Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Народни и верски обичаи за забременување

Дискусија во 'Бременост' започната од Maya12, 2 мај 2019.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Баш затоа што ве жалиме и пишуваме. Вратете се на првите страници да препрочитате убаво, сите истакнавме одбивност кон верувањава (не кон вас лично) кои ви влеваат лажна надеж, па некои и профитираат од тоа.
    Во темана за гатачки и бајачки скроз исти одбрани се пишуваат, дека не сме осетиле и сл., Очичка на пример ја памтам дека таму тотално спротивен муабет прави. Каде е разликата?

    Ако има добар и заштитнички Господ, покрај сите тие маки кои ги поминувате во медицинската постапка, зарем до едно јагне ќе му дојде да му жртвувате за да ви ја исполни најголемата желба? Барем на момент дали сте се преиспитале во каков тоа Господ верувате?

    Осетлива тема е ама срамота е толкаво безобразие од возрасни жени и идни мајки, никаде не ве навредивме ние лично и никој лошо не ви мисли. Немате ни вие поим и девојка на +/-20 која сѐ уште нема ни помислено на свои деца, каква сѐ поразлична болка може да доживеала.

    И да, Бриџо поклон до земја имаш од мене за во темава, не памтам толку со твој став да сум се согласила.
     
    Последна измена: 6 мај 2019
    На crimson, CameliaMiller, Anomis11 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    "Маката на се' ќе те натера" не е исто со -постои камен од кој се забременува. Оди си ти и верувај си во што сакаш, ама не ми вели дека од него си забременила.
     
    На crimson, Animali, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    А зошто воопшто поминувате низ сето тоа, кога очигледно според темава е доволно само едно јагне да се однесе на тоа фамозно место?
    Или каменот има моќ само заедно со лапараскопии, хормони и ин витро?
     
    На Animali, CameliaMiller, Anomis11 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. didi1982

    didi1982 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    4.115
    Сега се контраш оти ти е до контрање или така од ракав си даваш право да извртуваш мислење и да ме праќаш кај треба да одам. Знам јас, та и сите овде кај треба да одеме, не знам што се запнавте ти и помала група 20-годишни дека од вас очекуваме совети и мислење. Не ме чуди, жени за жени некогаш имаат толеранција и емпатија еднаква на 0. Разочарувачки! И аман, не не жалете, не ни дошло до вашите сожалувања.
     
    На Rama, duffi, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Цело време емпатија па толеранција па разбирање па маки...нема да ме фатиш на финта сожалување затоа што не сум дојдена тука во оваа тема да се ситам на нечија мака или да покажам колку немам разбирање како што сакаш да претставиш. Темата не е дали сочувствуваме со вас или не, темата е нешто сосем друго и ако имаш да кажеш нешто логично, на пример како делува каменот па да ме заинтересираш, тогаш повели.
     
    На Animali, CameliaMiller, Anomis11 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Не, немам проблем со забременување.

    Јас, на пример, одам во најразлични теми, а штом сум дошла во оваа, значи истата ме интересира. Да се разбереме, не е ова тема која опфаќа група на жени кои имаат ист проблем, како што е вештачко оплодување (таму никогаш немам пишано), ова е тема каде што општо се зборува за Народни и верски обичаи за забременување.

    Ама пишав јас, секој си има мака и неговата му е најтешка. Исто како што родител кој има болно дете вели 'Вие не можете да разберете што значи детето да ти е болно а ти да не можеш да му помогнеш', така и човек кој не може да има дете вели 'Вие не знаете каква е болката да не можеш да имаш чедо'. И сега, кој е безобразен? И едниот и другиот си имаат мака.

    Некои членки се обидуваат да укажат колку е контрадикторно да, покрај сите тие операции и процедури, како што се пункции, хистероскопии, лапароскопии, хсг, боцкања со хормони, вие повторно велите дека баш тој камен ви помогнал во борбата за дете.

    И пак ке кажам, нека се направи уште една тема, таму пишувајте ги светите места/ црквите/ обредите, нека оваа тема остане отворена за искажување на различни мислења.
     
