Ги знам правото , 6ката и Пајдушко и уште едно забравив како се вика Баба ми ѓи знае сите па кога сме на свадба поднаучеме на некое оро
Јас ги знам само правото, пајдушкото, елено моме, ситното, грчкото и циганчица. На свадба нема ни мали шанси да ме видите да седам. А никогаш не сум одела на играорна, но од секогаш сум имала желба.
Иако одев на играорна одредено време не научив многу ора а искрено не ни имам желба тоа не е бидејќи не го почитувам македонскиот фолклор , туку не ме привлекувасат ора ...го знам правото оро и грчкото ... на свадба ги играм тие ..
Играорка во душа сум. Лесно учам и сакам да научам нови ора. Одев 7-8 години на играорна, но и таму децата почнаа да ги делат партиски (според родителите) па ми се однеќе да одам. Сега чекам само свадби, да се изнарипам.
Ејјј ме погодивте во срце Да не се фалам ама ги знам сите ора од три напред два назад до чачак, малешевско...Ги сакам брзите ора, елено моме, пајдушко ( кое веќе ми здосади ). На свадби сум прва, и ме бидува многу за ороводец Абе што да правам ко дома се се играорци, баба ми, мајка ми, вујко ми Весели луѓе сме што да правиме Каламатија?? Еве не сум ги знаела сите Какво е ова оро? Линк нешто имаш?? ПОзз
Едино знам да ги играм Пајдушко, правото и 6ката... други не знам а и немам некој посебен мерак да научам! Повеќе сакам да вртам газ на чочек отколку да играм оро!
Многу ценам македонско изворно богатство, ама орава не можам никако да ги научам. Тамам ќе научам едно, одма ќе го заборавам. Правото го владеам , пајдушко знам и егејското. Ако воопшто постои некое така што се вика, важно во тој предел се играло.
Кој бе? Па за орцава сум мајка бе браќа мили. Си ги знам сите, да не набројувам, оп-чујам музиче и јас сум на копитца и си почнувам.. шајна-нај-на руд-дум-тудум!!!
Ја не сум многу по орава, ама од денес почнав на играорна да одам.(да не речам на брукање ). Појма сум за играње, али ајде, ме премоли водачката на групата да одам, па ајде, атер нејзин... И сега, од денес, јутјуб пред мене и ги барам ората. Слушам ќе сме оделе ваму-таму, па ако не друго шетањето вреди. И плус убаво е да ги знаеш ората, па и песните...сепак, ако не си ги знаеш своите народни песни и ора, народното богатство, џабе ти е се друго.
Го почитувам македонскиот фолклор и македонската народна музика и ќеиф ми е да играм на неа. Секоја веселба, било да е матура, крштевка, а да не правиме муабет за свадба, не поминува без нив, а богами и без мене фатена на оро Уште од мала сум мераклија на играње и уште оттогаш со мерак ги учев ората и ги терав родителите да ме учат да ги играм, па за кога ќе одевме некаде на свадба да ги знам До пред 2 години одев на израорна (5 години) и научив многу народни ора од сите краеви на Македонија. Омилени ми се Ситното, Еленото, Беранче ( или уште се вика и Нешето) а од „ професионалните“ - Копачија, Преспа, Невестинското, Цвеќеберачка и Женско чамче.
Jaс без разлика каде и да сум, свадба, матура, било каква манифестација, не седнувам буквално на столче. Ората ги знам, и секогаш ги играм сите. Ниту на едно не седам, неретко и ги водам. Дефинитивно најубаво ми е чачак. Многу е брзо и тешко, треба доста кондиција, ама мене ми е преубаво. За тоа кредити на професорот по физичко му давам, толку убаво не научи да ги играме ората, алал да му е. Ексик, ми се приоде на свадба да заиграм... Аморе феминки дајте некоја нека се мажи, ми се игра многу
Ме погодивте, уште една поранешна играорка! Уживам кога ги играм, обично сум меѓу последните кои остануваат кога сите други ќе се изморат. Не знам зошто, но отсекогаш ми било омилено Елено моме!
значи голем љубител суммм..играм секој ден со крпата и околу маса ихихи...ги знам скоро сите..освен куцаното или беранче..сегде различно го викат