А знае некој српски ора? Како на пример: Ужичко, Моравац, Жикино, бла бла..? Јас ги владеам тие Хаха, а инаку на играорна одев од 3то одделение, и пред 2 години престанав заради проклетото школо и немање време, па така да некаде околу 8 години. И најбоље се брзите ора, Циганчица рулз! xD
Леле ни едно незнам... Бегам од такви работи, само поџабе ќе ги побркам луѓето. Плеткам нозе - јас незнам што правам Ни најосновното незнам да го погодам. Додека фатам конец веќе ќе заврши тоа оро и ќе почне ново и оп, пак тутурутка. А и обавезно сум со носот пикнат во нозе. А искрено па и не се ни интересирам да научам
Да, секако дека играм ора секогаш кога имам таква прилика. Од мала пројавував интерес македонските ора и сите ги научив. Одев и на играорна едно време ама таму сосема десети ора игравме, не оние стандардните на свадби и други веселби што се играат.
Знам неколку, уште од мала сакав да ги научам да ги играм али не одев на играорна. Сега ги знам оние по веселби, свадби што ги играат другите послабо, сум ги заборавила
Моите играчки спосоности најдобро прикажани се преку оваа сликичка можеби и подобро е од мене.Инаку се чудам како не ги абораваат чекорите еден куп на комбинации 3х2 напред со скок назад и тоа да ти било некое оро по име на селото од потекло на фамилијата па овакви па онакави
само право ( 3 со 1но ) на она 6 со 3 се бунам ... играв сега за свадбата на брат ми не седнав ... а инаку пола свадба ја преседувам и мислам дека ако некој ме снима сум најсмешна во реакција кога незнам да го фатам ко схто треба орцено
Знам повеќе, Елено моме ми е омилено, Пајдушко ми е веќе досадно, а предизвик ми е Циганчица да ја научам
Повеќето ги знам, барем оние што повеќе се играат. По свадби, матури и такви работи прва сум за играње
Уште од мали нозе моите ме запишаа во културно уметничко друштво бидејќи многу сакаф да играм сега ги знам сите ора не да речам во глобала сите туку повеќето оние кои се играат во нашите краишта...