Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Народни и верски обичаи за забременување

Дискусија во 'Бременост' започната од Maya12, 2 мај 2019.

  1. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.733
    Допаѓања:
    145.137
    Да прво покажувам емпатија кон човекот , жената.
    Не можам и не сакам да ја ставам на исто рамниште со јагнето, оти не е.
     
    На Emy867, danichap и Yowannty им се допаѓа ова.
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Најди ми едно мислење каде некој ја стави на исто место жената со јагнето, па ќе продолжиме со дискусијата. Се осуди конкретниот чин на курбан, не желбата за дете.
     
    На bibiiii, SexiLy, WildMk и 6 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.870
    Допаѓања:
    267.249
    Чим научникот не може... ок.
    Чему дискусија објективна?
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Фарбате ли јајца за велигден? Им поминувате ли на домашните по лице велејќи црвено, бело, здраво? Па тоа јајце нели пиле можело да биде, убаво и здраво? Ја подржувате ли оваа традиција на фарбање јајца, играње со нив, кршење, раздавање, носење во црква? Зошто? Какво значење има за вас? Што е со кокошките кои се пикнати во мизерни услови и се полнат со секакви препарати, за да износат милиони јајца, за да се празнува овој ден?
     
    На SexiLy, Cka, ane.bella и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.717
    Допаѓања:
    14.523
    Пол:
    Женски
    Во право си,не ја стави жената со јагнето,туку бебето со јагнето.
     
  6. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    96.672
    Камелија, научникот може во случај кога нештото се изразува со точна, фиксна бројка. Кога е мерлива величина.

    Јас како што знам, чувствата не се мерливи така.
    Ова испитување е веројатно на група испитаници од 100/1000 луѓе, па е донесен заклучок врз основа на нив.
    Ама светот е голем и сите сме различни. Посебно па за чувства, кои и те како се менуваат од секунда во секунда со секоја нова и најмала ситуација.
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.870
    Допаѓања:
    267.249
    Околу кокошките се согласувам.
    Околу јајцата, не баш.
    Не жалам ембриони. Ни човечки ни кокошкини ни јагнешки.

    Психијатријата и психологијата се науки.
    Ако не ти е јасно како функционираат, не значи дека не функционираат. Ниту значи дека резултатите се произволни. Ниту па реакциите на луѓето и нивните чувства се до толку апстрактни колку што би сакале да мислиме.

    Ова е само едно истражување, ако навистина те интересира, изгуглај, или ќе изгуглам, доста има истражувања направено.
     
    Последна измена од модератор: 10 мај 2019
    На FreeMind, Someonespecial и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    Па кокошката е за жалење. Не е дека доброволно ги дава. Сака да ги испили, ама тогаш ја бањаат со ладна вода за да нема таков нагон (станува агресивна ако сака да ги испили а ти и' ги земаш).
    Ова од тоа што сум гледала, зашто конзумирам јајца произведени на природен начин, со кокошки пуштени на слобода во голем двор. Не се чувствувам guilt-free поради тоа. Ми е жал кога гледам, многу. Да, понесурово од кокошките затворени во фарми. Но свесна сум дека како човек се поставувам супериорно над животно кое не ми дава со своја согласност.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    96.672
    Јас многу убаво знам како функционира наука и кои се мерливи, а кои немерливи величини.
    Небитно, нека ти биде.
    Наука е наука, ама и таму не секогаш црното е црно, а белото е бело. Еден случај, ама небитно ако е еден, може да смени многу.
    И јас НИКАДЕ не реков дека рез се произволни.
     
  10. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    ????
    Нееее. Не ти го разбирам рамнењево бебе со јагне... Језиво малку, особено што збориме за колење на јагнето.
     
    На WildMk, Someonespecial, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.717
    Допаѓања:
    14.523
    Пол:
    Женски
    Ти изгледа ништо не ме разбираш,ни зошто ти реплицирав,разгледај наназад низ темава.
     
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.870
    Допаѓања:
    267.249
    Реков кокошките се за жалење, јајцата не :) Се согласувам со тебе.
     
