и јас сум некогашна играорка и секако дека знам многу ора. свадбарските ора ги сакам и ги играм сите, а од другите Калајџиско оро и Цвеќеберачка ми се омилени
Јас знам дури две верзии на правото: 3 напред, 1 назад, и 6 напред, 3 назад. И толку. Не знам зошто се смеам, ама срамота е, да не се знае барем Пајдушкото. Но, морам да признаам дека немам ни некоја голема желба да научам, можеби поради тоа и свадбите генерално не ми се интересни. Ама секако уживам да гледам луѓе-играорци, се восхитувам, сепак е потребно талент и вештина, а е дел од македонската традиција. Поздрав до сите играорки, опа-иха!
Па со оглед на тоа дека идев 1 година на играорна ги знаам : Пајдушко, Циганчица, Паланечка тројка, Правото секако и тоа 6 напред 3 назад а ова лето имам план да ги доучам останатите
Одев на играорна кога бев помала и знам да играм неколку ора: Пајдушко,право,шестка,чамче (малку),Елено моме,чачакот...
Ги знам основните ... Правото, Пајдушкото и 6ката (6 напред, 3 назад) Многу ми е интересно и со нетрпение чекам некоја свадба, ама играм само кога ке забрза правото и одам напред со мажите фатени за рамена и играм. Сите роднини ме научија и на која свадба и да одам слика-прилика сум... Можеби не доликува ама неможам да играам со жените
Си го знам само правото и колку за на свадба да станам да заиграм доста ми е. Откога сакам да го научам тоа Пајдушкото ама уште не дошол денот
Многу ги сакам нашите народни ора, впрочем тие се наше културно наследство и многу не нервираат типови на луѓе кои се однесуваат во стилот на тоа дека тоа е селска работа, и во никој случај не би се фатиле на оро. Епа многу е неубаво да се срамиш од минатото на своите предци, нешто што е дел од нас и нешто што треба да го негуваме. Не мора да ги знаеме сите ора, барем правото може да се научи да се игра а воопшто не е комплексна работа. Јас ги сакам нашите народни ора и многу ми е жал што не искористив во раната младост да членувам во некое Културно уметничко друштво за да научам поголем дел од нив и да бидам дел од тоа дружење и презентирање на тоа наше богатство во светот. Сепак на веселби многу сакам да играм и секојпат поголем дел од времето сум на оро одколку на маса. Знам да го играм правото, 6ката, пајдушкото, елено моме и циганчица. Инаку пак, лично не ми се допаѓа ако веселбата е кај луѓе кои се да речеме играорци и кога пола веселба е со некои тешки ора па човек не може да земе да игра, и од 200-300 луѓе играат само 20 души а ругите гледаат. Тоа ми е некако глупаво, затоа што сите сакаат подеднакво да играат а се знае кои ора народот најмногу ги знае.
Го знам Правото, Пајдушкото и тоа што е шест напред, три назад. Ама најмногу го сакам Пајдушкото, најубаво ми е.
Правото, пајдушкото, 6ка, елено моме, грчкото... и немам мака да се вклопам и во некое ново што ќе го видам САкам да играм, посебно да свадби или какви и да се веселби каде има добро расположение, посебно со добро друштво и кога атмосферата е на ниво. Весел човек сум си
мислам дека скоро сите знам да ги играм,едно време одев на играорна ама незнам што ми текна да се откажам
Знам да играм многу, но ете малешевката не ја знам. За свадбата морам да ја научам (иако ќе ми биде тешко со бебе во мешето да скокам).