Затоа реков, во денешно веќе 'притисокот' не е само на жената. Да не навлегувам во детали дали е тоа ок или не, сакав само на Камелија да и го предложам ова, бидејќи ете нејзиниот дечко не го прашувале.
Еве да кажеме од радозналост. Чисто да видам што ќе каже,но цврсто стојам на тоа дека никогаш веќе не би отишла. Познаничка моја каде се не беше мислам дека сите цркви ги отвараа,кај сите бајачи беа. И кога отидоа во Острог имаа успешно ин витро,бебето кога имаше 5 месеци остана природно бремена. Еве ако некој не бил може да пробате и таму.
Да се приклучам јас со жив пример од луѓе кои ги знам. Спојлер: Прав од сафир Неможеа да имаат деца, па чуле од некаде дека некој си од некое село ,,баел,, за добивање деца. Го најдоа човекот, услов е да се отиде еднаш кај него да и забае на жената, а втор пат тој доаѓа во нивниот дом , ама да не влезел внатре, само да и подадел нешто од врата. Му дадоа 200 евра на бајачот (толку им побарал).Нормално сите со реакција -будали сте што давате толку пари, ве лаже, мора да е некоја измама.Но тие изгорени од желба дете да си имаат не не послушаа. Отидоа кај него, дојде и тој кај нив дома и и подаде на жената некој прав (да го испиела) Женава од страв го даде на анализа па излезе дека е прав од струган САФИР Па научно и објаснија дека струготините од сафир стварале висока Т во женските органи и притоа се лачело нешто кое придонесувало за подобор прифаќање ан сперматозоидите (ич не сум по медицината и извинете ако пре-просто објаснувам) Го испи правот со чај и остана бремена. Многу бил скап и од далеку го порачувале тој прав од сафир, фактички тие 200 евра биле за тоа. СДК дека секој народен лек, напрден обичај си има некоја основа.Дали делува на психа (да се опуштиш) или на организмот (да го поттикне) не е ни битно.
Сум била и на Острог Инаку ,секој на кого ке му заврше голготата верувам да ке рече дека никогаш нема веке да оди по вакви работи. Т.е барем јас би рекла така .
За присокот, зависи од луѓето. Моја мајка и за мене и за брат исто била досадна. Свекрва не досаѓала ни на маж ни мене. За трети и шеснаести особи, никогаш не ме интересирале ниту имале некое влијание, во било која сфера на мој живот. Не дека овие мајкиве од погоре имале некое влијание, или сум чувствувала притисок или одобрување. Или дека сум родила дете заради истото. Сметам дека на сите или ни се пали сијаличка во одреден момент дека сакаме да се реализираме во улога на родител, или не ни се пали. И двете се ок.
Рефке не ми стварај вакви обавези. Кај да барам сафири сега . Се шалам Не верувам од тоа да е останала,ама да се продава на пазар пример ,сигурно би купила
Не си играм со ништо, прилично добро се изразувам. Ниту деца раѓање, ниту деца одгледување, не се терет на маж колку на жена. Ај ако не, најди ми на овој или кој било форум, тема за поддршка на желни татковци, 1000 теми за бебе и дете итн. Јас не сум видела, ама шознам.
Сега ќе ја оттерате темата во стил: "вие уствари не сакате деца, само општеството ве тера така да мислите"
Мила може успехот на твојата успешна бременост е токму жената кај која си била иако сега не би отишла пак,но има успех и одењето на Острог,тоа е моќно место.Целта ги оправдува средствата.Поздравче и секое добро
Немат цели теми за нив,ама имат многу машки во темите за жените шо се исто загрижени колку жените,споделуваат искуства и бараат совети,раѓањето не е нивни терет точно,но зачнувањето е и одгледувањето се,зависит каков е човекот и колку добро ќе си ги распределите обврските.
Лелеее Смешно ми е малку . Јас да останам бремена после одење на некоја бајачка ,камен ... и да родам ,никогаш не би рекла - бајачката ми помогна. Свесна сум дека не е до тоа да ја погодиш вистинската бајачка или правиот камен . Ама сепак одам. Верувам дека и повекето одат од радозналост
Примерот од рефка со 200 еура и прашак кој можеби и би имал некакво дејство е ништо во споредба со моите комшии кои цела куќа изградија поради суеверие. Пред 15+ години, пар, маж и жена Турци ни се доселија во маало. Двајцата доктори, многу културни и фини, со години се бореле со неплодност. Некој им рекол ќе одите да живеете во македонско маало, меѓу Македонци, па тие си напраија цела куќа во мое маало. Не им водев есап за да знам кога се фатило бебето, дали на годината, втората, третата, ама како низ магла го памтам девојченцето како возеше тротинет со другите деца по улица. По некоја година се отселија. Не тврдам дека тоа што се преселиле во наше маало, и ради нас Македонците добија дете, боже мој, ама тоа само покажува колку многу човек е спремен да направи за свој пород. Дури и куќа да изгради поради суеверие, кое апсолутно не е никаква гаранција, за таков голем влог. Е сега некој што нема желба да роди, нормално е да не ја сфаќа туѓата желба, ама да седиме тука и да ги убедуваме дека тоа не чини, дека тоа нема логика, дека се потполни и мора да се осеќаат потполни оти ти се осеќаш потполна и оти во некоја книга така пишува... е апсолутно безобразно. Замислете само како некој вашата најголема и најпосакувана желба во животот ви ја вади низ нос, само оти не ја разбира и му изгледа нелогична.
Мажите никогаш не биле толку отворени за своите проблеми како жените, што не значи дека не бараат чаре за истите од врата на врата како и жените.
Притисокот паѓа и на мажите. Може не на сите, ама тие кои имаат вистинкс желба да се остварат како родители и те како. После мојот спонтан јас не разговарав со никој на темава, не сакав, ме болеше. Се отварав само овде и пред мм. Додека мм имаше зборувано со близок другар малтене ко брат за тоа, бидејќи и они се соочува со истото, па и бетер. Во прв момент се налутив ама после сфатив дека и он се отвара пред некој, а да не сум јас , како јас што би разговарала со другарка/сестра/мајка. Далеку од тоа е да баш ги брига. Го гледав и тетин ми во нивната борба , колку беше посветен. Читајќи ја темата за вештачко и посветеноста на мажите нивни, се ќе ви стане јасно. Притисок чувствува секој кој вистински сака да се оствари како родител.
Точно,се сведуват на то дека ако не го одиш тој пат и не можиш да расудиш низ шо се минуваат паровите,не само жените,туку паровите.
Сите сме биле ! Еве и ја... Во Зелениково кај некој си човек што соработува со црква и поп. Ама кој да знае. На крај ми вика ќе бидеш канета на свадба! Чекај сега си вика , ова е клисарот , бајач, што е? А не бев за мене, правев друштво, си викам и црква па ај. Ама луѓе, проблем не е камен! Носење пари, подароци на некој таму ај. Нека оди кој сака. Ама јагне? Курбан еј! Да се коле сирото зошто на некој така му текнало.