Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нарцисоидна другарка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sugarcane, 19 мај 2020.

  1. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    13.476
    Е баш и јас сакам да прашам нешто. Сега ја видов темава. Мојата кумашинка исто само за себе си зборува. Јас ќе кажам нешто, таа игнор и одма како таа има убава работа, како заработува, па и се јавувале многу луѓе, не знам ти таму што. Искрено ми оди на нерви. И јас имам да се пофалам, ама не го правам тоа,а таа нонстоп. Едноставно немам веќе што муабет да правам со неа кога ќе ја видам. И пазете ќе се сретнеме по подолго време и не ми обрнува внимание иако јас ќе ја прашам нешто, туку само бебешки на ќерка ми и се обраќа или па си гледа во телефонот. Демек јас небитна.Ок, знам дете, мило е, моја ќерка е, ама па да не ми прозбори мене.
     
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    Примерот во воведот на темава, а и останатите, само покажуваат колку луѓето се примитивни.

    Искрено, ама вистински искрено ми е жал за луѓе што мислат дека кул е да имаш јако его, па како никој не смее да им го допре, па како они се уствари недоприливи од страна на никого, што и да значи тоа.
    А уште пожално е величење на нарцисоидноста. Колку и да одрекуваат нарцисите дека не се замараат за туѓото мислење туку само се сакаат самите себе, во тешка заблуда се, бидејќи нарцисоидноста е некаква испревртена рефлексија на самите себе преку туѓите очи. И нема речиси никаква врска со самодовербата, баш спротивно. Луѓето со вистински цврста и здрава самодоверба не се замараат со нарцисоидност зошто тоа е најпримитивна форма на самофалење.

    Конретно за проблематиката на членката што ја отворила темава; @Sugarcane не си троши време да менуваш некого, не е твоја должност да превоспитуваш. Нејзината нарцисоидност е нејзин проблем, верувај. Пријателството е повеќе од само дрдорење и ислушување, мора да има обострана почит, подршка, разбирање и грижа. Јас мислам дека најдобро би ти било постепено да намалуваш се' повеќе контакт и ако евентуално забележи дека започнуваш се' поретко да комуницираш со неа и те праша зошто, тогаш би и' одговорила искрено.


    П.С. Сите овие горди нарциси гарант ко дрес носат маичка од бибириби. :lol:
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mona Sax

    Mona Sax Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2020
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Нарцисоиднос комплекс да бидеш сакан и почитуван, сега има и добра нарцисоидност да се гржиш за себе за твоето тело ок, а сега други да те величат тоа не ми се допаѓа.
     
  4. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Што знам ја па често знам да си се пофалам што убава сум.. стварно сум убава..најубава сум.. си се сакам..
    Ама не тоа секој ден еве денес и кузнај кога пак.
    Ете еднаш си реков на глас у школо гледав моја слика и си викам колку сум убава си се сакам бе
    и таа една другарка ми вика Самобендисана си и јас на тоа возвратив со смеење.

    Јас би ја посоветувала членката што бара совет комуникацијата да ја сведе на минимум разговарај за општи теми и ако продолжи со нарцисоидноста остави ја пробај кажи и како не е во ред само за себе да збори кажи и дека најдругарски ја советуваш .. Луѓе сме сосема е во ред да се пофалиме пред друштво али секој ден по цел ден да се фалиш не е во ред.
     
  5. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Очигледно не знаете што е нарцистик па мешате со нешто сосема друго ,гледам многу на темава "најубава сум нарцис сум " хехенце. Нарцисоидна личност е многу повеќе од "убава сум нарцис сум" (facepalm) Изгуглајте бе луѓе едуцирајте се имате едукативни видеа на Јутуб .
    https://www.mayoclinic.org/diseases...onality-disorder/symptoms-causes/syc-20366662
    Еве едно линкче да стане појасно ,зошто гледам пола од членовите кои коментирале на темата мислат дека нарцистик е да се сакаш себе си и да кажуваш колку си убав. :|
     
    На Hubby и flawless_ им се допаѓа ова.
  6. >mima<

    >mima< Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2023
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ја одбрав соодветната тема, но морам некаде да пишам, ќе пукнам веќе од мака.

