Ја отворам темава зашто неодамна дознав дека моето нарушување во исхраната има име и се нарекува Бинџ јадење (Binge eating). Откако знам за себе имав добра форма на тело и се што сакав да облечам ми стоеше добро. Но, не знаев дека уште од тогаш имам проблеми со исхраната. Секогаш бев гладна, јадев 2 оброци на ден, ретко јадев благо и јадев премногу овошје и зеленчук за да го заситам гладот. Сликата за тоа како треба да изгледам секогаш ми беше пред очи. Висока сум 177 цм а имав 60 до 65 кг цел живот. Сепак бев незадоволна и сакав уште да ослабам. Од околината слушав како сум преслаба и дека треба да се здебелам, ама тоа само ми даваше мотив да продолжам. Е сега дојде периодот кога се омажив. Првото дете го родив со школска тежина. 12 кг качив и ги симнав одма после пораѓај. Но, тогаш и почнаа моите проблеми. Проблеми на работа, проблеми дома. Претешки за мене да ги поднесам. И така почнав да 'се тешам' со храна. Секогаш кога бев под стрес јадев и тоа јадев нешто калорично, на пример цело чоколадо. Или се труев со кафе, или јадев. Еднаш добив циклус 2 недели пред време поради стрес. И така за кратко време јас нејдов од 62 кг на 76 кг. Исто така изгубив самодоверба, изгубив воља за да се подобрам поради проблемите кои сеуште ми се на глава и само се надополнуваат. И така постојано под стрес јадам нездрава храна и потоа сум разочарана што ја изедов и уште подлабоко тонам. Значи Бинџ јадењето се препознава по следново: Јадење огромна количина на храна за краток временски период, при што лицето има изгубено контрола врз својата постапка и не може да прекине со јадење. Претежно јаде многу брзо и скришно од другите, зашто се срами од својата постапка. Овие напади на бинџ јадење доколку се случуваат барем 1 неделно во текот на период од 3 месеци значи дека лицето страда од Бинџ јадење. Кај мене состојбата прерасна на секојдневно Бинџ јадење. Сега ја отварам оваа тема за доколку има некој друг со слично искуство, да сподели како се излекувал од состојбата. И да не заборавам! Мое мислење за почеток на проблемите во исхраната, особено на женската популација, се виновни денешните идеали за совршено тело кои ни се пласираат секојдневно во медиумите и социјалните мрежи. Мојот проблем започнува од таму. Би сакала да дојде ден кога ќе пишам дека сум го надминала, но сега сум и тоа како длабоко во проблемот. Но, започнувам денес. Ќе јадам 3 оброци на ден и 3 мали закуски меѓу нив. Зашто, изгладнувањето е причина број 1 за Бинџ епизоди.
Мене ми помогна психоанализа , значи посета на стручно лице и водење на дневник. Порано знаев и секој ден да бинџам па да прекинам да гладувам( да се казнувам што сум јадела). Со психоанализата дојдов до коренот на моето прејадување ,работев на мојот мајнсет(комплексите) и на мојот однос со храната. Дневникот особено ми помогна, писмено видов колку јадам, кога јадам, како сум се осеќала кога сум јадела и нели пишуваш се што ти се дешавало тој ден. И од тамо почнав да ги решавам моите конфликти, 1 од нив е тој што ти го пиша и остали 1000 шо сама си ги замислив, престанав да гледам на добра лоша храна и прекинав да се ограничувам само зашо повеќе сум каснала, јадев додека не се најадам колк и пати да сум гладна и увидов шемата по која бинџав и временскиот период. Храната гледав да е повеќе протеинска ( пошо повеќе те држи сита), место бел леб /црн, она најдов замена за се што јадам ( нијанса поздраво се додека не воспоставам контрола).( шо не значи дека не јадев глупости) У моментов односно периодов се осеќам сита, не осеќам потреба да бинџам ( работам на стварите што ме тераат кон тоа) а и да ми се јаде нешто на што сум бинџала( го имам дома намерно, ставам во тањир плус додавам и други ствари за да ми де намали лакомоста да отидам у фул бинџ и прејадување). Совет од мене да немаш никакви реатрикци него све умерено, јади кога си гладна , слушај си го телото, работи на себе и работите што те исполнуваат, избриши се од социјалните мрежи што ти боде очи( или mute ни) пошо си факинг уникатна и прекрасна личност и му требаш на светов баш онаква каква што си.
