Нарцисоидна другарка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sugarcane, 19 мај 2020.

  1. Sugarcane

    Sugarcane Нов член

    Се зачлени на:
    19 мај 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите:) доколку постои тема слична на оваа префрлете ми го постот.
    Вака, имам другарка со која имав прекинато контакт од х причини, едноставно изгубивме контакт по запишување на факс.. Ми беше супер другарка и имаме многу заеднички спомени. Пред некое време пак почнавме да комуницираме, се уште не сме се виделе ради ситуацијава но збориме на фб. Не е воопшто истото девојче што го знаев. Постојано ми зборува за неа, ама баш во секој муабет успева со нешто да си се истакне себе. Јас сфаќам и самодоверба и да сакаш да се пофалиш на другарка, но ова е претеризам дури и одбивно ми станува да разговарам. Еве ноќеска се замуабетивме за производи за коса и одма премина на, мојата ми е најтоп, ни густа ни ретка совршена ми е мене мојава си ја оббожавам :^) океј.. а јас ако нешто споделам за мене како да не ме ни дослушува, пак преминува да збори за себе. Не знам дали има начин некако да сфати дека премногу зборува за себе или едноставно да прекинам контакт.
     
    На Nightwish11 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    26.390
    Пол:
    Женски
    Зошто да прекинеш другарство за такви банални работи? Кажи и дека ако не те дослушува кога зборуваш ни ти нема неа да ја слушаш.
     
  3. Sugarcane

    Sugarcane Нов член

    Се зачлени на:
    19 мај 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Не реков дека туку така ќе прекинам но не ми се допаѓа тоа што муабетот цело време се врти околу неа.. Како да и кажам, превише зборуваш за тебе?
     
  4. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    26.390
    Пол:
    Женски
    Кажи и дека од што премногу зборува за себе дека не иде ред ти за себе да кажеш важни работи. Се разбира да не се скарате, туку на убав начин повеќе како од шега.
     
    На Sugarcane му/ѝ се допаѓа ова.
  5. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    8.364
    Пол:
    Женски
    Јас не се согласувам со мислењето на @friendy од причина што мислам дека премногу им дозволуваме на таквите личности. Мислам дека твојата пријателка никогаш нема да се смени. Секогаш ќе остануваш во нејзина позадина и секогаш кога ќе сакаш да и кажеш како ти поминал денот таа се ќе изврти за да го раскаже нејзиниот иако веќе претходно го имала раскажано. Немора драстично да прекинеш контакт но јас не би дозволила премногу да се зближам со таква личност.
     
    На M Bison, Feminka192, Youknow и 30 други им се допаѓа ова.
  6. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    1.055
    Пол:
    Женски
    Ми личи дека ти очекуваш таа да е истата каква што била некогаш, ама таа се сменила и ти делува разочарувачки тоа. А фактот дека не те ни допрочитува ти делува демотивирачки да продолжиш да комуницираш со неа. Па знаеш што е најдобро, да резретчиш толку редовно допишување. Да прекинуваш целосно контакт нема потреба, ама од сега па натаму си знаеш во која насока се променила и нема премногу да очекуваш од неа и тоа е најдобра опција за да не се разочаруваш и чудиш зошто станала таква каква е. Може со тек на време ќе се смени на подобро.
     
    На buba4e89 и Sugarcane им се допаѓа ова.
  7. Kimberly11

    Kimberly11 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    2.762
    Допаѓања:
    13.455
    Пол:
    Женски
    Јас мислам да не и викаш дека само за себе си збори и сама себе си се фали затоа што тие таквите нарцисоидни луѓе одма си вртат филм у глава дека им љубоморат пошо они се најдобри во се нели. Кога ќе те прекине речи и ај чекај да се докажам може?Или кажи и директ дека ти смета кога некој те прекинува уз муабет ,и би требало да заќути и да те сослуша до крај. И на крај краева пофали си се и ти нешто. :makeup:
     
    На DraganFem, cresa-jagoda, CindyAnn и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Женски
    И јас сум нарцис, ама не дозволувам до волку. Не зборувам само за мене, ги слушам и другите...што знам, ова е премногу...
     
    На CindyAnn и Sugarcane им се допаѓа ова.
  9. Pixi5

    Pixi5 Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Јас имав таква другарка и повеќе не се дружам со неа. Се случуваше истово што си го навела, но и други причини во мојов случај што ме натераа да прекинам да се дружам. Лично, не би и кажала остај ме да се докажам бидејќи не гледам потреба да молам (на некој начин) некого да ме ислуша што имам да кажам. Нејзе очигледно и е важно да е центар внимание и таквите луѓе не се менуваат. Не сум некоја што може да трпи таков однос, сакам да е обострано вниманието што ќе си го дадеме, да те ислушам и да ме ислушаш. Прекинав бидејќи не сакам да сум нечија сенка, некој константно да се величи пред мене. Сите сме вредни и заслужуваме личност што ќе ја почитува таа вредност. Сум имала многу другарки што пробале да ме засенат и ред други работи, но сега си останав блиска со 2 личности на кои им давам поддршка и почит и од кои го добивам истото за возврат. Не можам да глумам рамнодушна за некои работи или некаков однос, но има луѓе што можат да поминат преку тоа.

