како помала одев на играорна и сите ги знам дечкоми го терам сега да земи да поднаучи некое оро јас арно на свадбата со фустано не се гледа како играм ама тој како ќе се крија
Не изигравам нешто хипстер па нити сум, ама искрено да кажам МРАЗАМ оро од дното на душата. Не потекнувам од некоја којзнае колку музкална фамилија, али еве моите ги знаат сите ора, и поколенијата пред мене.. ама ете јас црната овца не можам да ги смислам. Не сакам да навредам никого ама селско ми е многу, старо со векови а јас не дека нешто не си ги сакам корените и тоа ама не сум едноставно таков чоек. Во животот на свадби редко кога сум одела, баш поради тие адети и глупости, али не е тоа темата... инаку јас сум многу дури и премногу весел чоек, за играње прва... али не ора Тоа ти е се менуваат генерациите, али нема зошто да кријам дека се издвојувам и не дека сум нешто горда ама кога не сакам и не сакам тоа е. Инаку го знам правото и грчкото, бев во обид да ги научам и останатите ради матурата и се откажав... си вртев чочеци и најубо си поминав. Peace!
како мала одев на играорна и кога требаше да одам за Хрватска мене ме отпишаја сите ора ги знам освен шопката што велиме ние ги мешам со циганчица еден чекор разлика ништо страшно,а за валцер незнам да отќинам
Како се викаше, наше македонско народно оро....ќе пробам да ви објаснам како се игра се надевам ќе ме сватите: кога се оди нанапред(на десно) во орото се трга така што левата нога ви е зад десната,се подцупнува и после левата си се префрла пред десната исто одејќи надесно уште 2/3 чекора, потоа оди оноа класичноно напред еднаш лева еднаш десна..............и па се повторува истото.
Сноу, тоа е ситното. Јас не сум некоја голема играорка, ги знам најобичните, ова кое го објасни Сноу и Елено моме или како и да се вика тоа оро - кај нас така го викаат. Пајдушкото оро никогаш нема да го научам, ама никогаш! Ептен е мастер левел за мене. Не обожавам да играм оро, не сум некој страстен уживател во народната или изворната музика иако ја сакам при одредени околности нали, ама чисто од култура, да се знае по нештичко.
Јас пак Пајдушкото го знам одлично и лесно ми беше за учење, туку ова Елено моме само се бркам вака ли беше, онака ли беше, а па до мене да се фати некој што ни толку не го знае срамови сум За циганчица и шопката ич да не станува збор. Далечни се тие за мене
http://www.youtube.com/watch?v=et2T7kXw_5U На Чачакот да не мислиш? Според објаснувањето на ова ми текна
Треба да е Елено Моме според описот. Се обидов на јутјуб да најдам некое да го постирам, ама не успеав. Види побарај дали е тоа тоа.
не е елено моме, не е пајдушко, не е ситното, не е егејско, не е циганчица,....тие ги знам кои се значи мака ми е што незнам како се вика, по свадбите го играм а вака не му знам име. Ми треба за репертоарот што го правам за на музичарите да им дадам.
Ако не успееш да го најдеш, изиграј го пред музичарите тие сигурно ќе знаат кое е мала шала, се надевам нема да се налутиш
http://www.youtube.com/watch?v=-1nx15WiUwU Сноу ова да не е? Мене по описот ми дојде ова да го заиграм. Само не можам да најдам видео со самото оро, само музиката е ова.