Да не одев на играорна во 4то одделение, немаше да го знам ни правото ни пајдушкото. Богами и само тие ги знам .. Цреп сум кога ќе се рече да се игра оро.
Јас па мислев дека сум единствена што не знае да игра оро. Не озбилно, не знам да играм оро, само правото така малце, ич не ме бива ми е срам на свадба да станам да играм, обавезно нешто ќе згрешам.
5-6 се што знам да ги играм. И тие не ги знам најдобро. Со пајдушката сум скарана,неможам да ја погодам никако. Родителите цело време ми викаа да се запишам на играорна ама не сакав,а другарките се запишани па може со нив ќе се пикнам за да одам во Србија или Бугарија Повеќе сме што не не бива по ората...
дали некој знае видео каде што е објаснета циганчица? зошто со тато се нервирам,он незнае да објасни ама го збрзгува...на крај се скаруваме. И никако да ја научам.
Ќе пробам да ти објаснам, ако можеш да ме разбереш, алал да ти е. Ако го знаеш движењето, одиш прво во десно. Десна назад, се потпираш на лева (ова е како полу чекор), десна напред (овие во одење), лева напред, десна напред, лева напред (овие во место). Се вртиш налево. Левата како што ти е напред ја префрлаш назад, па напред (во одење, во меѓувреме се потпираш на десна за да можеш да ја промениш ногата), десна, лева, десна (во место). И повторно од почеток, десна од напред ја префрлаш назад (одиш во страна), се потпираш на лева, десна напред, лева. Десна напред, лева напред. Лева назад, се потпираш на десна, лева напред. Десна, лева, десна. Се повторува цело време истото. Надесно имаш еден чекор плус во движење, а на лево еден правиш во место. Еве ти видео, ако можеш да си поврзиш со глупостиве мои. http://www.youtube.com/watch?v=FYsM1u0tgxI (Гледај ги машките, поправилно го играат. )
Lov3 и да не ја научам дефинитивно кога и да ја чујам сега ќе ми текнува на тебе. Како и да е мислам дека те сватив ќе пробам дома Фалаааа ти
Обожавам да играм,кога ке засвири музика еве ме мене прва на оро ги знам ората скоро сите,а најповеке ја обожавам циганчица и едно оро неможам да го научам никако,а имам огромна желба тоа е чачак.
....... ......сакам да играм,ги знаам поќето македонски ора,сакам кога има тапан до мене да се качам на него,саксафон посебно на увце да ми свири....хахахаха.......сакам веселби,понекогаш и самата си праам да ми е убаво,на пр спремам по дома,музика оди во позадина и онака си праам цуп цуп во место.... .
Za ora sum tapa,ko da imam 2 levi noze go igram samo pravoto i tolku.Nemam zelba da naucam poveke,ama zatoa pak im se voshituvam na lugeto koi znaat ubavo da igrat.