    Ова е само мое искуство и мое мислење, што ти ќе одлучиш е твоја работа секако. Само мислам дека никој не е должен да трпи одредено однесување, но важно е ти да си одредиш што то е приоритетно, што ти е битно. На крај краева, не мора да прекинеш целосно контакт, едноставно сведи го на минимум.
     
    На The Saturdays, cresa-jagoda, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  10. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    772
    Допаѓања:
    2.464
    Пол:
    Женски
    Ако не ти одговара друштвото не си троши време на такви особи.
     
    На Feminka192, The Saturdays, WildMk и 6 други им се допаѓа ова.
  11. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    2.486
    Пол:
    Женски
    И јас имав другарка која зборуваше само за себе, се жалеше, нејзините проблеми најбитни и кога и да го свртев муабетов на мене ќе го свртеше назад.
    И кажав отворено, дури малку и дрско зошто еднаш и раскажував една многу осетлива тема и си го сврте муабетот на себе и малку се искаравме, но подоцна рече дека ќе проба да го поправи тоа затоа што сака да ми остане другарка, и сега е топ.

    Советот ми е, кажи и отворено. Ако ти е вистинска другарка ќе го поправи однесувањето,
    а ако се навреди и ти се скара, кој ја шиша, можеш и без неа :D
     
    На cresa-jagoda, shekerna, Nightwish11 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Sugarcane

    Sugarcane Нов член

    Се зачлени на:
    19 мај 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    @friendy @piksooki @tijanana @Kimberly11 @Maro87 @Pixi5 @thequeen95 @LovelyGirl3 фала ви што го споделивте мислењето, јас веќе и деновиве не ни разговарав премногу со неа. Иначе таа не ме прекинува кога нешто ќе кажам туку ќе каже лелее супер,бравоо, или нешто во тој стил и потоа за истата работа која сум ја споделила јас си кажува за себе (факс, дечковци, фитнес, било каква случка итн.). Пример јас лично секогаш ќе се заинтересирам повеќе, ќе прашам, ќе дадам до значење дека ме интересира а не одма да трчам и да се фалам за мене.
     
    На Maro87 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Liu

    Liu Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.216
    Пол:
    Женски
    Девојчето веројатно е егоистично и крајно самобендосано па мисли дека светот се врти околу неа. Можеби таа раздалеченост меѓу вас си го направила своето па има желба да ти докаже колку неа и е прекрасно во животот и колку е најтоп, врв во се. Некогаш доколку излезите во поголемо друштво, обрни внимание дали е иста кога сте сами и во друштво со повеќе луѓе. Доколку е навистина таква со сите не очекувај дека ќе се смени поради тебе. Ти можеш да и кажеш во лице за се што ти смета кај неа ама тоа мислам дека ќе го олади односот дополнително. Од тука доаѓа тоа да ако навистина ти значи како човек, другарка и блиска личност ќе треба да ја прифатиш каква што е, на луѓето со его до плафон им е многу тешко тоа да го контролираат а уште потешко да го сменат. :)
     
    На glosipgirl, Nightwish11 и Pixi5 им се допаѓа ова.
  14. Kimberly11

    Kimberly11 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    2.762
    Допаѓања:
    13.455
    Пол:
    Женски
    Ајде да бидеме реални,никој не сака такви луѓе да има околу себе. Другарка ти ќе си има проблем во иднина со ова никој нема да ја поднесува. Јас би ја откачила
     
    На The Saturdays му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    2.896
    Допаѓања:
    16.284
    Од нарцисоидни и borderline личности подалеку..
    Сериозно, која траума и да ја имаат нека ја лечат на психолог пред да ги разболат другите околу себе.

    Инаку, околу целава ситуација, кратко и јасно би те советувала полека да го сведуваш контактот на минимум. Перцепцијата за неа кога сте биле деца не може да биде идентична со верзијата на личност која е таа денес.

    Поминало време, сте се смениле, станале различни личности, секој со свои приоритети и размислувања. Да било вредно пријателството никогаш немало да престане. Размисли која била причината за вашето прекинување контакт тогаш и ќе го најдеш одговорот.
     
    На emiliana, Gosh, DevilBoy212 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Женски
    За мене е непочитување кога некој што го сметам за близок не ми обрнува внимание ниту се труди да ме сфати, да ме ислуша. На тоа јас би вратила со иста мера, нема потреба да прекинеш контакт, но не мора ни да бидеш блиска. Не се труди да ја смениш бидејќи не е возможно тоа.
     
    На BlackNight и Nightwish11 им се допаѓа ова.
  17. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    2.486
    Пол:
    Женски
    Возможно е. Јас пробав да и вратам на ист начин и не го согледа проблемот, а и нема поента другарството ако таква комуникација имаат.

    Чим се потрудила девојката да отвори и пише на форум проблем со другарка и, сигурно сака да ја смени ситуацијата на подобро.

    Лично јас, ако некој ми укаже на некоја маана, ако ме квари како личност, ќе пробам да ја поправам зошто да не :) но не се сите такви разбирам.

    Другарка и што го прави тоа не е свесна дека тоа го прави верувајте...
     
  18. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Женски
    Знам дека не е свесна и затоа ти кажувам дека таа не може да ја смени. Можеби ќе се "смени" на недела две и пак ќе продолжи по старо. Јас лично не би пробала, бидејќи тука станува збор за нешто повеќе од маана. Мислам дека би имало негативна реакција од нејзина страна доколку и се посочи проблемот.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BlackNight

    BlackNight Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    2.726
    Пол:
    Женски
    Примерот е можеби банален, но може да прерасне во поголем проблем. Вакви луѓе од искуство кажувам, можат да бидат страшно напорни и на моменти ужасно посесивни. Имав ваква личност, терор ми беше да се слушам со неа, а камо ли да се гледам. Се за себе. Каде и е симпатијата, таму да излегуваме, кога не сакам и не можам да излезам буквално ме тегне со сила, негодува по телефон, кука, само за своите маки збореше, а ако имав проблем велеше само,, батали.,, Најбитно на светот беше дечко да си фати, другите кој не врти. Оговараше блиски другарки нејзини, им ги кобеше врските, им ги критикуваше партнерите, им предвидуваше распад и што уште не. Камен ми падна од срце кога ја откачив, не знаете какво ослободување беше тоа. Инаку не трпеше ниедна моја другарка, освен онаа која ни беше заедничка и замислете се лутеше кога ќе и кажев дека веќе сум се договорила со другарката која не и беше по волја. Се ќе направеше, ќе сменеше тајминг за излегување, место, било што за таа другарка да не дојде со нас, па и ја озборуваше замислете. Затоа и ставив крај и не ја побарав никогаш повеќе. Ваков човек ни за лошо ни за арно, ќе си направи удобно да му биде и никого не рецка. Горенаведената инаку се дружеше со уште една моја другарка и се здружија откако раскрстив, ама и нивното пукна.
    Конкретно, штом ви е онлајн комуникацијата, не продолжувај, или пиши само по некој поздрав и полека изолирај се од неа. Подобро прекини со време отколку да прерасне во излегување и кафиња, зошто ќе мисли дека цел свет се врти околу неа и ќе сака да доминира.
     
    На Angie1432, SnowWhite8, Nigredo Odor и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.102
    Допаѓања:
    17.218
    Пол:
    Женски
    Јас сум и нарцис и егоист.
    Те сфаќам и тебе и другарка ти.
    Само што јас не сум како нејзе, пример лесно можам да се налутам или да избувнам бидејќи сум егоист, но многу добро сослушувам па никогаш не сум само јас тема на разговор.Не патам за внимание, некогаш може да сум љубоморна ама не сум нападна, некогаш егото може да е проблем кога се карам и најчесто не попуштам или ќе го истерам своето до крај.
    Пробај да збориш и кажи ѝ вака ,,Извини ама ти некогаш премногу збориш за тебе, некогаш може и јас имам нешто да ти кажам но не можам” и 100% ќе ти каже нешто у фазон ,,значи многу зборам или сакаш да кажеш дека досаѓам” и тогаш кажи ѝ ,,супер си, но некогаш само за тебе збориме а има и други теми”.
    Нема ваљда да ти се наљути, ја би сакала искрено да ми каже некој ако претерам со самопофалба или муабети за себе.Подобро него да се тргне од мене ради тоа а да иаме супер однос.
    А знам иначе девојчиња ( се дружев со такви) целоо време само и само за нив збореа, ваљда другарка ти не е до толку.
    Мене највише ме нервира кога таквите омаловажуваат некој за да се истакнат себеси.
    Тоа е комплекс на нижа вредност, и јас се сакам себеси некогаш и претерувам да, не дозволувам да ми гази некој по егото, некогаш и близок може да ,,нападнам” ама никогаш не зборам само за себе, освен ако немам некој голем проблем па да ми треба разговор.Ама и тоа не би траело вечно
     
    На DraganFem и Tanjamm им се допаѓа ова.