За инфо само не е курбан и никој не го продава, баш напротив денар никој не зема : ГОВЕДАРОВ КАМЕН Јагне за секое дете Родителите на децата што се родени во минатата година, на Ѓурѓовден овде носат јагне, обично машко, како подарок за каменот. Јагнето тука се коле, на специфичен начин кон исток, главата останува, а со месото се прави гозба во семејството на новороденчето. http://zase.mk/chudotvornata-mok-na-govedarov-kamen-vo-ovche-pole/
Мила за џабе им праќаш линкови и објаснуваш кога гледаш какви размислување имаат,не си губи време за некој што мисли дека ако биле на наше место се ќе сределе и ќе се потсмеваат
@Bridget Не рекле за џабе... Сит на гладен не верува... дали ќе бидат неколку години или преку десетина, тоа не се знае... Е замисли сега, некој на 35-36, да почне се бори 10 години во споредба со некој на 25... Не ти е споредбата на место дека има пострашни работи, ние со проблемов ем со "пострашните работи" се соочуваме секој ден, додатно на нашава мака.
Мене лично ми е полесно да ги разберам оние кои се одлучиле само со молитва или со одење по свети места, со давање курбан и останати верски или пагански дејствија да станат родители, отколку оние кои одат и кај лекар и на свети места. Ме интересира, ако сте дале жртва а во исто време сте примале и те како агресивна ин-витро терапија, како ке одлучите кој ви помогнал да добиете дете - лекарот или некоја виша сила? Како и да е, безобразно е да се каже дека вашата мака е најголема. На овој свет има и други луѓе кои имаат други проблеми, на кантар не можете да ставите два проблема и да кажете 'еве, на женава што не може да има дете и е најтешко'.
Мразам неправдини и осуди на невидено. Болниците ни се втор дом, сега некој од ведро небо ќе не советува дека на лекар да одиме. Сакам да им докажам дека желбата за бебе ни е бескрајна а не дека сме глупави како што мислат.
Го жалат јагнето, а нас што поминуваме низ пункции, хисероскопии, лапароскопии,хсг, боцкања со хормони за кои секаде трубат дека се канцарогени и не смееш повеќе од 5-6 пати да ги примаш - нас не не жалат А за погоре постапките чисто се сомневам дека и знаат што се и како се изведуваат и кои се ризиците и последиците.
Во право си, секоја планина своја тежина. Знам дека има и поголеми болки од нашата. Ама зарем толку ви е проблем да не оставите на темава да размениме мислење и да си ја пробаме среќата ? Има разлика меѓу дискусија и реметење. Те
Јас темава повеќе ја гледам како место за дискусија, можеби посоодветно е да се префрли во религија. Јас разбирам дека вие си имате мака, ама овде има простор за дискусија, најдобро решение е да се направи уште една тема, па и двете страни да бидат задоволени. Никој овде не ви посака ништо лошо, едноставно не сите имаме ист став.
Многу лесно. Ако добијат дете - виша сила е, ако не успеат - медицината не ја бива. Иначе сите што идат на Говедаров камен, и по бајачки и гатачки, истовремено пробуваат со ин витро, што е доста интересно, бидејќи ако стварно постои виша сила нема никаква потреба од ин витро или било какви третмани.
Извини на директноста, имаш проблем со забременување ? На пример јас никогаш не одам на теми за " ме остави дечкото, како да го преболам", не е мој домен и не ме тангираат такви проблеми. Едноставно е нели ? Потполно си во право. А што имаш ти лично корист/штета од темава ?
Забременив од 3 или 4 обид, сега имам ќерка година и пол, но не постои ден да не ја читам темата вештачко оплодување (читам искуства за моја многу блиска особа која е во постапка) Вака сега да ви кажам душебрижници за јагнињата. Сериозни сте дека жалите за јагнињата бе? Па згора на тоа се потсмевате и осудувате? Жените од таа тема немате поим низ што поминуваат, дај боже никогаш да не дознаете. Пола од жал за јагнињата да ви беше жал за пеколот кој го врват тие ќе беше супер. Да, и супер совет му дадовте - да одат на доктор. Не јагне да заколат, не камен да копаат, не да преспиваат во манастир, не појас да носат, ма и на месечина да им речат ќе одат. Маката на се ќе го натера човек оти некогаш лекот е пет пари само треба да го знаеш. Е сега он топик ако сте слушнале за некој верски обичај за забременување или за посета на некое свето место, кажете им, а ако не мислам дека јагнињата може да ги жалите на друга тема. Фмп.
Извини, имаш проблем со тоа да шириме разум на млади девојки кои во иднина можеби ќе се соочуваат со вакви проблеми? Иднината зависи од младите, во какво општество живееш и сакаш твоите деца да живеат зависи од вакви “небитни работи кои тебе не треба да те тагираат штом немаш мака“. Враќај се ти назад со бајачки и митови, но штом си дошла да шириш памет на други, ќе си добиеш назад.
Ќе испадне само реплицирам на секое... Не е коректно да се каже дека е безобразно што ја форсираме нашата мака... Да, на жената што не може, а сака да има дете и е најтешко... Не е дека некоја е неблагодарна на животот и можноста за борба, ама сама ги одбира средставата. Не зборам овде за финансиски средства, кои се и тоа како битни...Пишаа членките погоре зошто... Операции, пункции, хормони, ризици од канцери и слични глупости... Истите тие членки, кои се полни со емпатија и толеранција кон сите останати и скокаат да помагнат кога е возможно и на сите можни начини. Секој проблем носи различен интензитет на тежина. Ама не е коректно да се споредуваат останати проблеми, во тема за плодност. И јас бев од тие, 'научниците' де, да ме ставеа да ме колат дали верувам, немаше да кажам да. Пошто и не верувам... Ама маката човека на се ќе го натера. Затоа повеќе толеранција кон различите од нас/вас, животов е и онака тежок и носи предизвици секој ден. Секое добро!