    На Alishan30, Animali, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  7. didi1982

    didi1982 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    4.115
    Искрено..Немам ни намера! Некој кој има емоции се фаќа на тоа...кој нема, нека си купи! Со пари, се се купува, па и деца! Чисто за инфо.
    Темата е, како секој мисли, така нека прави! А не ти или овие 20-годишните да си земате за право да осудувате или да ме праќате мене или кој и да е кај каменот, дрвото.. само затоа што гласно поддржавме секаков метод освен конвенционална медицина. Така да контрај си се до сабајле, јас своето го кажав и останувам на тоа... И Лазар воскреснал, па медицината сеуште нема објаснувања како..Ај може вие ќе го одгатнете!

    @Rebecca_R и родител со болно дете, ќе оди на крај на свет да најде спас, верувај ми! Само што овде, друг е акцентот. И фер е да оставиме, кој како сака да прави и верува во што сака, ќе се сложиш?
     
    Последна измена: 7 мај 2019
    На Yowannty, Emy867 и Rama им се допаѓа ова.
  8. Ана на мама

    Ана на мама Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    1.821
    Пол:
    Женски
    Ама во ред е се, прифаќаме различни мислења, си кажавте и тоа е тоа. Само не ми е јасно зошто упорно пробувате да не "преобратите". Кажавте свое мислење и тоа е тоа. Инаку за инфо темава беше почната во Вештачко оплодување, за да не се оптеретува таа тема се отвори оваа. Зошто смета да е тука, кога е директно поврзана со бременост.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.585
    Допаѓања:
    52.695
    Пол:
    Женски
    Чекајте бе луѓе.
    Никаде не прочитав некој да пише дека бил таму и дека бадијала било се.
    Штом одат луѓе сеуште, значи има нешто.
    Колку и да ми е тешко да поверувам во тоа.
    Лажна надеж е ако одат луѓе и ништо не се случува.
    Да не слушнев јас од блиска пријателка можеби воопшто немаше да верувам. Ама барем ќе си молчев.

    Не е во ред да исмевате некого или да навредувате затоа што не го дели вашето мислење. Ако исмевањето и навредувањето ви е на вас дискутирање тогаш :x

    Дали на вас ви прави некој штета?
    Дали од дворот ваш е јагнето или што и да е?

    Секој во што му одговара нека верува. Со типкање на тастатурата нема да го промените светот.

    И мислам дека на почеток негде прочитав дека темава е за подршка.За дискусија отворете нова тема. Па кој сака ќе се приклучи.
     
    На Yowannty, Martka, ane.bella и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Еве, не се обидуваме конкретно вас да ве предомислиме, се обидуваме да ја предомислиме останатата публика. Бидејќи нам ни е чудно денес, покрај сите терапии, некој повторно да рече дека бременоста се должи на некој камен или молитва.

    Сакав да прашам, зошто е битно дали јас имам проблем со забременување? Бидејќи маката ке те натера на се? Не се согласувам. Познавам жена која има проблем со забременување а го има истиот став како мене. Низ годините има добиено еден куп совети за појаси, тревки и свети места, ама таа без ниту малку колебање изјави дека е убедена дека само медицината може да го реши нејзиниот проблем, таа никогаш нема да посети такво место, нема да отиде во црква, ниту пак ке направи некој пагански обред. Ако денешната медицина и овозможи да се оствари како родител, добро, ако не, едноставно ке се помири со фактот дека природата одлучила никој да ги нема нејзините гени.
     
    На Alishan30, CameliaMiller, Anomis11 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Oвa не е метoд мaлку пoрaзличен oд кoнвенциoнaлнaтa медицинa, oвa е зaблудa.
    Кoлку време се чекa нa кaменoт дa делувa? Гoдинa, две, три? Oдaт сaмo тешки случaи кaде им е кaжaнo декa шaнсите зa бебе се минимaлни или непoстoечки пa дa се нaпрaви еднo истрaжувaње и дa се прoглaси зa чудo, или oдaт и мнoгу тaкви штo прoбувaaт гoдинa денa пa и пoмaлку?
     
