1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нарцисоидна другарка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sugarcane, 19 мај 2020.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.085
    Допаѓања:
    11.238
    Леле, нарцизите не се свесни дека не се тоа што мислат. На дистанца, не мора многу зближување.

    Имав колешка нарцис, и секој пат оди кај ист фризер, кој ја потстрижува исто, за сантиметар што не се ни забележува. Косата ретка, три влакна. Луѓе кога ќе дојдеше се врати три круга пред мене и ми вели „еејј си ја скратив косата“. Демек чека комплименти, а не се ни забележува дека е потстрижана, ниту па косата и е убава. Или коментираше и исмеваше жени кои еднаш ги видела со мрсна коса, а таа почесто од нив одеше со мрсна коса. Со нив нема разбирање, најдобри се.
     
  2. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Човек што има потреба да потенцира дека е најубав и совршен е човек со ниска самодоверба. Ти ако си убава нема да имаш потреба да го потенцираш тоа со зборови затоа што се излишни и затоа што убавината со очи се гледа. Очигледно девојчето лечи комплекси, ама ќе сфати кога ќе остане сама бидејќи сигурно сите ќе почнат да ја избегнуваат. Како што тебе ти е напорна, така им е на сите околу неа. Неа и е потребно признание, потврда од светот дека е совршена. И како што тебе ти е смачено и ти е досадна нејзината "совршеност", така и неа не и е дојдено до твоите проблеми. Светот не го интересира и не сака да знае ни за твоите проблеми ни за нејзините комплекси. Секој е зафатен со својата мака и ако немаш лабав,позитивен муабет за опуштање или некоја шала/зезанција за споделување стануваш напорен, а напорните се најчесто предмет на исмејување (пр. еее види ја онаа, мисли дека е најубава, а во огледало не се погледнала...), друг пример за исмевање на таквите е коментарот над мене.
     
    На najjacha, Tanjamm и Arja им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Само да кажам дека не се слагам за делот горе со самодовербата.
    Јас сум нарцис баш дека имам голема самодоверба.
    Едноставно премногу се сакам себеси и како човек и како изгледам.Се ставам на прво место, немам комплекс никаков, а и да имам не би го лечела на други.
     
    На Nightwish11 и najjacha им се допаѓа ова.
  4. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    Да не е лав во хороскоп:D
     
    На najjacha и P.S.love им се допаѓа ова.
  5. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Јас самодовербата ја сфаќам како ценење на самата себе. Едно е да се цениш, сакаш себе си-да имаш самодиверба, друго е да си нарцис т.е. да сметаш дека си најубава и совршена. Според мене нарцисите живеат во заблуда бидејќи како што кажав, најубав и совршен нема. А да го поминеш животот во заблуда ич не е совршено, а ниту па убаво, туку залудно. И јас се сакам себе си и си се ставам на прво место во најголем број ситуации. Се сметам за убава и добра личност, но не за најубава и најдобра. Секогаш наоѓам нешто за да научам и да се надоградам и како личност и за изглед и професионално. Јас не знам сè и никогаш нема да знам, ама ќе се трудам да бидам подобра во сè и да научам што е можно повеќе. Да бидиш мотовиран од амбиција е нешто што ќе те подигни во животот, нарцисоидноста нема да ти даде ништо, ниту ќе те одвде некаде подалеку од што си во овој момент. Светот го движат амбициозните, светот ги цени и се плаши од нив, а не од нарцисоидните. Можеби јас не го движам светот, а ни светот не се плаши од мене, ама се трудам да придонесам за светот да биде подобро место за живеење, а можеби и еден ден ќе успеам да го движам.
    Да не ставиш никогаш, никој за ништо пред себе е или себичност или страв да не те повредат. Себичноста не е особина за фалба и ич не се вклопува со совршеност, а од друга страна стравот е комплекс. Реално, сите имаме некаков комплекс само што кај некој нема да донесе значајна штета, а кај некој може и да е фатална штетата.... зависи од комплексот и неговата изразеност.
    Да не ме сфатиш дека нешто намерно зборувам за тебе, немам ништо против тебе, секој си е таков каков што е за себе, само кога веќе отвараме тема за нарциси, ова е моето мислење.
    Според ова, гледаме колку самата дефиниција и одлики за нарцис ама воопшто немаат нешто убаво, ни совршено, плус еден куп контрадикторности. И она што е убаво кај нарциспт, ваквото однесување го гнаси и става во сенка. Искомплексиран човек испаѓа посовршен од нарцисот.
     
