А што кога ни психијатарот не може да помогне да се чувствуваме исполнети ? Што понатаму ? Да го мењаме ? Глава кога ме боли препорачливо е да истрпам , апче да не се напијам . А камо ли Елицеа или Асентра да земам да ме подигне . Пошто темава е у категорија бременост ќе си напишам еден подолг пост . Хормоните кои ги примаме при процесот на ИВФ сите знаеме колку трага оставаат на нашето здравје . Медицински не е пожелно повеќе од три пати животно да се примаат . Јас досега имам примано дупло . Имам примано и три пати цитостатици , заради ванматеричните бремености, само и само да не ми ги отстранат каналите ,да не ми ја отстранат можноста да се случи чудото - бременост . Примаме анестезии како добро утро . Јас само два пати до сега . Се плашам . Ама затоа кркам болки. И тоа не знаете какви . Само некој што правел пункција може да ме разбере . Ви бркаат со железото внатре и копаат ли копаат . Боли до бесвест . Ти вадат еден фоликул ,издржуваш . Вториот дур ти го вадат урлаш . Знаеш дека третиот уште повеќе ќе боли . Ама трпиш . Стиснуваш заби и зариваш нокти во креветот . Го чекаш моментот за четвртиот ,петтиот . Веќе си во бессознание . Докторот ти вели дека има уште еден -два . Ама ти предлага да преќинете, знае дека болката е огромна . Извикувате НЕ ! Вади докторе уште ,ќе трпам ,морам да трпам . Свесни сте дека физичката болка е ништо во споредба со онаа што следи . Исчекувањето . Па дали ќе се оплодат , па дали ќе се имплантираат . До прашањето дали ќе го износам плодот и дали ќе родам живо дете не ни стигнувам да размислам . По некое време следува разочарување . Кога не се оплодиле ,кога не се фатиле , кога се испуштиле на просто кажано . Си велите толку од мене , доста е ! Ама ... За некој месец пак одите . Пак стиснувате заби и ја чекате болката ,онаа физичката , ненормално големата . Го слушате сопругот како плаче . Плаче оти ве боли утробата , плаче оти сте цели со модрици , плаче кога после пункција не може на газот да си седнете од болка . Па ви препорачуваат да си набавите инекции од Алое ,само во Роминија ги имало . Убаво било и двајцата да примаат ,барем по 30 . Ама коштале 1000 евра . Ако , парите не се проблем ,само нека биде . Се ставале во лимфите некаде . Ајде и нив ги набавувате. Е тек они не знаете колку болат !!!! Е од тоа немаше пострашно. Маж на 60 г да плака на глас како мало дете . Не издржувате по 30 да примате , си велите и 25 се доволни . Операции,хистероскопии,лапароскопии тоа нема потреба да се нагласува . Пи *кин дим е тоа . И да не раскажувам повеќе. Која беше членката која не советуваше да се упатиме на доктор , да не си играме мајтап со камења ,врагови ,бајачки ? И сега многу од вас ќе сакаат да ми кажат - Па гледаш дека не бива, тоа е ,прифати и помири се .Остави на времето ,опушти се , пробај да мислиш дека животот е пренајубав и вака . Начин да ми помогне некој- Нема . Да ми ја ублажи болката -не може. Да ме жали -Не сакам ( и јас не се сожалувам). Да ме разбере и да не повраќа од тоа дека сум дошла во ситуација да мислам дека ако однесам живо јагне на камен ( а не сум ) - очекувам . Не треба да ме подржи , не треба да ми рече - Браво Бубе алал да ти е . Доволно е да не те нарекува убиец на нечие дете (на овцата ) . Или во краен случај да проба да разбере дека на планетава има луѓе кои се егоистични и мислат само на себе и ич око не им чуе дали со свои раце ќе заколат јагне на камен и крвта ќе се разлее по каменот . Јас сум у суштина среќна жена . Само не сум комплетна , не можам да кажам дека животот ми е преубав . Не ми е . Ама уште посвесна сум дека мојот проблем не е најголем . Има ненормално пострашни ,поболни , потрагични работи и проблеми . Но тоа не ми дава кураж максимално да уживам во животот за кој сакав да ми биде како што сакам
Конкретно кај мене не препорачуваат да се стимулирам повеќе . Евентуално нешто послабо да пробам уште еднаш . Ама мм веќе е категоричен дека нема да дозволи . Ќе пробуваме само на природен циклус, за кое од страт знаеме дека шансите се минимални ,ама сепак постојат
Аааа не вака ! Нема ништо овде за плакање . Живи и здрави сме сите ,фала богу ,тоа е најважното Ќе дојде и денот кога ќе кркаме мевце
Ке дојде денот кога ке барате да спиете оти цела ноќ бебушот бил буденслушај ја ти баба Рада, машко дете ќе биде
Ај ма и ти не се лигави Не знам зошто ,ама вакви пожеланија ме засмејуваат . На баба- бајарица ме потсеќаш
Затоа што темава е во бременост, и некои драги членки отворено си ги кажуваат маките, само да споменам дека и сурогат мајки постојат. Никого не сакам да навредам, ниту потценам, напротив. Секако, за ништо нема гаранција, ама можеби ако си го одморите телото од тие мачни терапии, ќе си направите услуга. Дајте си оддишка, не е ова вашево спринт, маратон е, уште имате за трчање, дури и после стигнувањето до целта. Пробајте душевен мир да најдете. Претпоставувам, нешто треба да се промени, ако патот по кој одите не води кон целта. Дали доктор, држава, пристап, ментална матрица. Не велам психијатар, велам начин на размислување и пристап кон стигнување до целта. На сите што одите по тој пат, ви посакувам да стигнете до целта.
Темава треба да се затвори, ќе си кажеме што си имаме во Вештачко, фала на тие што не' поддржаа во нашата трагедија. Станува збор за немање јајце клетки, инаку мислам дека сите сме здрави прави за носење на детето. Поздрав и секое добро
Шо стори скапо... Претпоставувам, фондот не покрива вакви процедури? И уште едно прашање.. Има ли опција, со позната личност да се договориш да ти донира јајце клетки, и да платиш за пункција и ин-витро само?
Има да . Те земам тебе , ти купувам инекции , ги примаш , одиш на пункција и извадените фоликули ми ги отстапуваш мене . Ги оплодуваат со семе од мм и ми ги враќаат мене . Дали ќе се фатат кај мене ,не се знае