  13. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Објасни ми ти, зошто повеќето или го умалуваат курбанот или тотално го игнорираат моментот. Ако веруваш дека ако не заколеш јагне, нешто ќе му се случи на детето па затоа сметаш дека ги рамнам животите (принцип душа за душа), што да ти кажам друго освен, терај како што мислиш дека треба. Ако си се заветувала и веруваш во тоа, јас нема да те предомислувам.
     
    На Amellie13, Someonespecial, Purplelilac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Еве јас не го осудувам колењето на јагнето, туку мене ми е нелогично и нерационално самото значење на тој чин.

    Се распрашав по домашните, знаете дека јагнињата се колат баш на тој камен? Човекот кој коле се качува на каменот и со нож, пред сите присутни го сече гркланот на јагнето при што ја остава крвта да се разлее по каменот. Со таа крв се црта крст на челото на бебето.
    Баба ми присуствувала на овој обред, објаснувањето е од прва рака.
     
    На CameliaMiller, Amellie13, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.788
    Допаѓања:
    175.907
    Пол:
    Женски
    Не, тоа со кокошките не се вика курбан, иначе ќе имаше скроз друга димензија. :)
    Свекор од братучетка ми нарача прасе да се заколе за бебчето кога се роди. Исто отпосле. Е сеа првите испрскале некоја плочка во кланица, а овие со јагнево испрскале камен.. тоа е таа битна разлика.
     
  16. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.207
    Допаѓања:
    169.596
    Пол:
    Женски
    Ова не сум го знаела .
    Блиска моја од градов однесе азр заклано јагне . Го дала на кумот таму .
    И јас ако би носела ,би однела средено јагне за печење право
     
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.652
    Допаѓања:
    79.504
    Пол:
    Женски
    Единствена виша сила во која верувам е Бог. Ова со каменов или што и да е, суеверие е, а не верски обичај.
    Со оглед на тоа дека забременувањето е процес каде сперматозоид оплодува јајце клетка, единствено на што би се нафатила, ако не успее нели по природен т.е. стандарден пат, е ин витро. Од каменот немам корист. Ама па нема да им се качувам на глава на тие кои ете имаат намера да бараат и други начини. Па уште да ги вреѓам какви биле интелектуално. Ако се зборува толку многу за емпатија, треба да се има бар малку емпатија и кон жените кои сакаат да забременат. Не сум во брак, не сум работела на случајот бебе, ама при помислата еден ден да имам некакви проблеми со забременување, не ми е сеедно. Ќе кажам само, да не даде Господ да сакаме а да немаме. Кога има силна желба, се пробуваат секакви начини, и логични и нелогични. Надежта последна умира.
     
    На Petra777, lia22, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Мила на каменот има многу гужва и секој за што си е дојден си бара кум,ако не донел негов личен.Потоа секој си прави обред и си брка работа.Адетот со јагнето не го прават на каменот(има ненормална гужва),него до каменот,има дел со трева и е во негова близина,но сите се зафатени со желбата за што дошле и јагнето не се ни приметува.Све се случува многу брзо.Има преголема гужва и многу новородени бебиња и бескрајно среќни родители кои успеале.Секое добро.
     
    На Rebecca_R и Stressed Out им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    А 'фер' е да им речам: 'Стварно си некомплетна без дете' ?

    Така ќе сметате дека сум 'полна со емпатија'?

    Ни го мислам то, ни ќе и' го речам на некоја.
     
    На Someonespecial, Purplelilac, lovestoneddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    13.516
    Пол:
    Женски
    Ни тоа ни тоа не треба да и го речеш на жена/маж.
    Исто како што знаеме некои работи не се прашуваат, на пр. Кога дете, кога братче/сестриче, ај доста ви се три/две.
    Нешто се преќутува и не се кажува, бидејќи не се знае што товар носи другата страна и е мешање во туѓ живот.
     
    На Rabbit 97, Harper, orhideea и 7 други им се допаѓа ова.