нашиот фолклор е многу богат. во фамилијата имам многу играоцрци, па и јас одев на играорна 8 години. потоа се отпишав и зажалив заради тоа. мерак ми е да ги играм нашите ора. на свадбите не седнувам,нонстоп сум фатена на орото и знам мн ора и тие по свадби шо се играат и тие кореографски што ги учев додека одев на играорна
моја фамилија сите играорци..само јас нз на кој сум се метнала само пајдушкото и паравото ги знам аа доволно е..
Па не сум без ич знам да играм ама не сите, татко ми многу брзо игра и од него ука не факам , чачак многу сакам да научам ама сеуште не сум научила знаете ли некој линк каде убаво чекорите ќе ги научам, па треба да си го знам за мојата свадба
Девојки ке ве молам ако знае некоја да ми даде информации повеќе за пајдушкото, од каде потекнува и слични работи, многу ќе ви бидам благодарна И да не бидам офф, играорка сум веќе неколку години, и знам повеќе ора
Аууу ги обожавам . Не сум одела на играорна ама сите ора ги знам и едвај чекам да дојде некоја свадба или слично за а се изнаиграм
Ги знам повеќето, татко ми ме учеше од мала и многу сакам да играм по свадби кога ќе се опуштам обавезно грабам и некое шамивче да пафтам со него, зашто така без марамче, салвета не иде орото
Уфф па многу знам и сакам да ги играм обично овие по свадбите што се играат, а омилено ми е пајдушкото
Јас таква рок душа,а замислете и поранешна играорка .Да во периодот од основно и средно школо го поминав како играорка и сите ора си ги знам,и сега понекогаш ми се наваѓаат на некоја свадба
Си знаам уште од помала.. Почнав и на играорна, сега сум отпишана.. Ама од таму научив уште многу други