ихиихихих како не сум ја забележала до сега темава Јас ли??? Ма сите ора ги знам, играм, кршам нозе, се плеткам, фрлам штикли ехеееееее кој е ко мене. Опа иха Секогаш издржувам до крај и не пропуштам брзи орца. Најбитно е дека многу сакам да сум коловоџа хахахах Одев извесен период и на играорна така да кое било орце не ми бега Единствено оро кое не го знам а сакам да го научам е паланечка тројка, а најомилено ми е Бувчанско, интересно орце
Јас баааш и не ги владеам орцата, а искрено би сакала, ама тешко да ме види некој на столче(добро освен додека трае ручекот/вечерата и тоа за да соберам енергија не за друго ) не се откажувам така лесно бре
за оро сум тата мата,сите ги знам а и да не ги знам доволно е малце да видам како се игра и одма го факам,едноставно имам ритам ме бива(ама си се пофалив )одев и на играорна како помалечка,ама не е до тоа до талентот е кога играм највеке сакам или да сум прва на оро или последна..најубаво можеш да играш да шараш по свое..а нај ме нервира ко ке се нафакаат некои тетки до тебе и те кочат не можеш да играш туку мораш да се влечеш.ај наскоро одам на свадба па ке се одрипам..
Се едно прочитав мој пост. Истото го кажувам и јас, но без последната раченица...ама ми се оди на свадба
Се декларирам како бивши играорец. Ехее едно време одев, рипав, скокав, арно ама пропадна школава и кога се отвори повторно од други не продолжив Гоолем минус ми е тоа Сите ора ги знам, и мерак ми е да играм. Со душа чекам некоја свадба да одам да се изнаиграм, ама пустото одамна не сум била Ајде феминки, нека рипне некоја втавче и нека не’ кани на свадба да кршиме нозе
Опа - иха! (на колена!) Еј колку само си ги сакам нашите ора. Е сега не ги знам сите, ама ме бива, танцот ми е во крв (не баш скромно да признаам), така да ако ми објасни некој веднаш знам да се фатам на орото и да го играм до крај. Ги знам основните (оваа прилика ја користам да ја поздравам нашата професорка по физичко од средно која не научи да ги играме ората) - значи Пајдушко, Елено моме Елено, 6 напред 3 назад, 3 напред едно назад - не знам како се викаат Е сега ова Циганчица ме буни ама на свадба една малку го изгледав и се фатив брзо. И српските исто ми идат, цики цики цики цак! Ситно, ситно. Обожавам да го гледам Тешкото! Се ежам секогаш на изведбата. И најомиленото ми е Тресеница! И тука исто сите влакненца депилирани биле ил не, ми стојат! Преубаво ми е како полека почнува, па се убрзува, и отсекогаш сакав да си носам една таква носија па да тресам со рамениците. Да ви кажам една тајна. Кога ме фрка некоја патриотска носталгија, си ги пуштам орава на youtube (поздрав!) и си играм сама дома, околу маса вртам Пред да одам на свадба кај најдобрата другарка, ме фати паника дека не го знам Елено моме, Елено па преку youtube си го вежбав. И на секој гостин кој ми беше дојден на кафе или пијачка, му го покажував. Најдобар беше коментарот на мајка ми - не знам што правиш ама ова ни моме не е, не пак Елено Пих! Ама затоа на свадбата главна бев - имам сведоци дека орово од едвај моме, се разви во убава Елена, особено кога е играно со мерак, па и уште кога ќе ги чуеш звуците на зурлата и тапанот, priceless!!!
Пирамидке делиме слична судбина, само јас не вртам околу маса, патам од фобија дека некој ме набљудува и срам ме пука туку си ги гледам само. На Тешкото автоматски сум најјака македонка и тука пцујам се живо и диво што ќе прокоментира лошо во коментари на јутуб. И она слушалка на уво, звук до даска, стандард...уште ракија на екс и зајдов.
^^Кажи а? Тешкото ме ежи ептен! И секогаш во глава ги имам стиховите на Блаже Конески и си ги рецитирам, а понекогаш и по некоја солза пуштам! Така, емотивна сум по ова прашање и да - патриот сум голем кога се во прашање прекрасни уметнички аспекти на нашата традиција! И јас сум способна да се карам дека Тешкото е уметност. Орото - е уметност! Поезијата - секако дека е уметност! Ората ми се еден вид на фолкорна поезија, одраз на историјата на нашиот народ. Во нив нема политики, нема исправање криви Дрини, нема - вака било, онака било, мое било, твое било. Ората се - НАШЕ било и е. Токму затоа ги сакам. А каде се луѓето еднакви, ако не фатени на едно оро?!
Ги знам сите,ај да не претерам може некое не знам,ама цел живот сум играорка и мн си ги сакам ората наши.НАјмногу ги сакам Елено моме,циганчица,пајдушко и сл
Сите ги знам, не за џабе толку години во играорно друштво бев . Ама тој пуст чачак неможам да го научам, а знам и дека никогаш нема штом до сега не ми успеало. А не е тежок. Ама ете.. не иде
Обожавам да играм, повеќето ги знам...само елено моме никако да го научам..некако многу ми е брзо. Иначе на свадби не седнувам
Штом чујам нешто народно, ама одма ми се приидува на свадба и ми се игра Ретко идам на свадби во последно време, ама тогаш бар од душа знам да си изнаиграм... Пајдушкото ми е омилено,и тројката, а чочек и Елено моме ги неам научено...
Јас единствено го знам правото и тоа шест напред три назад и толку хехе можда е за срамота али што да правам... На свадбите и на другите веселби со народна музика играм цела вечер гледам од другите како играт и јас така али да ме пуштат сама да ги играм другите ора нема шанса ке се збркам. Е единствено брзото неможам да го играм ниту сама ниту со некој друг.
Воопшто не знам ора го знам само обичново и малку Пајдушкото други не знам,а криво ми е баш има прекрасни Македонски ора.
Одев на играорна скоро 7 години и сум голем обожавател на народните ора.Знам прилично доста и навистина ми претставува задоволство да ги играм.
Не сум одела на играорна ама скоро сите ора ги знам, моите дома се опасни . Инаку срамота е бе Македонче правата барем да не ја знае.
Леле обожавам да играм оро. Ехее кога ке се развеселам Инаку одам на играорна доооолго време веќе десетина години така да извежбана сум бајаги. И башка си се изнашетав. Ем играм оро ем си шетам по светов, абе уживанции
Леле, за жалење сум, не знам ниедно оро.Па и ретко одам на свадби, така да и да ги знам, не би имала каде да ги играм