    Имено, имам/в другарка со која бевме блиски од мали деца. И основно, и средно и факс неразделни. Во периодот кога почнуваме на факултет таа рече дека не сум ја разбирал доволно, дека се чувствувала недоволна до мене, дека секогаш сум била нешто над неа. Иако јас никогаш немав такво нешто кажано или направено, ниту со цел ниту несвесно, не сфаќав што се случува. Патев. Целото друштво беше на нејзина страна. Оставав едно лето сосема сама, без ниту еден од нив. Многу ми беше тешко, тие не беа виновни јас не сакав да им пречам, иако тие ме викаа за да излегуваме и се. Поминав лош период. Ама со реков добро барем нема да и пречам во животот и се тргнав настрана. По некои период помалку од една година кога речиси се стабилизирав таа ми дојде на врата и рече дека се кае, дека згрешила почнавме да платиме и ми рече да и дадам втора шанса. Многу размислував, јас патев, а си реков и таа патела, па ајде што можам да изгубам. И така пак продолживме со пријателството.

    Сега сме веќе и двете во доцните 20ти, и пак се случи нешто, необјасниво. Живееме во различни држави, но се гледаме секогаш кога Сима прилика, таа доаѓа кај мене јас одам кај нејзе, поради обврски и финансии јас сум та ашто почесто одам таму. Во нејзиниот а и мојот живот се случија и се променија многу работи, и добро и лоши, но таа повеќе се фокусира на лошите. Периодов кај нејзе е хаос, и дома, и со кариера, и со финансии и се. Јас пак спротивно. Успеав финансиски да се стабилизира, да се осамостојам, да си земам свој стан итн. Бев пред еден месец кај нејзе и таа ме прашува што се случува и јас и кажувам, и кажувам се што ми се случува и добро и лошо. И таа сама почна ете јас тапкам у место, само стојам ништо не правам итн. Јас ја утешував ама тоа е. Таа многу пие, и со тоа си прави поголеми проблеми. Ја советува и уште ја советува помош од психолог да побара ама џабе.

    Да не должам многу, пред да се вратам јас една нејзина блиска личност ми вика слушај да ти кажам, знам дека доаѓаш со добра намера овде, но таа секогаш кога одиш и влијаеше лошо. Мисли дека не е способна за ништо, дека сака да се самоубие, дека не вреди итн.

    И јас и велам ама јас така немам кажано, баш напротив ја мотивирам колку можам и таа само ми крена раменици.

    Во молам за каков било совет, што да правам. Ја сакам, еден куп спомени имаме заедно, знам дека е паметна и вреди ама од некои лоши навики никако да се откаже. Пробав секако да и помогнам џабе.

    Од друга страна чувството да знаеш дека му штетиш на некој што го сакаш, и тоа само што постоиш до него е многу лошо.

    Што би направиле вие?

    Дали јас да ставам крај на нештото или …?
     
  7. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    2.952
    Пол:
    Женски
    Многу блискост не ти треба. Пополека тргни се. Задржи пријателство ама и близина никако. Како што сватив премногу блискост како за една другарка. Што можеш? Не можеш ништо.
     
    На BlackNight и >mima< им се допаѓа ова.
  8. >mima<

    >mima< Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2023
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Ама ние цел живот бевме блиски, делевме се. Не можам да си објаснам дали ова отсекогаш беше вака, ама јас не приметува или сега стана така. Немам одговор на многу прашања.

    Чувството да знаеш дека само со твоето постоење му штетиш на некој што го сакаш е многу лошо...
     
  9. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    Другарката очигледно моментално е во лоша психичка состојба, веројатно е разочарана од самата себе си и се споредува со други, поради што постојано се осеќа ко губитник.

