Ако си вегетаријанец - јајца. Ако си веган ќе пиеш суплементи и решен проблем. Ама најлесно е да се вадиме дека се има во месото и дека е здраво. Епа не, не е
А само неплодноста ли е здравствен проблем, па мора да велите не сте осетиле? Зарем нема меѓу нас такви со други проблеми кои со месеци можеби одат од доктор на доктор, од клиника на клиника, такви кои не можат да набават лекови, такви кои немаат средства за операција, ама пак не се свртеле кон камења?
Овде те цитирам, да не не караат таму . Оти потсвеста и психолошката ствар во тие моменти се многу битни. Кога веќе си ги пробал сите логични решенија и надежта полека умира се фаќаш како давеник за сламка. И ако чуеш дека на некој, демек нешто му помогнало, одиш се среќаваш со луѓе кои се во истата каша и ти, се бодрите, се чуствуваш подобро, психички се опушташ и оп чудо. Исто како и неверојатното чуство кое го имаш при посета на некој маснастир- мир и спокој. А всушност е последица од зголеменото магнетно поле (оти скоро сите манастири се градени во карпи и на голема височина), чистиот воздух, мирис на темјан и отсуство од гужва и сообраќај. И ете рационално го знам одговорот. А дали би одишла ако ги исцрпам сите разумни решенија, веројатно да, ако било што ми помогне да си ја вратам надежта, ако би се нашла во таква немоќна и безизлезна ситуација. Ова со колењето јагне е секако човечка измислотина и мислам дека е тотално непотребно, ама пак во минатото така наречениот курбан има сосема друго значење- намерата е да се искаже благодарност на бог или што и да е, да се нагостат и почестат сите луѓе со еден ручек. И затао и сите они кои добиле резултат по еден или друг начин, со задоволство би дале курбан јагне, оти верувајте тршокот за јагне е занемарливо мал износ кои сите овие жени го платиле по испитувања. И да, не верувам ниту една да отишла на каменот прво, без да проба медицински да го реши проблемот. И така, сакам да кажам се претера веќе.
Не можеш да забремениш од камен, но овие ритуали делуваат слично на плацебо ефект кај личноста и верувам дека тоа може да придонесе за успешно забременување. Затоа не осудувајте, лекот некогаш е во самата психа, има многу научни експерименти и докази за тоа.
Што е разликата од слепо верување во цркви, манастири, богови и верување во некој свет камен? Апсолутно никаква! Според мене и едното и другото е налудничавост, ама нели ако веруваш во Бог и одиш по сите цркви и манастири е оправдано, а ако бараш лек во некој камен си чудак, прост, заостанат? Оф леле! Му рекол зајакот на магарето дека има големи уши... Мене лично ниту едните, ниту другите ми сметаат. Верувам дека човек кој има мака ќе посегне по се. Дека ќе се излечи токму од тоа, не верувам, ама психичкиот момент има и тоа како голем импакт врз личноста, а тоа нема никој право да и го одземе. Затоа, пст...
Ок. Значи немате разумен одговор зошто тој е магичен камен. Тоа и го очекував. Нема врска, терајте. Само не напаѓајте луѓе со спротивно мислење од вашето, затоа што тоа се нарекува слобода на говор и никој нема право на никој друг да му ја ускрати.
Лилјаче бе ме читаш ли што пишав? Не може да има разумен одговор оти нигде не кажав дека е магичен. И никој не нападнав и не ме ставај во некоја класификација на наши и ваши те молам. Само дадов мое видување на нештата.
Ама ако вие пишувате дека одење на тој камен ви помогнало да останете бремени, некој од публиката може да биде во забуна и да помисли дека каменот/ појасот/ курбанот е причина поради која сте останале бремени, или грешка сум? Ама Господ ли рекол дека со одење на тој камен ке останете бремени? Или одењето на тој камен и давањето курбан е паганизам? Јас би рекла дека ако во целиот процес е вклучена медицината, тогаш дефинитивно лекарот и стимулациите се причината за бременост. Земање матичен млеч (за кој патем има студии и студии кои покажале и докажале дека негова конзумација има многу позитивни ефекти врз здравјето) и вегетаријанство (промена на начинот на исхрана при што постои голема шанса пациентот да исфрлил од употреба храна која неговиот организам не ја прифаќа и за истото повторно постои научно објаснување) се методи за кои научник има објаснување како би можеле да влијаат врз плодноста. Сите ние имаме право да мислиме што сакаме, ама да пренесуваме дека посета на каменот при сите тие хормони и стимулации е причина за бременост, е во најмала рака нефер и чудно.
