1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Народни и верски обичаи за забременување

Дискусија во 'Бременост' започната од Maya12, 2 мај 2019.

  1. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    2.036
    Нечиј бизнис и нечија фaрма можеби немаме моќ да затвориме, но имаме моќ да контролираме сопствени постапки со цел да не резултираат со пролеана крв, било чија.

    Да беше темата за абортус, ќе фрчеа коментари од типот на убијци, бездушници итн., а да гледате животинче кое се родило, постои, чувствува, кое испушта душа во најстрашни болки ви е нормално.

    Никогаш нема да ги разберам луѓето.
     
    На Momina solza, CoverGirl10, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    1.284
    Пол:
    Женски
    Ниту мислам ,ниту очекувам црквата да рече такво нешто.
    Зборувам за тоа сам - како поединец да прекинеш да ги јадеш или да ги носиш како курбан.
    Едноставно е :)
     
    На CameliaMiller, Nausicaa, Purplelilac и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Maya12

    Maya12 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2017
    Пораки:
    1.250
    Допаѓања:
    4.525
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека во нашата човечка природа е за секоја работа да се најде некој што ќе мора да има негативни коментари а и гледам дека темава тргна во многу лоша насока.Сите знаеме колку напред оди медицината но мислам дека тие што коментираат поарно да немам дете отколку да носам јагне немаат почуствувавно каква борба е таа и се надевам дека нема да почуствуваат,бидејќи за да си го најдеш спасот се ќе направиш ама џабе да се објаснува на некој што нема поминато низ таа борба.Инаку на овој камен не се колат јагниња од чиста мира,туку јагнето се носи како дар и го колат со цел месото да го продадат и од парите се гради црква а тоа ви е исто како што дома јадете месо бидејќи нели за да јадете дома месо исто така некој треба тоа животно да го заколе за да може вие да го јадете.Затоа не судете одма на луѓето бидејќи не знаете утре што би можело вас да ве снајде па да видите како маката на се ќе ве натера.Кој сфати сфати.Мене лично медицината ми е на прво место ама и се што сум слушнала од духовното сум посетила и направила.
     
    На AneSk, oblace1, Snowflake97 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    26.135
    Живеам во Свети Николе. Вчера кога бев да гласам со сестра ми, нѐ застана една млада жена со кола, прашуваше каде се наоѓа каменот. Каменот е огромен, оние што неможат да имат деца се качуваат на каменот, бла бла. Сликата е језива, бидејќи каменот е целиот крвав од јагнињата.

    Мислам дека не доаѓа поп, туку се продаваат свеќи и се палат околу каменот.

    Како мала одев, сега веќе не, премногу ми е језива самата слика.:worried:
     
    На Anomis11, WildMk, Purplelilac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.696
    Пол:
    Женски
    Се изненадив богами.
    Да тргнам камења да копам и да колам ќе земам и диплома и се ќе си запалам.
    Има МЕДИЦИНА луѓе.Во 21ви век не сте помоќни и поучени од медицината ама ај вие овде све си знаете паметни тие.
    Ние глупите ќе идеме на доктор..
    Наредна тема очекувам : посета кај бајачка и загарантирана бременост!!
     
    На Anomis11 и Purplelilac им се допаѓа ова.
  6. Ана на мама

    Ана на мама Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    1.820
    Пол:
    Женски
    @ocicka2014 гледам трендестеркиве те распнале на крст. Не дека несакам да те поддржам само ќе ти кажам, јас, ти и сличните на нас за кои "медицината на 21 век која за се' има лек" ни рекла немате шанси, па сме морале да се вратиме како "прости заостанати од 15 век", се разбираме.
    А сите вие останати трендестерки и анималисти ќе ве замолам да паметувате на друго место, имаме доволно проблеми и без вашата триена сол на глава.

    НИЕ ЗАОСТАНАТИТЕ ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА РАЗБИРАЊЕТО СО НАДЕЖ ДЕКА ЌЕ НЕ ОСТАВИТЕ НА РААТ ВО ТЕМАВА.
     