    На CameliaMiller, Anomis11, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.162
    Допаѓања:
    13.539
    Пол:
    Женски
    Леле Бриџит сега малку ја тупиш.
    Нема дефиниција кој треба да оди, а кој не.
    Божем постои книга со правила па да ти одговориме на прашањево :)

    Еве јас отидов на 5 години пробување и тоа поради тоа што една личност ме сонувала дека сум и рекла бев на каменот и останав бремена да оди и она. И ај не оди :)
     
    На didi1982 и Rama им се допаѓа ова.
  13. Ана на мама

    Ана на мама Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    1.821
    Пол:
    Женски
    Останатата публика не е дете со пречки па да не резонира само.

    И јас до пред неколку месеци истото го мислев како другарка ти, како тебе и како останатите со став како твојот.

    Што ме предомисли ?
    Безброј неодговорените прашања на докторите, сите можни искористени медицински третмани (безуспешно) и годините поминати во болка и телесна и душевна, парите не ги спомнувам само за суплементи трошиме по 100-200 евра месечно (години и години).

    Зошто се одлучив на ова ?
    Немам што да изгубам, пробав се, па ако не успеам со мирна совест да кажам ПРОБАВ БАШ СЕ.

    Што очекувам од ова?
    Искрено не знам, и кога ќе успеам нема да кажам од ова или од она беше, ќе кажам што се' направив а понатаму секој со совеста и убедувањата.

    Се надевам дека конечно се разбравме.
     
    На Luigy, Emy867, didi1982 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. didi1982

    didi1982 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    4.115
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.394
    Допаѓања:
    113.330
    Пол:
    Женски
    Неограничено. Исто како и најмодерниот метод на оплодување - ин витрото. Може ќе биде, а може и нема.
     
    На Rama, Anomis11, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  16. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Леле не се мајтапете со вакви осетливи теми.. Инаку и јас не би одел по оџи и магични камења кога би имал мака али секој нека си го бара чарето на свој начин. Нема потреба од убедувања
     
    На oblace1, Alishan30, Avery и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Ана на мама

    Ана на мама Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    1.821
    Пол:
    Женски
    Да те надополнам со само неколку од многуте низ светот :

    Kanayama Shrine // Japan
    Rude Man of Cerne // England
    Chao Mae Tuptim shrine // Thailand
    Victor Noir // France

    Osun Sacred Grove // Nigeria
    Mên-an-Tol // England
    Phra Nang Beach Cave // Thailand


     
    На Rama и didi1982 им се допаѓа ова.
  18. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.162
    Допаѓања:
    13.539
    Пол:
    Женски
    Хахахаха а што треба да подржам во темана дека е ок да му веруваш на гатач што бае по телефон, на гатач што предвидува иднина на фб, на оџи кои прават магии за некој да се заљуби во тебе или да да направи на некој да му биде лошо и да умре? Да не треба да верувам дека некој нашол човечки остатоци од мртовец во циглите во куќата?

    Бирам во што да верувам и таму во таа тема не ги подржувам погоре глупостите што ги наведов, а верувам во виши сили како црн камен, трудното дрво, говедарскиот камен, иконата во Струмица од Богородица, манастири, цркви, но не сум до толку отидена со мозокот да одам по оџи и да зимам нешто од мртовец за да правам на некој нешто лошо.
    Пробајте да ги опаметите тие луѓе, а не нас што сакаме само до дете да дојдеме.

    Да не требаше аплауз или нормален совет да и дадам на членката која се сомневаше дека свекрвата и направила нешто со гомното од бебето?

    Не може никој да ме осуди во што да верувам, а во што не.
     
    На Rama, didi1982, Meckicja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.202
    Пол:
    Женски
    А витамин б12 од каде ќе имаш ако не јадеш месо а него кажи речи го нема во растенијата
     
  20. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.202
    Пол:
    Женски
    Осе ова како јас да сум го пишувала потполно истото имам да го кажам
     
    На Rama и ocicka2014 им се допаѓа ова.