Долг процес е да знаеш, полн со неуспеси и падови али барем си направила исчекор. Не се мери, и рачунај дека ќе накачиш во тежина ама крајниот резултат ќе биде здрава ти. Кила се губат лесно, прелесно ( со здрав мајнсет) ама здравје не се поправа никогаш. *Ја може све фино зборам али бинџ( прејадување) денови имам само у помал број, било поминало, ќе си ручам и вечерам ако ми се јаде. Секое тело заслужува храна и да си 50,40,80, 100, 150 кила , се што е претерано е штетно а не храната ко таква или “ цело чоколадо” . Патем совет, дневникот нека ти биде таен за да бидеш брутално искрена со се што осеќаш,( не само 1 на ден да пишуваш, ако имаш потреба и 20 пати на ден), ако мислиш дека некој ќе го прочита ќе го средуваш текстот и мислите. Ако ти се муабети пиши ми кога сакаш
Уште едно растројство во исхраната кое може да се додаде на списокот а кое мислам дека се почесто го има во последно време - орторексија или опседнатост со јадење здрава храна. Тука не е веќе проблем количината на храната или бројот на оборци или калориите, туку квалитетот на храната. За разлика од вистинското јадење здрава храна овде постои една нездрава опседнатост со изборот на храна која се смета за здрава, строго придржување до начинот на исхрана и диетата, кои може да значат и целосно исклучување на некоја храна, како и чувство на срам и вознемиреност, фрустрираност ако се прекршат зацртаните правила.
Штета што нарушувањата во исхрана не се сфатени озбилно. Застрашувачки што све е прифатено од општествово само да си онаа идеална бројка на вагата.
И јас имам работено со психолог за бинџ јадење, водење дневник со тоа што при секој оброк ги запишуваш своите емоции за да откриваш patterns. Мене не ми беше проблемот емоционално прејадување туку односот со исхраната. Заглавена во циклус на преголема рестрикција па прејадување од 12 години, кога почнав со престроги диети и од тогаш ова ми е првпат да не сум на некоја диета, туку го фиксирам вистинскиот проблем што ме доведе до оваа килажа. Секогаш кога ќе изедев торта, чоколадо, помфрит, јас се осеќав превиновно и го гледав моето тело како најгрдо нешто на свет. Тие чувства предизвикуваа да бинџам, тој менталитет на „ова ми е последен пат, од утре ќе бидам добра“. Психологот ми има кажано дека најбитно нешто е дента после прејадувањето, да не се изгладнувам и да јадам нормално и избалансирано. Нутриционистот со кој работев ми даде за задача да јадам два реда чоколадо секој ден после ручек, за мозокот да ми сфати дека не ми е забрането и после некое време тоа ми стана како обврска, веќе не посакував чоколадо ниту пак имав тенденции да го изедам целото чоколадо и плус се друго благо што има во кујна. Уште ми е тешко со некои работи, на пример многу влијание има врз моите чувства бројката на вагата и премногу се анализирам во огледалото, ама ми треба уште време за да го отфрлам мајндсетот кој сум го прифатила уште многу, многу малечка. Тука ќе прекинам со советите пошто и јас треба уште многу да работам на себе.
Охооо, ево ме, јас па обратно од вас, како мала страдав од анорексија, и искрено секој лош период што ќе го имам и прпблеми кај мене се одразува со не јадење, пред да останам бремена имав цели 52 кила и изгледав на сталак за инфузии ама во мојте очи не беше така и јебига и ден денес не е. Сега кога сум породена и јадам за да има бебуш млекце ми е многу тешко и да се погледнам во огледало бидејчи не си се свиѓам ич, избегавам и огледала и реално не ни искачам од пижами пошто ме мава депре кога си ги гледам фармерките или хеланките како ми стојат. Ама ваљда ќе се вратам некад како што бев.