    На Alishan30, Emy867, Stressed Out и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Лов за забава и ритуален курбан за мене се дивјаштво, не се еднакви на користење месо за исхрана.
    Убаво рекла @vaga95, лично хипотетички ако развијам упорна желба за дете, а не успевам со медицина - фино лепо би посвоила, нема похуман чин од тоа. Не би идела ни по манастири и т.н. магични места, а не па да помислам на касапење живо суштество пред мои очи како решение. :puke:
    Колку сакате вие распнувајте „деца“ што „не виделе мака во животот“, играјте на емотивни манипулации, ама оправдување немате. Ајде некако да ги разбереш другиве пракси кои не повредуваат никого, ама во курбан да веруваш во 21 век е срамно и одвратно. :fubar:
     
    На Miss666, CameliaMiller, Feminka22 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Премногу потценувачки ти е коментаров. Коментираш за работи и кон феминки кои поминале работи кои не ни можеш да ги замислиш. Не суди кога не знаеш како е. Едно е дали ти би го направила, друго е како гледаш кон луѓето кои би го направиле тоа.
    Еднаш да си ја отворила темата вештачко и да си ги "запознала" женичките се ќе ти се разјаснеше.

    Мислиш нема да направиш ништо, туку одма дете ќе посвоип?!
    Рипни, па кажи оп! Некои одлуки не се така црно-бело.
     
    На SexiLy, oblace1, MilaP и 21 други им се допаѓа ова.
  9. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    Ја само не знам дали на докторите што им праат ин витро им принесуваат курбани.
     
    На Puffy2019, CameliaMiller, Anomis11 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Убаво си пишав дека според мене тоа е чекорот кога науката и медицината потфрла, значи после обиди во таа сфера.
    И научете веќе еднаш, „рипни, па кажи оп“, „не сте осетиле“ и слично, не се аргументи.
    Ако ви е пречувствителна темата за разгледување и дискусија од овој аспект во кој се приклучуваат луѓе со секакви ставови, ете ти си модератор, слободно заклучи си ја исто како што и сте ја одвоиле од оние позатворените теми за трудници, поддршка за забременување и слични.
     
    На CameliaMiller, Nausicaa, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Се аргументи тогаш кога едната страна го знае искуствено проблемот, а другата теоретизира.

    Пак да повторам. Јас не би го правела тоа, не сум таква. Ама имам разбирање за оние кои би пробале се за свое чедо. Не можеш да разбереш. Дај Боже да не треба ни да разбереш.
     
    На SexiLy, oblace1, duffi и 15 други им се допаѓа ова.
  12. Ана на мама

    Ана на мама Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    1.820
    Пол:
    Женски
    Аргументи ?
    1. Примаш еден тон терапија.
    Нус појави ?
    - повраќаш деноноќно
    - имаш континуирано болки
    - стануваш дупло потешка од што си била (не за изглед, не можеш да дишеш).
    - примаш анестезии како добро утро најмалку 7-8 пати во годината, стануваш отпорна на неа па се будиш на сред операција и мислиш дека си во пеколот.
    - на секое чешлање вадиш снопови на коса (коса е ќе порасне, па умешно се трудиш да ги сокриеш дупките мислиш не се приметува, а уствари изгледаш смешно).
    - Диареа ти е добро утро (ако ја немаш, навистина е добро утрото)
    - Спремен си за пункција (извини празни фоликули, се обидуваш да не се мразиш себе си и дека следниот пат ќе биде) оваа ситуација ја имаш со години.
    - Спремен си за пукнција, успешно оплодени, вратени, на 10 ден бета 50, на 12 дена 10 (извини биохемиска бременост, зошто се случило тоа ? Ах па има 1.000.000. Најверојатната ? Па не знаеме се може да биде.
    - Биопсија, хистероскопија, лапароскопија, миомектомија, колоноскопија..... и така до негодлед....
    Се надевам дека добивте доволно аргументи за да не оставите на раат со макитее. Од цело општество вие решивте од нас да почнете да ги спасувате животните. Жалничко малку, нели ?
     
    На SexiLy, ALISA0000, oblace1 и 26 други им се допаѓа ова.
  13. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.506
    Допаѓања:
    51.026
    Пол:
    Женски
    Немам став за овие работи,не знам дали верувам или не.Од причина што ете тоа не сум го доживеала.
    Не ми е јасно како можете да паметувате кога не сте виделе мака?
    Како можете некого да осудувате кога не сте го поминале нивниот пат?
    Во 21век медицината ова,медицината она.
    Секој со својата мака. Кога ќе ви дојде таква несреќа на глава ВИЕ од 21 век трчајте по доктори и кога ќе ви кажат нема надеж тогаш помирете се со тоа јер сте од 21 век.
    А да, и пробајте да посвоите. Пошто тоа е ептен лесно нели. Така ги даваат децата таму.

    Не дај боже да дојде до борба за дете. За се што ќе слушнам дека може да вроди плод,ќе пробам.
    Како и многуте овде. Ако сега се против ова.

    Не им отежнувајте на луѓето. Секој има право во што сака да верува.
    Не веруваш,во ред. Прескокни ја темата. Нема што да солиш памет тука.
     
