А друго го дарувала и дали може да се дарува кумот,со бањарка,новчаник,парфем....или мора исклучиво јагне.Ти благодарам
Јас кога бев да го вртам каменот , кум си најдов таму , еден од селаните. Го дарував крпа и папучи мислам. Си ветив дека јагне ќе носам да почастам ако родам дете. Ама сигурно живо нема да го мкнам у кола со мене. Што си сакаш тоа дарувај си. Јагнето, ниту пак нешто друго не е задолжително
Еве јас да кажам . Бев кај една бабичка да ми забае од лоши мисли. Ме попрска со една водичка и ми даде едно како крпче -топче. Големо колку орев. Ми рече 40 дена да го пикнам во перница и никако да не го вадам од неа. Све на неа да спијам. Дури и на одмор ја мкнев перницата со мене. И баш на тој одмор останав бремена само со еден секс. А таа година 4 пати бевме на одмор. Ама штета, не беше успешна бременоста. Ќе треба бабата да појача нешто. Можеби малку ориз имаше ставено во крпчето( после 40-те дена отворив да видам што има внатре).
Веќе ти одговориле. Ништо нема да кажеш. Не е никаква утеха за жена/пар кој би го дал животот за деца.
Значи немаме право на слобода на говор? Форум е... не и' се внесов на некоја во фаца да и' речам: Вака треба да прајш! - мислење си кажвам. И второ: зошто ако е обратно од моето имате право да го кажувате?
Ти тупиш. Прво, ми рече дека сум немала емпатија, сега ми кажуваш кое мислење треба да го кажувам, а кое не. Не ти се чини дека твоето не е ништо поразлично од моето? На форум не треба да кажам што мислам?
Не не ми чини. Во некои ситуации , како оваа треба да се има осет што ќе се каже. Слободоумноста остави ја за друго место.
Немам осет? Оти им кажав дека можат да бидат комплетни и без дете? Не им реков да се откажат од обидите за зачнување, туку да не се чувствуваат потиштено додека не им се исполни желбата. И јас сум без осет? Многу чудни ми сте.
Ако си така слободоумна како велиш ќе разбереш оти не се сите исти. И нема да разберат шо сакаш да кажеш. Колку и добронамерно да е . И втор пат, ја тупиш или ти е досадно. Ако е второто ела повери го малото.
Не го тупам и не ми е досадно, се обидувам да ти објаснам. Разбирам дека не се сите исти, и тоа не го менува фактот, дека кога не им оди по план на луѓето, треба сепак да си најдат причина да бидат среќни. Ако немам деца, не сакам да ме тапшаат по рамо ако речам: Се чувствувам несреќно и неисполнето - Сакам да чујам дека и без деца е вредно да постојам.
Ама не им е жал и за телето,кога нивните бебчиња лапкаат бејби биф. И по 800 ден / кг ке го платат само нивното дете да го хранат квалитетно. Тоа што за да го нахранат нивното бебче со најубавото месо ,а за тоа треба да го "убијат" цицалчето на мајката крава ,е тоа не е ниту тажно ,ниту грев . Гревот е ако јагнето го однесеш на рид и таму да го јадеш
Абе и мене кога ми кажаа у Веро дека телешко за бебе е од теле кое уште е на доење, не почнало да пасе и затоа е здраво месото, а јас уште доев, ми беше крипи. Ама прво е здравјето на моето дете. И ако требало, за да добијам дете, се би направила не па едно теле да загине. Иако не сум поборник за некој да умре за друг да живее, некогаш маката ќе те натера. Јас на пример не заклав никој за темели на куќата. Немаше потреба.
Ама во ред е еднаш да ме чукнеш по рамо и да ми речеш дека сум вредна и овака ,без дете. Го почитувам тоа . Јас знам дека ти цврсто стоиш на своите ставови и гледишта . Ама Вајлди ова не е темата Отворен брак па да се надмудруваме. Знаеш ,понекогаш за некои работи и треба да се премолчи. Јас знам дека ти имаш огромна душа , сигурна сум и дека многу сочувствуваш со ваквите ко мене , ама навистина ова е тема на која нема потреба од толкаво наметнување на своите ставови . Знаеш , Не секој може да те разбере правилно . Еве јас разбирам што се обидуваш да постигнеш кај мене , ама не знам како да ти објаснам дека не си во право . Животот може да биде комплетен и убав без дете само кај оние кои дете не сакаат . За ваквите како мене во никој случај не може да биде ни симпатичен . Барем мене не ми е . Комплетен па во никој случај не може да биде . Нема потреба и на каменот да носиш јагне . Исто како што нема потреба и на свадба да нахраниш 300 гости со по 300 гр месо и овали со шункки,чајни ,кашкавали . Здроби им зелка и карфиол и доста им е
Зошто и овде надмудрување,делење совети,држење став за правилно или не.Давеникот и за сламка се фаќа.Ова го научив оддамна,кој од желба за дете,кој од желба за здравје на дете.Се би пробал човек,пред се кога има мака.Не сме сите необразовани,барем сега има можности да се прочита и да се бара чаре.Но,секогаш има едно но,тоа е кога се фаќаме за сламка,кога успешно,кога не.Желбата и вербата да успееме не тера да посегнеме по некои работи.Не е за осудување,ниту за подсмев,можеби,би рекла можеби од некаде и нешто успех ќе има.Ако ништо друго барем на психа можеби ќе делува,па ете ја сламката која би била спас.Никого не осудувам,со никој не се докажувам,оти не им сум во кожа,ниту пак сакам некој во мојава да влезе.
Е нели е така . Интересна ми е членката која се гадеше од помислата да се убива бебе -животно ,а да бараш за возврат да добиеш бебе ( а ова што не го има сфатено е друга приказна ) . А истата таа членка ја гледам во темата модни критики зимно време си е дотерана во кожени јакни со крзно , чизми полни крзно за топличко да и било , кожни ташни .... Ај синот мора да го храни со младо теленце ,ама она и за луксуз и мода се шета со крзна ко така . Или тоа не се важи . А за јагнето на каменот тој што не разбрал, да повториме: Горе кај каменот не се плаќа влез . Може секој да отиде ( обично на Ѓурѓовден) си го врти каменот ,си плети коланче од некој конец,волница и си оди. Толку . Останато е од старо време потоа ако родиш и ако сакаш да носиш јагне таму . Како курбан ли ,како частовка ли , кој како ќе разбере така нека биде .Но , може и воопшто да не однесеш ништо. Не е ова црква/ поп, па да мора да платиш за да те попрска со водичка на празник , пример. Или кога ти осветува куќа ,ако не дадеш пари нема да дојде. Да не помисливте дека таму стои некој човек со сат'р и ако не донесеш живо јагне и тој да му ја крцне главата ,дека нема да ве пуштат ? Не ! И сега што и е спорно на членката не знам . Како голем верник што е ( ја читам по темите ) не и е језиво што поповите за да те венчаат ти земаат пари ( ако сакаш на празник ќе си платиш дупло ) ама језиво и е ако однесеш јагне на каменот и некој да се нагости , да го изеде . Најверојатно во ред е животните да ги 'колиме' само за да се дотераме, да ги нахраниме бебињата , да има мачињата што да апнат и за на свадба да има за порциите . Све изнад ова е језиво ,грдо , жално и срамотно за 21 век