Зошто луѓево сме поинакви кога сме насамо со некој, од колку во друштво? Сигурно сте приметиле. Зошто тоа е така .. ? Кое е вашето мислење
Насамо со некој едни,во друштво други Mое мислење е дека основна причина за ова е желбата на луѓето да бидат приметени и запамтени. На пример кога си на само со некого, комуницираш, споделуваш мислења најнормално. Е сега кога заедно со него си во поголемо друштво, тоа е друга приказна. Една од лошите карактеристики кај луѓето во овој случај е тоа што сакаат да бидат приметени. Некои луѓе пак претеруваат со желбата да бидат најдобри и упорно ги засенуваат друѓите. Сакаат да се претстават како подобри од некого пред останатите. Од една страна можеби е добро да си најдобар, ама од друга пак, во некои случаеви не е фер спрема другите. Мене, искрено, се помалку ми се допаѓа начинот на кој луѓето во денешно време ги сваќаат вистинските вредности. Се повеќе излегува на виделина алчноста и себичноста.
Еден другар таков е... кога е со другарите прави смешки на моја сметка, кога сум на курс со него сака да ме насмее, а кога нема никој, јас сум не видлива... И планирам да му кажам во лице што мислам за неговото однесување, не на само, пред сите, да знаат каков е и тој да размисли дали треба да остане таков! Така само можете да се справите со таквите..
Јас имам другарка што може мене се да ми каже. И кога сме на насамо ми кажува дек аи е тешко, за што и е мака, нејзините проблеми. А кога сме во друштво, или се шегува на моја сметка или воопшто не зборува со мене. И кога сакам да кажам нешто во друштво, таа ме прекинува.
Јас сум од оние луѓе кои кога сум со друштвото мое и со дечко ми сум една а кога сум со други луѓе сум друга. Причината е што не им верувам доволно да им се отворам а и не сакам да им дадам повод за исмејување, понижување, оговарање, величење, љубомора и сл. А истотака сум приметила дека со друштвото сум поопуштена отколку со дечкото. Најверојатно дека со нив сум 18 години а со него 4. Како и да е со тие што си стојам добро си стојам секаде и секогаш, а тие што не ги поднесувам не ги поднесувам ни на само ни во друштво
Сите се различни. Меѓутоа луѓето од овој аспект би ги поделила во две групи. Првата група на луѓе, се луѓе кои кога си насамо со нив се многу отворени, забавни, зборливи,комуникативни и етц, а пак коа се во друштво со други луѓе кои не ги познаваат се многу повлечени, ќутливи се, односно не сакаат да бидат во центарот на внимание. Би рекла дека обично тие коишто се вакви, по карактер се затворени и немаат доверба во луѓето околу себе, претпазливи се и затоа обично не сакаат да привлекуваат многу внимание. Сакаат да видат како се однесуваат другите со цел да се прилагодат во друштвото. И обично им треба повеке време поминато со еден човек за да можат целосно да се опуштат и полесно да разговараат. Другата група на луѓе се луѓе кои кога си насамо со нив, се многу повлечени, затворени, поќутливи за разлика од кога се во друштво, се гласни, се обидуваат да привлечат внимание, кажуваат смешки за да бидат интересни и друго. За нив би рекла дека сакаат да бидат повеке во центарот на внимание, се да се работи за нив, со други зборови тоа е кога ке кажеме за некој светот не се врти само околу тебе. Овие луѓе би рекла дека имаат потреба од внимание кое не го добиле кога биле помали и затоа сега тоа на нив им недостаува и се обидуваат да го надокнадат со тоа што прават се само за да привлечат внимание на луѓето околу себе. Мое мислење .
Ми се случувале вакви ситуации порано. Ќе преќутам, еднаш, два пати и веќе на третиот пат, АКО ми е блиска личноста која се однесувам така, ја собирам на страна и правам искрен муабет, и ѝ ,,плескам во лице”. Доколку личноста не ми е толку блиска или not my favorite, играта ја вртам на мој начин и ги откривам пред другите какви се всушност.