Де бре ни правото? Инаку ее пушти си дома музика и разскокај се. Посебно ако си со добро друштво има да се утепате од смеење.
со обзир на тоа што идев 4 години на играорна знам доста ора...мада на свадба не играм баш многу ора...подобро ми е бес нив
Знам да ги играм повеќето наши ора (Правото оро, Пајдушко, Циганчица, и други). Особено ми се допаѓаат побрзите... Ората се богатство на еден народ, и добро е да знаеме да ги играме, па барем правото, ако не други.
Леле...ау...мојата оми...неомилена тема. Од ора,го знам само правово,и до пола Пајдушкото. Леле кој труп сум бе,како две леви нозе да имам,ама и тие лево искривени. Си се гледам на снимки од свадби...живи срамотилаци.Сите играат правилно, јас 5 напред,3 назад,10 назад...зависи. Па и кога ќе почнат да ме тегнат,сигурно ви е познато тоа, се осеќам како на оние машинине за мачењe, е баш вака,само вертикално . Не многу пријатно чувство, не не Кога сме стиснати барем,никој не гледа толку,ама кога ќе те развлечат вака,мислиш дека сите зјапаат во тебе. Морам да поднаучам уште некое...ама ај,млада сум,има време.
Мене многу повеќе ми се допаѓа кога на прослава свират ора, а не само чочеци ) Ги знам повеќето ора што се играат по свадби, крштевки, матури )) - правото, ситното, шест пати напред-три назад (на песните од Гоце Арнаудов ), пајдушкото, елено моме, каламатија, циганчица, грчкото ) А омилени ми се побрзите ора, како ситното и елено моме, да се запотиш дури да го изиграш
Како не знам...везам везам...играорка по свадби...не седнувам, а утредента не станувам Ептен сакам свадби, само таму играм .... Не сум одела на играорна, самоука бев, по свадби се научив да играм и мајка ми ме учеше некои ора. Најмногу го сакам пајтушко или како што мм вика-ци*котрес
Обожавам ора....сите ги знам кога ќе дојде свадба нема шанси да седнам, многу сакам кога луѓето си ја почитуваат својата традиција и го учат својот мелос, не сега децава на носта да учат Виенски валцер, ало Минхен орце им треба
Јас сакам да знам да играм, но незнам. Неможам да се научам, сепак на некои свечености кога се развеселам, а па и ако потпинам сите ги знам.
идев на играорна едно 5-6 години, ама сега баталив. А инаку знам доста ора, порано знаев повеќе ама сум ги заборавила.
Сите ора шо се играат по свадби и слични некој прослави, ги знам сите ... Обжавам да играм ора... КОа сум на свадба не седнувам.. Единствено само за вечера ...
Леле колку сум тапа за ора не ми се верува Жими правата што ја знам и 6 напред, 3 назат ама и таа ја грешам Морам да научам срамота е кога ќе се мажам ќе мора само на средина да играм
Ги знам скоро сите што се играат по свадби, и многу сакам да играм. Кога ќе отидам на некоја свадба не седнувам. Ме бива за ова си признавам.
мразам ора, традиционални игри. многу ми е мака кога има такви настани, а маката е поради тоа што јас сакам да играм, ама ако се фатам ќе треба да останам до крај, а обично песните преминуваат од една во друга, ората од едно во друго, и ако не е право туку се скршнува, скока многу, јас се уморувам од всушност уцење чекори. се ми е три напред и едно назад, шест напред и три назад за кое имам забележано дека напред правиш чекор, два повеќе, на крајот ми излегуваат седум или осум напред.
Пајдушкото..Ситното...Правото...Грчкото ете толку знам и она шо е осум чекори напред четири назад незнам како се вика орото
Правото (добро тоа нема кој не го знае ),пајдушкото,ситното и уште едно...шест пати напред три пати назад (не сум сигурна дали вака се викаше )
Да јас многу ги сакам нашите македонски ора и ги играм а не знам зошто најубаво ми е пајдушко http://www.youtube.com/watch?v=VbLsubekohY