    На SexiLy, oblace1, S.W.A.G и 17 други им се допаѓа ова.
  14. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    52.640
    Пол:
    Женски
    Никој не може да ме убеди дека ако не можам да зачнам и ако појдам на некој камен некаде ќе ми се случи магија и одма ќе зачнам. Мислам, ајде луѓе да бидеме реални. Според мене се е до психата, кога толку силно посакуваш и веруваш дека нешто можело да ти помогне.

    Најмногу се згрозив од жртвите јагниња. Тоа е чист паганизам и грешно на многу нивоа. Што ви се должни тие да го губат својот живот заради зачеток на друг? (facepalm)

    И зошто толку бурно реагирате кога ние што веруваме само во науката ќе изнесеме свој став различен од вашиот? Разбираме и сочувствуваме дека е тешко да сакаш дете а да не можеш да добиеш. Крај краева и да посвоиш ќе разубавиш нечиј живот што веќе постои.
    Ама ај да не се мешам повеќе од ова, не сум мајка уште не разбирам нели..
     
    На CoverGirl10, Miss666, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  15. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Мали сте ќе пораснете и можеби ќе сетите на ваша кожа па вратете се на темава и пак коментирајте.
    А се надевам дека нема да го поминете тоа што го поминуваат членките во вештачко, бидејќи тоа не можам да му го посакам ни на најголемиот душман.

    Па и да не се случува некое чудо и да е на психичка база се јас би пробала ако тоа е лекот.
     
    На Miiaaa98, Alishan30, bella.gk и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.506
    Допаѓања:
    51.026
    Пол:
    Женски
    @Amellie13 :hug: извини,ама за ова не се сложуваме.

    И јас не сум мајка. Затоа не зборувам.Не сум стигнала до таа мака. Немав ни намера да пишам на темава,ама ме изнервира напаѓањето на овие жени.
    Неплодноста е болна тема.

    Имав пријателка која со години не можеше да остане бремена. И таа беше од 21 век,современа. Од Хрватска,мажена овде. Не можеше ни да посвои, затоа што немаа ништо на нивно име. Секој денар што го имаа го дадоа за по доктори. Се пробаа. И ете не успеаа ни да посвојат.
    Не знаеш која болка ја видов кај неа.. да не даде бог на никој.
    Рече дека била ваму,и по една година остана бремена.
    Дали е до психата или до каменот. Не е битно.
    Битно има дете.
    Личеше ли на таа болка јас да и зборувам за паганизам и сл? Или па да си кажувам мислење ко сите вие што пишувате против..а немате искусено?
    Лично јас не верувам во гатања, бајачки и др работи.
    Ама за бебе се ќе пробам, колку и да е одвратно и тешко за правење нештото.

    После долги години обиди за бебе, нема да мора никој да те убеди. Сама ќе одиш.. само да не дојде до тоа.

    Во ред е да изнесете став таму во религија , па да се контраме до утре зашто некој верува во Бог,трет не. Да изнесете став зашто Петко за кичмата оди по тие луѓето дома што тегнат, наместо по доктори.
    Ама здрави ,прави луѓе што родиле , луѓе што сеуште не се мајки, луѓе што немале такви маки,да изнесуваат такви ставови мислам дека не е во ред.
     
    На SexiLy, dunika, Alishan30 и 20 други им се допаѓа ова.
  17. didi1982

    didi1982 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    4.115
    Драги млади...да не се лажеме... да разбирате, секако дека не... немате ни потреба да ни го разберете очајот, уште си живеете со розови наочари и мама и тато ви го носат лебот дома... Да сочувствувате уште помалку, оние што сочувствуваат се полни со разбирање, а не со измевање кон оние другите, па и тоа да е најголемата лудост на светот...Ви посочија женичките, нема што нема да направат за да станат мајки, и тогаш кога медицината кренала раце од нив. Ова за тие што се повикувате на науката... Да... земете практично да се бавите со наука, па да видите што тоа всушност значи.. А не давајте паушални мислења... глава се трансплантирала...та за јајце клетки и сперматозозиди ни дошло. Се скапавте туфкање за јагниња (нечии бебиња(facepalm)) што се колеле за раздавање или како и да е, а притоа сте омнивори во најголем процент.

    Секој нека си оди по својот пат и нека си го бара чарето. До психа ли е, до магични моќи на каменот е.. до што сака нека е. Олабавета ја темата, пошто не ви е ни местото овде. Убаво ви кажаа, недај Боже да дојдете на наше дереџе за едно 10-20 години.