    Мој совет е да избегаваш муабет за кариера, пари, напредување, што год да и' поттикнува такви негативни емоции. Иако споделувањето, сослушувањето и советувањето во пријателството треба да биде обострано, можеби на одреден период треба да избегаваш да зборуваш за себе.
    Како си, што има ново? Добро, ништо посебно, сè по старо. Толку за себе.
    Па има и еден куп други теми за муабетење, храна и рецепти, книги и серии, шо знам, лупетам сеа. Менувај теми, нешто повеќе позитивно.

    Ако сметаш дека другарка ти би ти се отворила подетално, пробај да ја натераш да ти се довери што ја мачи, и ако мислиш дека можеш вистински да ја мотивираш со добар совет, тогаш пробај. Штом трета личност ти спомнала како и' е на другарка ти, значи се нема целосно отворено со тебе.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.192
    Допаѓања:
    13.028
    Пол:
    Женски
    @>mima< како некоја што премногу се трудела да задржи вакви пријателства, најискрено ќе ти речам да се дистанцираш. Те сфаќам што сакаш да кажеш и не е до тебе. Тоа е проблем лично кај другарка ти и самата избира дали твоите достигнувања ќе влијаат врз нејзе. Дополнително е тоа што си има проблеми со алкохолот. Наместо да правиш непотребни напори, насочи се кон создавање нови пријателства. Зашто секоја помош од твоја страна ќе ја сфати лошо (таа и самата донекаде е убедена во тоа).
     
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.677
    Допаѓања:
    7.943
    Пол:
    Женски
    Ни ми делува како психички да е ок моментално другарка ти. Можда она се осеќа неубаво од внатре, а те гледа тебе со поубав живот, па пробува да проектира врз тебе. А и која е таа од страна шо се меша?:^)

    Јас да сум на твое место, ќе намалам контакт. Нема да се форсирам од одма да раскинам пријателство, но ќе си имам во предвид дека другата страна не е толку заинтересирана.

    Не си сфаќај лично ништо, оти нешто не е во ред со нејзе, а не со тебе. Ако ти побара помош, не ја оставај. Но за дружење пажљиво. Глеаш како те тера да се осеќаш, ко попарена секој пут ко ќе ја видиш.

    Некад доаѓа време за раскрстување на патишта со луѓе, без разлика дали се другарки, дечковци, роднини од фамилија и тако даље. Можда во твојот живот треба да дојдат нови и подобри луѓе за тебе.

    Седни, размисли со ладна глава, онака трезно и одлучи си како е најдобро за тебе. Ние тука можеме теоретски да ти кажуваме ствари, али само ти си знаеш како е во твојот живот.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. >mima<

    >mima< Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2023
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Сите ми кажаа дека проблемот не е во мене, ама тешко е да се прифати тоа. Жал ми е да пропадне едно пријателство што толку долго траело но морам да си го заштитам и моето психичко здравје. Се убив од плачење деновиве, ама реалноста е таа. Сакала неќела морам некои работи да ги променам.

    Ви благодарам форумџики за советите
    @Malesia @MissChievous @eliesaab @Puellapulchra
     
    На eliesaab и Malesia им се допаѓа ова.
  13. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    3.482
    Пол:
    Женски
    Другарка ти е емоционално незрела, а тоа води до љубомора. Кратко и јасно. Колку побрзо се тргнеш од нејзе толку повеќе ќе си бидеш на раат. Знам дека е тешко и болно, и сосема те разбирам бидејќи сум била во идентична ситуација. Убаво ти кажаа членките погоре, фокусирај се на себе и на нови пријателства. Луѓето си одат и идат во нашите животи со цел, а голем дел од тие луѓе имаат и ограничен рок на траење. Можеби таа цел веќе е постигната, рокот изминат и дојдено е време за крај. Не тагувај, тоа е нормален процес. Не можеш да останеш во токсична врска само затоа што имало убави спомени. Имај на ум дека треба тие спомени да се чуваат, но не мораш да престанеш да правиш спремни со други луѓе. Чувај се и почитувај се себе, се останато е релативно.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. >mima<

    >mima< Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2023
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски