Не знам многу народни ора, иако моите се по ората и тие работи. Ги играм правото, пајдушкото, 6 напред 3 назад и малешевката(ако така се викаше). За срамота сум, покрај такво семејство, појма немам
Одам на играорна веќе 6-7 години и ората што се играат по свадбите ги знам сите. Посебно ги сакам Елено моме и Пајдушкото, а од другите Пиринско пролетно цвеќе, Егејско, Калајџиско...
Само куцаното не успеав да го научам досега, а мислам дека нема ни да го научам некогаш. Многу ми е безвезно
Правото, пајдушко и може уште некое ама сега не ми текнува. Ми текнува кога ке засвират и тогаш оп оп оп . А идев на играорна една година и што кога не ги учиме ко што се играат по веселби туку кореографија. Ама доста ми се овие неколку не сум голем мераклија за играње
Ората ми се јака страна обожавам на свадби да одам буквално не седнувам на маса. Ко мала почесто одев на свадби и скоро сите ги научив што ги свират по нашиве свадби: Елено моме, пајдушко, невестинско, чачак, циганчица(ми треба уште малку усовршување), грчкото и уште некое што не ми текнува во моментов, а омилен ми е чачакот
јас ги знам : правото, пајдушкото,циганцица, црногорка, 6 напред 3 назад,елено моме, ситното ах има уште не ми текнуват
Не сум голем обожавател на фолклорот ама и не сум за тоа да се заборави да се игра Ги знам повеќето ора но не сите Ќе ги научам во скоро време се надевам
знам неколку ама кога не ме бива абе труп не знам ритам да фатам знам да играм неколку сакам и други да научам ама џабе не ме бива
Го знам тоа правото, пајдушко, елено моме (ваљда така се викаше ) и 6 напред 3 назад Доста ми се, колку да не сум труп да седам цело време
Па знам бајаги ора, одев на играорна некои си 4-5 години ( јес да без мерак, ама дури сега ми е жал што се откажав, добро е за цврстување на мускули ама тоа е).
Само пајдушко. И она обичноно на Македонско девојче што се игра. Инаку многу сакам да знам уште некое оро, ама антиталенат сум ептен. Најчесто се бутам на оро на свадби, ќе се уклопам минутка, а останатото време го растурам орото и рипам како патуљак на дугме. Пуста желба то праи