Јас со првата бременост бев таква. Не јадев за себе туку за млеко да има. Бев најслаба во животот. ММ ми велеше на ништо не личиш, ама јас многу си се сакав таква. Сега си 15кг + не си се сакам јас, но ММ е пресреќен Но, најважно е да се биде здрав психички. Јас сега гледам дека не сум имала зсрав однос со храна од секогаш. Ми се случуваше да не јадам цел ден пред излегување само за да ми биде стомакот скрос рамен. Ама тоа и од дома ми е проблем, секогаш ми велеа домашните да не се здебелам. Сега кога се здебелив тешко ми е да се прифатам. А мислам и никогаш нема да се прифатам вака. Само треба здрав однос со храната да воспоставам.
Не може да се опише колку е тешко да си ја промениш сликата за сам себе си, да прекинеш да се фокусираш постојано на храната, кога ќе каснеш нешто нездраво е живо измачување. После 7 години борба можам да кажам дека конечно излегов од таа дупка. Завршив со 38 кила и сеуште се гледав како дебела, другите мислеа дека сум болна ми викаа дека сум преслаба за жал ја не можев да го видам тоа што го гледаа они. Се казнував сама себе вежбајќи 6 саати дневно доколку каснев погрешна храна, постојано ми беше ладно, постојано бев уморна, секој можен мускул ме болеше, ако го прескокнев вежбањето се чувствував нервозно. И до ден денес можам да кажам дека имам такви мисли но се обидувам да ги игнорирам, мислам дека ќе останат со мене цел живот. Затоа ве молам јадете што ќе посакате во умерени количини, едно чоколадо нема да ве здебели, ниту пак еден морков ако каснете ќе ве ослабе. И најбитно не верувајте ниту на ниедна инфлуенсерка или било што, ваше тело ваша приказна. Има многу побитни работи во овој живот и затоа не дозволувајте тој да ви се врти околу храната и надворешниот изглед.
Јас стасав до 45 кила на 39 години на 167 висина. Јас отсекогаш сум била слаба, со слаб апетит при стрес, нервоза, проблеми. А опсесивен (на периоди) бројач на калории, масти, шеќери, ако се отпуштам имам грижа на совест и тоа баш последниве години.Максимум 59 кила имав ко бремена и тоа пред пораѓање.
Го делам мислењето со Cosmic Girl за орторексија да се додаде на листата. Не се зборува толку често за ова нарушување, а е застапено. Периодот кога бев на диета не знаев за него, неодамна сфатив дека сум го имала. Избегнување и отфрлање на "нездрава" храна, енормно чувство на вина ако изедев нешто забрането, опсесија со квалитетот на храната и сл. се дел од симптомите кои ги препознавам. Да не испадне сега дека сама си давам дијагнози, но голема е веројатноста дека го имав тој проблем. Кога почнав со диетите секогаш се убедував себе и другите дека знам што правам. Многу добро ги знаев нарушувањата како анорексија и булимија, знаев како се стигнува до нив, но бев сигурна дека нема да станам жртва на диетите и опсесијата со мојата тежина и изглед. За жал, се изгубив помеѓу сите тие работи како броењето на калориите, бројката на вагата (секојдневно се мерев ), претераната опсесија со изборот на храна, изгледот во огледало. Потоа почнав и со бинџање, неконтролирано јадење на енормни количини храна, па после тоа изгладнување и чувство на гадење и разочараност од самата себе. Ми требаше време да сфатам и што е најважно да прифатам дека имам проблем. А уште подолго време ми беше потребно да воспоставам здрав однос со храната. Од една страна почнав со јадење на "лошата" храна, а од друга страна сè уште бев опседната со бројката на вагата. Морав да го најдам балансот помеѓу двата екстрема, психичкото здравје и физичкиот изглед, ете тоа ми беше најтешко. Промената не се случи преку ден, постепено престанав со броењето калории и мерењето на вагата. Започнав да јадам сè што сакам во нормални количини, без никакви забрани и да вежбам. Сепак, борбата трае и до денес. Уште учам како да го засакам моето тело и изглед, има денови кога мислам дека сум предебела, но има и денови кога се сакам себеси и се чувствувам убаво. Но, најважно е што сега храната не ја гледам како непријател, сфатив дека умереноста во конзумацијата е клучот за здрав однос со храната. Знам низ што поминуваш @NewMommy . Моментот кога ќе станеш свесна дека ти треба помош е пресвртот кој ќе ти овозможи излез од состојбата. Биди упорна и не се откажувај. Ти посакувам успех