    Последна измена: 21 мај 2020
    На deskarada, Nausicaa, 1209 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Човек што има самодоверба не треба да кажува дека има, се гледа тоа.
     
    На ku4ence, Feminka192, gjoker4e и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Јас пак мислам дека луѓе со ниска самодоверба пробуваат да ги засенат тие околу нив во обид да си ги прикријат своите слабости. Буквално ќе зборува за најмали глупости колку да биде во центар на внимание за да и се посвети колку може повеќе внимание кое инаку не го добива од други луѓе. Го кажувам ова затоа што имав другарка, која сега веќе е ништо повеќе од познаничка, која го правеше истото, само долго време ми требаше да го увидам тоа. Се случуваше уста да не затвори зборувајќи за свои проблеми, цели, случувања, а да не ме праша ни како сум или кога ќе го направела тоа да нема трпение да ме дослуша. Се за на крај да искоментира како јас сум била ќутлива а тоа до збор не можеш да дојдеш :lol:.

    Како што јас почнував да приметувам недостатоци кај неа, така несвесно го менував и односот кон неа а неа тоа нормално дека не и одговараше, особено не затоа што не го добиваше веќе вниманието на кое била навикната. Ми требаше долго време да сфатам што всушност се случува и дека од таква личност не очекувај добрина во животот ама ете, од грешките се учи. Не ми е жал за спомените, да не испадне сум ја оцрнила до бескрај, си имавме убави спомени, излегувања, ама имало крај. Подалеку од таквите. Ако не ти посветува внимание и време, и роднина да ти е, не ти треба. Барем пријатели човек сам си бира.
     
    На ku4ence, 1209, Nightwish11 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Точно.
    Ама има и разлика од нарцис до нарцис.
    Јас бар за себе мислам дека не сум забегала со нарцисоидноста пошто со 2 другарки (Рак + лав другарка хмм..) живци сум корнела.Нема везе ме мрзи моментално да дебатирам уште.Те сфатив битно :)
     
    На moon1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Според тоа што го опиша за себе јас не би те декларирала како нарцис :D
     
    На DraganFem и Feminka22 им се допаѓа ова.
  10. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Да не се утна малце муабетот? Нарцис не е некој што кога му се жалиш за проблеми тој те прекинува и одма почнува да се жали за себе или не те слуша кога му се обраќаш или други недоразбирања.

    Нарцис е некој покрај кој се осеќаш помалку вредно, некој што нон стоп те прекинува не да се жали, него да се фали. Ко пример сакаш да раскажеш да се олесниш за некој што ти го скршил срцето и таа не те прекинува да ти рече чекај јас да ти кажам за мене кога ми го скршија моето, него те прекинува да ти рече среќа што јас немам таков проблем зошто мене сите ме сакаат и јас сум кршела срца не тие мене.
     
    На ku4ence, glosipgirl, Nightwish11 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.394
    Пол:
    Женски
    Хмм, интересна тема.Па лично јас уште од тинејџерските години негде од 15 сум личност што има самодоверба и многу се сака себеси.
    Да, многу пати личности позади грб ми збореле дека сум мислела како сум најдобра и најубава, НО јас тоа НЕ сум го кажала никогаш.
    Мојот изглед и карактер како пакет ги натерало да мислат така.
    Значи да поентирам иако се сметам за таква личност, НИКОГАШ НЕ сум го кажала тоа, ниту пак сум ги преќинувала другите кога раскажувале за себе.
    Мој совет следен пат кога ќе разговарате и ќе те преќине кажи и:добро тоа го знам за тебе веќе, може да разговараме за мене сега?
    Немој да го преќинеш пријателството веднаш за да не се покаеш подоцна.Ако веќе гледаш дека не бива почни да држиш дистанца, ако и значиш ќе се потруди да ја сфати и промени грешката.
     
