители? И потребата од дете кај мене е барем вака: запознаваш сродна душа, градиш живот со неа, кариера, куќа, кола но сакаш и дете со тој човек бидејќи не ти е доволно, сакаш плод на вашата љубов, смисла за твоето постоење, да одгледаш, воспиташ и да имаш за што да се бориш во животот да имаш цел. Да створиш фамилија. Утре внуци, правнуци. Како некои што уживаат во шетање, слобода, кариера некои уживаат во кругот на фамилија. Ете некои не се задоволни со реализирање на сите сфери во животот, но да нема дете. И дете му е една од целите и желбите во животот покрај другите. На крај која е смислата на човековото постоење и како сме стасале до тука? Со размножување, тоа е во човечката природа исто како и ланецот на исхрана кој го спомнувате погоре. Не е фер од жени кои имаат деца/дете да има коментари од типот што ќе ти е дете и зошто без него да се чуствуваш некомплетно. Секој си знае за себе и може да си каже само за себе, а за друг е осуда и обид во вмешување во приватноста.
Во мојот т.е во нашиот случај не е целиот притисок врз мене. Напротив ,повеке е врз мм. И покрај тоа што учествува во сите "вонмедицински третмани" во исто време и ми е психијатар. Кога бевме на каменот ,тој го плетеше коланчето, кога требаше последно јаболко да каснам тој го обра дрвото.... Чак што више јас мислам дека тој е под поголем притисок од мене. Го гледам колку е тажен кога плакам. Го осекам. Знаеш дека мм е многу возрасен човек. Знаеш дека се зедовме кога тој имаше околу 58 г . Уште кога го запознав сфатив дека тој нема некоја којзнае каква желба за бебе. Го сфатив тоа по неговите раскажувања за бившите девојки. Скоро со секоја се разделувал околу таа причина. Не знам дали до толку не сакал да стане родител,дали ниедна од нив не била вистинската, дали дали? Многу дали . Искрено на почетокот и јас не бев нешто аздисана за да станам мајка.После сите трагедии кои ми се случија ( повекето ги знаеш) доволно ми беше што повторно ми се случи љубов , засакав повторно ,ме засака тој . Си мислев дека ништо друго не ми фали во животот. Ама....... Сега сакам . Очајно сакам . Го гледам сака и тој . Нема потреба да ми каже дека многу сака , го чувствувам јас тоа. А зошто сакам толку многу ... не знам да ти одговорам. Веројатно ке знам еден ден , кога ке станам мајка . А Дотогаш ? Ке продолжам да си верувам дека чуда постојат. Чудо постоеше и кога се борев за живот после тешка сообракајка и сите се чудеа како излегов жива од колата што ја возев , чудо постоеше и кога паднав во тешка депресија кога ги загубив најмилите , чудо постоеше и кога паднав во несвест па токму тој ме лечеше. И да не бројам. Зошто да не се случи чудо и за ова? И не е недозволиво да бидеш без дете. Недозволиво според мене е да се помириш со судбината ( како што викаат некои). Јас одбивам да верувам дека има таква судбина или така ми е пишано . Да ми кажеше некој пред Х години дека ке одам на Говедаров камен ке го направев без три чисти. Ама сега не. И за друг камен да слушнам и тој ке го вртам
Се надевам после овие ваши постови во кои ја изнесовте интимата, болката и вистината нештата ке бидат јасни на оние на кои не им е јасно зошто се оди на каменот.
И да не се разбереме погрешно . Јас ,а верувам и останатите членки кои пишаа дека одат на вакви нешта ,не се баш горди на сето ова , мене ова не ми беше зацртано од малечка дека е екстра кул да одиш по камења , бајачки , извори. Мене ми е јасно како ден зошто сите вие кои сте против ова , вака пишувате на темава ,со одвратност. И јас ке пишував така можеби . Во очите на многу од вас изгледам како некоја сељанка ,без тронка образование, некоја глупачка која мисли дека вражари, камења или некој поток може да и го реши проблемот.Но јас не се сметам себе си за толку неука. До утре да пишувам ,тој што не сака да ме разбере -нема да ме разбере. На никого не посакувам да му се случи да дојде во ситуација да почне да оди на вакви места. Иако на шала ке речеме одиме на излет таму ,убаво ни е ,се релаксираме. Не! Тоа не ни е доживљајот за кој мечтаевме од деца . Што би рекла една другарка - Јас овакав живот нисам нарућила
Премногу си давате за право на некој да му кажете дека и животот без деца е комплетен. Во ред е да го кажете за себе , ама не да зборувате во друго име. Посебно за некој кој се соочува со таа болка. Згрозена сум од тоа што прочитав. Жена кон жена - емпатија никаква. Не мора да ги подржувате. Едноставно бирајте зборови кога дискутирате. На сите страни ја избртевте дискусијата, почнувајќи од тоа дека јагнето е побитно од жената . Дајте , ве молам... Изгледа никогаш ги немате отворено темите за забременување, да видите низ што се овие жени минуваат. Па вртењето низ каменот е обична мачкина кашлица. И ако некој мисли дека ќе му помогне истото или што и да е вакво, баш ама немате никакво право да судите. Прво не сте им во кожа. Куп жени има кои одаат и на психолог и психијатар, паралелно. а упорно тврдите и ги насочувате таму. Ги направивте прости и неуки. Туку тие кои ги посетуваат сите можни доктори, одат и прават народни верувања, во која група ги ставате? Давеници за сламка се. Прават се за да знаат дека се што чуле, сториле. Со надеж дека ќе дојде и плодот. Прости и неуки во најмал случај не се. Само да не сте им во чевлите.
Ме интересира зошто ти си играше и отиде со татко ти кај таа жена ? Од љубопитност? Те натераа? Од очај ? Од мерак?
Очекувам нормално,исто како шо очекувам и после инсеминација шо ме коштат 200 евра,а ова е бесплатно и помалку стресно верувај,нормално дека имам очекувања кога гледаш дека 2 и пол години после само секс во спалната немат бебе,пристапуваш кон други методи,нормално дека имам очекувања,и после секој секс имам очекувања ама уживам во него,мислам дегутантно е веќе да дебатираме за ова,сериозно...
Не е точно дека товарот е само на жената. Еве јас имам неколку примери околу мене со мажи над 35г на кои им велат - кога ќе гледаш деца? Можеби тоа било некогаш, сега сепак работите се поинакви.
Што се Што се фати сега за мене? Нее поврзано тоа со таа жена. Ама човек демек верник на бога чита визии и сонови и помагал за забременување преку телефон е и те како е играчки.
И братучед ми е таа возраст и тетка ми од уста не го вади, да се женел, внуци да гледала. Исто и друг братучед, +30, од дома само тоа му зборат, кога деца, да се зимале со девојката. И дома имам пример. И на мм само тоа му зборела свеки пред да ме запознае. Од друга страна мене апсолутно никој никогаш ми немаше речено, најмалку мајка ми. Типични муабети од постарата генерација. Ама и за двата пола, не само за жените.
Не бре ,не се фатив . Зошто одма на кавга? Прочитав дека пред да забремениш си била со татко ти кај некоја жена. Затоа те прашав кој ти е бил мотивот? Оти еве и јас сум била. Не ми е проблем да кажам дека сум била . Ама не можам да ја дефинирам причината конкретно зошто сум отишла