Има еден филм, денес го гледав по 2 пат, to the bone се вика, баш за нарушување во исхраната. Гледајте го мене ми беше убав ( океј малце плачев на крајот ама не кажувајте )
Браво за борбата! Ти посакувам да продолжиш така и секој ден се подобро да се осеќаш. Искривената перцепција на своето тело е еден од симптомите на пореметувањата во исхраната. Поточно психичкиот проблем кој стои зад нејадењето и физичките проблеми е основата. (Лекувањето мора да вклучува психотерапија не само нутриционист и лекар.) Многу тешко е да се подобри перцепцијата/сликата за себе таа да се приближи до реалната, зошто за да дојдеш до тој момент најпрвин мораш да работиш на промена на многу психички аспекти кај себе (когнитивни, емотивни, самодоверба, неразрешени трауми од минатото...), реални проблеми (проблеми во семејството, професионални притисоци или притисоци од училиште) и проблемите кои долго време постоеле ама не биле решавани. Влијанието на средината убаво го спомна. Почнува многу рано тоа влијание. Од мали се соочуваат девојчињата со коментари и критики за изгледот и тоа на оние кои имаат помала самодоверба во моментот или се поосетливи кон мислењето на другите (што реално важи скоро за сите тинејџерки затоа се ризична категорија за овие растројства) остава силен впечаток. Таквите коментари само додаваат на проблемот и го влошуваат. Затоа внимавајте посебно кај ќерките какви пораки им пренесувате за нивниот изглед и за тоа каков треба да им биде односот кон своето тело. Воздржувајте се воопшто од критики од тој тип. Одредени категории професии се исто ризични групи- танчери, балерини, манекенки и сл. Нив заради успех во кариерата им се прави страшен притисок за изгледот и килограмите. Додека ќерка ми одеше на балет во Луј, имав прилика да слушнам што и кажува еден педагог на родителите на една балерина од поголемата група- дека мора да внимава да не се здебели зошто има можност да биде најдобра. Можело кога има потреба од енергија да изеде еден енерџи бар ама не можело на пр. цело стограмско чоколадо. Не викам дека не си ја знаат работата, ама тоа е тој притисок што се прави. Искрено, на сето тоа трошење енергија, секојденвно напорно вежбање балет со саати, на организам во раст, на мозок кој учи секој ден за школо (мозокот кога учи и меморира бара шеќер, тоа му е гориво) сигурно нема да му биде ништо ако изеде и повеќе благо, понекогаш, ама притисок се прави во име на идната кариера.
Која е причината за нагло зголемување на апетитот? Мене неодамна ме молеа да јадам, на сила јадев што се вели...сега час нема да помине без да јадам нешто од брза храна. Пробав да нејадам брза храна, но се воздржав само неколку дена, ништо повеќе и повторно започнав со благо и мрсно. Неможам да учам без да јадам на секој час, концентрација немам воопшто ни кога се чувствувам сита. Дали некој знае од што може ова да ми е?
Може да е од стресот (од испитите). При стрес се лачи од надбубрежните жлезди кортизол, хормон кој го стимулира метаболизмот на јаглехидратите и мастите. Тоа е така за да ти даде енергија кога си во опасност да можеш да избегаш или да се бориш. Проблемот кај модерниот човек е што мозокот негов како опасни ситуации ги гледа многу различни ситуации кои не бараат физичко активирање од него за да се избегнат и таа ослободена енергија во телото не се троши. Кортизолот истотака го зголемува апетитот и стрвноста за блага, мрсна и солена храна.
Ве молам за препорака за добар психолог или психијатар за разговор за надминување на истиот, како и нутриционист? Благодарам од напред
Јас при стрес ништо во уста не ставам, ми се гади. Пред испит, испрашување не јадев. Кога бев попладне во школо, прво јадење често му беше во 5, 6 попладне,ова кога не испрашуваа. За правосудниот личев на закачалка и нервозата ме изеде.
Да, може и да се реагира така на стрес- да се намали апетитот. Стресот преку нервниот и ендокриниот систем влијае и надолу, на гастроинтестиналниот систем. И тој прво реагира во телото кај многу луѓе во стресни ситуации. Гргорење на цревата, нагон за во вц, зачестена столица или дијареа, болки во желудникот...
И јас се интересирам за истото, доколку некој има да препорача добар психолог кој работи со лица со наршување во исхраната. Ви благодарам однапред