не покрива Има таква опција. Е сеа ради моментот дека со тоа шо донираш јајце клетка фактички твое дете имаш, ретко кој се нафаќа. Обично на сестра се нафаќале жени да донираат, дека ипак останува детето во семејството. Сакаше една блиска на комшиката да и донира. Ама коа се размисли ... не е баш едноставно.
Па поефтино е , да . Ама сепак ќе те кошта околу 2500 евра ( стимулации , пункција ,трансфер) . А дали ќе најдеш толку блиска особа која за тебе ќе се подложи на хормони ,анестезии ..... И сето тоа само да заштедиш 2000 е е знак прашалник .
Гаранција нема . Исто како што нема и во случајот да земеш сурогат мајка . Моја јк да ја оплодат а кај тебе да се направи трансферот и ти да го износиш плодот и да го родиш бебето
Се изнервирав. А не ни имам потреба од овие процедури. Вака гледано, поарно секој втор ден да си на некој камен....
Хаха богами . Нема ни болки ,нема ни трошоци . Си одиш на некој извор ,камен ... пивнуваш водичка ,дишеш чист воздух , ќе си се изнаплакаш на раат и се враќаш дома како нова . Почнуваат хормоните да ти вријат и се фрлаш на секс
Еве јас се нафатив да донирам јајце клетки при моето прво инвитро ,жената ја запознав на форумов и решив да и дадам. Штета што нејзините не се оплодија сепак пробавме, не помислив дека тоа би било мое дете можеби потсвесно знаев дека ќе родам мое...така требало да биде
Ти си вонземјанин ,! Мислам имам кажано еднаш Го паметам како вчера да беше денот кога се објави во темата за твојата хуманост . Браво ! Ти посакувам набрзо да се радуваш на второ
Дај Боже мила...прво вие сите кои сте во борба за дете да се израдувате за прво дека е многу поинаку кога веќе имаш барем едно.Желбата за второ е исто голема но повеќе за неа да не е сама ,јас правев два трансфери неуспешни како што имаш пишано погоре многу хормони,инекции,да полудиш ..и да не бегам од темава баш сакам да одам на каменов...
Кога е крајот? Мислам, сте размислиле ли каде е границата? Озбилно прашувам, оти не ми е јасно. Ако некој сака, нека ми одговори.
Општо прашање е, без оглед кој колку долго се бори со неплодност. Дали сте размислиле до каде ќе одите? Во кој момент е "доста"? Преку што не би поминале, каде би рекле - тука е границата?
Нема крај ова Каме, нема доста е ,нема граница . Лавиринт . Се вртиш во круг и се надеваш, надеваш ,надеваш ....
Знам дека е така. Не сакам да осеќам жал, знам дека не сакате сожалување, ама посилно е од мене. Мислам, камо среќа на сите да ви се оствари желбата, ама вака ми личи на тој кругот од очај до надеж и назад, без крај. Само сакав да знам дали постои некаква реална граница - до тука е, не бива, ајде да посвоиме (пример)...
^^На тема посвојување решив дека нема да зборувам веќе на форум . Само едно ќе кажам . И таму има огромни препреки
Знам, знам. Не мислев на конкретнк тебе. Општо прашање беше. Ваљда сите имаат свои замисли, граници, линии кои нема да ги поминат...
Јас за жал познавам навистина многу парови кои се борат со ова. Ама за среќа не познавам ниеден кој нема успеано кад тад . Тоа ми дава огромна надеж