1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нарцисоидна другарка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sugarcane, 19 мај 2020.

  1. Sugarcane

    Sugarcane Активен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2020
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите :) доколку постои тема слична на оваа префрлете ми го постот.
    Вака, имам другарка со која имав прекинато контакт од х причини, едноставно изгубивме контакт по запишување на факс.. Ми беше супер другарка и имаме многу заеднички спомени. Пред некое време пак почнавме да комуницираме, се уште не сме се виделе ради ситуацијава но збориме на фб. Не е воопшто истото девојче што го знаев. Постојано ми зборува за неа, ама баш во секој муабет успева со нешто да си се истакне себе. Јас сфаќам и самодоверба и да сакаш да се пофалиш на другарка, но ова е претеризам дури и одбивно ми станува да разговарам. Еве ноќеска се замуабетивме за производи за коса и одма премина на, мојата ми е најтоп, ни густа ни ретка совршена ми е мене мојава си ја оббожавам :^) океј.. а јас ако нешто споделам за мене како да не ме ни дослушува, пак преминува да збори за себе. Не знам дали има начин некако да сфати дека премногу зборува за себе или едноставно да прекинам контакт.