    Уште нешто да додадам, има спонтани, или недај Боже смртност кај новороденчиња... Од непознати причини...Таму каде науката нема објаснување...Или како што спомнаа, неуспешно инвитро...Пак од непознати причини.. Па ај повелете вие, пошто сте експерти, објаснете зошто и како...
     
    Последна измена: 6 мај 2019
    На SexiLy, dunika, bella.gk и 19 други им се допаѓа ова.
  18. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Не сум "дете", не сум ни во брак, со години имам нередовен циклус и со години сум со пореметени хормони.
    Клукана сум со вештачки хормони и сум заработила куп нус појави, и на своја рака сум прекинувала терапија, и сега моментално немам циклус цели 7 месеци и за жал повторно се вратив на клукањето со хормони...и да скратам, ако недај Боже еден ден не можам да зачнам природно( а сигурна сум дека нема да можам) пре би отишла по лек во сите цркви и манастири, одколку да се мачам со ин витро, кое знам дека е многу болно како постапка и не секогаш успешно... Ако тоа ме прави проста или себична, нека.

    Женички драги, сакам да ви кажам за еден убав манастир во битолско село Барешани, Свети Меркуриј, во тој манастир не сум била лично, ама знам дека одат жени за рожба, од блиски што биле знам дека се оди со мајка или со свекрва на жената, се моли и седнува на некој камен до манастирот, се палат свеќи потоа, и не се оставаат пари, се е бесплатно...

    Исто и во друго битолско село, Горно Ореово за празникот Ѓурѓовден, на 5 мај мислам, се оди на еден камен " Дупен камен" се вика местото и со јаже се спушта жената што сака рожба во некоја карпа надолу да запали свеќа.

    Со се ќе се сложам и со молење и седнување на камен, со миење на света вода од цркви, со преспивање по манастири, ама тоа со колењето курбан мислам дека не е во ред.
    Знам дека на многу места се практикува да се даде курбан јагне за празник по црквите во селата, ама не ми е за оправдување тоа многу, нели и во Новиот Завет, Исус вели дека тој е жртвеното јагне за сите нас, да не грешам душа не знам...
     
    На Mihaela123456, Momina solza, Anomis11 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Maya12

    Maya12 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2017
    Пораки:
    1.250
    Допаѓања:
    4.525
    Пол:
    Женски
    @Feminka22 и @Someonespecial а може има и уште неколку други очигледно дека не сте сретнале со проблем и немате појма што значи да не можеш да станеш мајка и мислите дека толку е лесно да се отиде да се посвои дете искрено ве жалам оти во вашиот свет е се розово а ние што секоја секунда ни е борба со инекцики,апчиња,операции,лапароскопија,хистероскопија,прегледи,разочарување секој месец кога доаѓа менструација ми се правите многу современи и ви било жал за јагнињата хаха смешни сте само вечерва помолете се никогаш во животот вие или некој близок да не зачекори па да научите што значи надеж и што значи верба. И за крај откачете се од темава,ние глупавите кои секој втор ден одиме на лекар ама со години немаме бебе и кои за да посвоиш дете знаме како оди процедурата во нашава држава остај те не да си даваме поддршка и секој што знае капка надеж и духовен лек да си споделиме и да направиме се да си го оствариме нашиот сон бидејќи сме храбри и сме жени борци што вие современите неможете ни да замислите дека сме поминале и какво лавовско срце имаме.Затоа најдете си теми за шминки за алишта,за кафе муабети и откачете се од тука а верувајте дека ние што се сме поминале за вашето плитко мислење ма ич не не интересира
     
    На bella.gk, blackstyle, Martka и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Од сите работи они за жал кон јагнето се фатија, потресени до немајкаде, а сите месождерачи |(
    Јагнето е само изговор да некој ви земе нешто. Да не биде пари пошто ете тој каменот ничија сопственост не е, се вадат на зборот "курбан". Месото ќе си го земат или продадат, а вие одете. Ви го користат очајот и заработуваат на ваша сметка. Зошто мора јагне? Зошто не е бесплатно? Ете преспивање во манастир за верници. Не кошта ништо колку што знам или нешто минимално. Ако ви делува на психа нека биде тоа, или ако има Бог таму полесно ќе ве најде :!: Или помолете се во црква. Просто и едноставно.
    И доста со -не знаете како е. Има многу пострашни работи од неколку години борба за дете. Болести, умирачки, разно разни трагедии...секој си има проблеми.
     
    На ALISA0000, Nausicaa, 1209 и 7 други им се допаѓа ова.