Знам за еден брачен пар,се отепаа идејќи по свети места, води, бајачи, манастири, и секој еден пат се покажуваше како неуспешно, во долг временски период, некаде 10тина години. Преноќуваа, пари оставаа, донираа, постеа и сите остали пропратни ствари, за да го придобијат наклонот на вишите сили јер нели колку повеќе пари оставиш толку поголеми шанси имаш. После 10 години се разведоа, жената се зеде со друг, и одма доби дете, и тоа близнаци. Ова се рачуна ли како чудо? Сепак после идењето по свети места е Зошто мислиш дека нема жени со проблем со стерилност, кои кога би ја читале темава и кога ќе прочитаат куп приказни, рекла казала од жени, како илјадници евра таа некоја си фрлала по доктори и медицински интервенции,со години и години, и ништо од тоа и нема помогнато, ама и помогнал некој си таму митски камен, нема да посегне првин кон потрага за тој камен и сите остали чудесии, отколку да се обрати на доктор? Години и години ќе изгубат во потрага по лек во надреалното, и за некои и доцна ќе биде. Кој се впушти со сета надеж по вакви ствари, тешко идење назад после. Само беља ќе направите, отколку што ваквите прераскажувања ќе бидат од нечија помош и корист.
Толку многу осудување на едно место...страшно. Ја знаете онаа, ќе направам се што сум чула и да помогне и да не помогне, за да кога ќе биде прекасно да не велам - а, што ако направев така? А што ако отидев онаму? Ќе беше ли се поинаку? Е, затоа не се осудува за вакви работи. За личен мир пред се на личноста која има голема мака. За кога истата ќе се преиспитува што можела, а што не направила, да си биде чиста пред самата себе. Во маки од неплодност, болест и сл, не се гледа и не се наоѓа НИКОГАШ логика. Оти ја нема. Постои само момент на поматување на мозокот од очај и веќе не знаеш каде тераш, па одиш и таму каде што некогаш не си ни сонел дека ќе отидеш. И поапсурдно нешто од тоа - дете ќе немам, јагне не колам, извинете ама не сум чула. Ајде ако не, приберете си по едно јагне по дома, праќајте го на школо, мажете/женете го, кога сте болни нека ве гледа..па дојдете, споделете, ако бива, пеки, сите така ќе прават. Ама сега, млатење празна слама на нечија мака е жално. Оставете, секој со своето. Само да се најде патот до успехот, па се друго е небитно. Бебе или лек, што да е. Да се добие.. некако...
Па и да се свртат што? Што е толку погрешно,не само за проблем со неплодност,за било каков. Многу судите бе луѓе. Јас знам жена што пред 30 години од тој камен останала трудна после 10 години неплодност, и тогаш да не имало ин витро па можда стимулациите случајно проработеле баш ко отишла на каменот м?
Хм, имаш право. Оти кога пишував умот ми отиде кај сите женички кои се во процедура, во вешташко од каде всушност и почна темата, и истите тие се веќе со години во третмани. Да ама точно, тие не се репрезентативен примерок за целата популација. И сепак имам надеж дека во денешно време секоја жена, која не може да зачне подолг период по природен пат, посетува лекар/и. Незнам дали ме персираш или ме карактеризираш во некоја група. Ако е второто те молам немој, оти сум единка со сопствен став и мислење и не дојдов никој да убедувам или бранам, само искажувам мислење.
Јас всушност предлагам да му се направи физичка, хемиска и спектрална анализа на каменот и во име на науката и форумот, еднаш за секогаш да се реши мистеријата. Ете ако случајно некој работи во лабораторија, во која има услови да се испитаат истиве, нека се пријави.
Не ми беше целта да те нападнам со мојот пост, туку да укажам дека треба да погледнеме и од друга перспектива. Постојат огромен број на луѓе кои се имаат изгорено поради некои неконвенкционални начини на лекување, почнувајќи од настинка па се до некои тешки болести. За таквите случаи ретко се зборува, напсроти сензационалистичките приказни дека некој наводно се има излечено од истите. Вториве ги има прст и плева, и сето тоа се прераскажувања, нема жив сведок на истото чудо, секогаш се има десено на таа некоја си таму, таму некаде, а не ги знаат околностите кои се најбитни. Надрилекарите ја користат неукоста на народот и колективната недоверба во здравствениот систем, при што подведуваат група на луѓе заради остварување на сопствена корист - финансиска. Порано се знае како завршувале ваквите, денес се возвишуваат и ги прават светци, а уствари се само умоболни глави кои заработуваат на маката на луѓето кои ги посетуваат.
А уште пострашен е фактот дека многу доктори и болници ја злоупотребуваат својата позиција и се богатат врз маката на народот. ( Ова општо, малку сум офф топик, те молам не ме сфаќај како да му викам на народов да не се лечи кај доктори! Туку само велам очи отворени и не две, четри мислења да се побараат ако треба.)
Ништо де, нека одат кутрите луѓе и кај особи со т.н. моќи, не само места. Нека им заработуваат пари преваранти на нивната мака, таман баш од овој мајндсет уште и постојат такви и ограбуваат луѓе. Ние ќе си молчиме да не се навреди некој ради политичка коректност, оти тие што искажуваме скептичко мислење сме ви бесчувствителните непријатели и ве осудуваме, а не горенаведените преваранти.