Ги знам само правото ,пајдушко и уште едно оро ама незнам како се вика ,и доволни ми се овие три ора за да се изнаиграм на свадби и да си поминам супер
Го почитувам Македонскиот Фолкор.Е сеа колку знам да играм па незнам многу, само пајдушко,право и ситното оро Иначе одев 4 години на играорна и ништо не научив
Одев на играорна многу долго време околу 7-8 години така да знам многу ора само што имам подзаборавено кое како се викаше.Не сакам народна музика,ама за играње по свадби многу ми е мерак
Правото оро, го научив на една свадба, сите ги испобуљав во нозе, ама битно научив. А во школо ги научив пајдушко и елено моме, само ако не сум сконцентрирана во орото, може да се испобркам цела. А да, за полуматура, играв едно оро, ама незнам како се вика.
Ги знам сите.Башка од основните.Одев во играорна и знам и сплетој и 300 чуда,ама се откажав и то е то. А пишман сум
Ги знам сите, со душа чекам да одам на свадба да се изнаиграм Омиленото http://www.youtube.com/watch?v=F0tqAWoa ... re=related
Повеќето ги знам но има некои кои ми се тешки...кон крајот на април сум на свадба но до тогаш ќе ги научам
Ги знам само правото и пајдушкото ама зошто сум голем љубител на свадбите и играњето на секоја свадба си станувам и да не го знам орото,ги гледам луѓето во нозе ,го фаќам ритамот и темпото и забавата може да продолжи
Го знам рамното, а го усовршувам пајдушкото. Другите не ми будат некој интерес, на свадби одам за јадење, не за играње.
Го знам правото, пајдушкото и едно друго не знам како се вика ама знам да го играм Би сакала и сите да ги знам ама не сум некој голем играч така да и овие ми се доста..
Правото, пајдушкото и 6 напред три назад. За другите не се замарам ни да ги знам, кога ќе ги пуштат тие на свадба јас тогаш одмарам