    Последна измена: 21 мај 2020
  12. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Аман бре,не сме до толку нарциси :o

    Пред извесно време и пишав на една другарка да ја прашам како е таму кај што е,дали е добра и таа ни две ни три како бум ми вика бремена сум,ме плаќаат за седење дома :?:

    Од тогаш не и пишав. :D
     
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.091
    Пол:
    Женски
    Гледам дека ти пишале и други ама и јас ќе ти го пишам истото - ако имаш таков впечаток, не се зближувај пак со нејзе.Сега јас ќе речам не е исто онлајн и комуникација во живо зашто повеќето сме малку поинакви на муабет виртуелно и очи во очи.
    Излези ако сакаш, доколку пак е таква да бара цело внимание да е на нејзе, останете си оддалечени.

    Сум имала искуство со вакви другарки, едноставно тоа е карактер и не е толку лесно да се смени поради фактот што не се ни свесни колку се напорни на моменти, па на крај секој муабет и излагање на кафе се сведува на нивен монолог и климање со глава на соговорникот.А потоа кога ќе сакаш да раскажеш нешто за себе најверојатно ќе бидеш пречекана со ладен одговор, а уште помалку ислушана зашто истиве додека збориш во глава веќе си замислуваат за што следно да ти се жалат/фалат.

    Види каква ќе ви биде комуникацијата и во живо, ама ако е исто , според мене не вреди да се продлабочува односот.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.085
    Допаѓања:
    11.238

    Во право си за се. Нарцизот има нереална слика за себе. Живее во заблуда дека е ценет, сакан, убав, живее во лажен свет, а длабоко во себе знае дека ништо од тоа не е вистина. Ниска самодоверба, и затоа се истакнуваат. Нарцисите кои јас сум ги видела не биле исполмети личности, оти ако биле нема да потценуваат други.

    Пример нарцисот вели „не да се фалам, ама имам хармонично семејство“, а таа се плаши од самата помисла дека сум седнала до колешка која и ги знае швалерските афери. Се плаши да се соочи со реалното „јас“.

    Друг нарцис “еее јас за типот сум Париз, знае ли тој на кого се пушта“, а веднаш потоа вели „леле се плашам дека ако се збрчкам за година две никој нема да ме погледне“. Не знамат што со себе. Нарцисоидноста му штети на човекот. Амбициозниот граба напред, а нарцисот се фали, ама па стои во место.
     
    На ku4ence, Feminka192, raww и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Hubby

    Hubby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2018
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки
    Не мешајте себични особини со нарцисоидно пореметување. Сериозна дијагноза е која не се лечи, имам ваков член у фамилија. Подалеку од овие луѓе ако имате избор, ѕверови во тело на човек.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Нарцисоидното однесување ја вклучува токму и себичноста или подобро кажано - егоцентричноста како особина.

    Преокупираноста со себе сѝ, својот изглед, карактер, став, арогантно однесување, барање за исполнување на секакви барања, вештата манипулација кон блиските, како и нарушената перцепција кон субјективното јас.

    Ама фокусот кон себе и зборувањето исклучиво за себе се првите индикации дека личноста поседува предиспозиција за ова пореметување. Секако, се обсервираат и други особини, ама оваа е примарна. Така да членките не се далеку од вистината.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.304
    Допаѓања:
    34.241
    Пол:
    Женски
    Јас би прекинала контакт. Она е најубава ама ти си поубава.
    Чао
     
  19. sierra

    sierra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Ги знам ваквите многу добро...been there, done that. Целиот разговор се сведува на анализа за нивниот живот, нивни избори, интереси, а ти не си од никаква важност. Па кога ќе успееш да дојдеш до збор и да кажеш нешто за себе, онака суптилно ќе те врати "кај што ти е местото".. @Sugarcane , сега можеби муабетите ви се сведуваат на поопшти теми, така што оваа нејзина особина не се чини толку лоша. Ама, понатаму ќе бидете во друштво на други луѓе и многу брзо ќе дојде момент кога ќе проба да те спушти тебе и засрами пред сите, сакајќи да се издигне самата. Тогаш ќе сфатиш дека од сам почеток воопшто не си требало да трошиш време на комуникација со вакви личности. :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Ако некој/а не ми одговара како другар/ка, едноставно, прекинувам контакт.
     
    На edna_malecka, flawless_ и Feminka22 им се допаѓа ова.