babylove овошни кашички

Населување на други планети

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од buba4e89, 20 декември 2017.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    18.268
    Допаѓања:
    119.523
    Пол:
    Женски
    Како љубител на Нешнел Џиографик и се што е поврзано за вселената решив да ја отворам темава.

    Нам многу ни е јасно за катастрофата на земјата пред многу години,удар на астериод кој бил причината за истребувањето на диносаурисите.
    Истотака човештвото можеби не е свесно дека може повторно астериод да удри во земјата и да не истреби засекогаш.
    Можеби ние не знаеме дека некој се има населено на други планети.
    Пред неколку години имаше статија дека богатата раја може да си плати патување до Марс истото беше наведено дека би биле потребни две-три години за да се изгради вселенски патнички брод.
    Но поттикната кампања го наведе човештвото на размислување дали можеби постои живот на други планети и дали тие планети можат да опстојат како Земјата.
    Дали ние можеме да бидеме во трка со физиката и медицината?
    Дали нашето тело ќе може да се справи со притисокот во вселената?

    Што мислите?
     
    На Justicija, Црна Ружа и Kitten им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.673
    Допаѓања:
    19.602
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е чиста глупост тоа и дека нашето тело нема да може да живее во такви услови.Секој организам е приспособен да живее во одредени услови.Мене искрено да ми платат сепак не би отишла дури и страв ми е:worried:
     
    На Kolumbo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kolumbo

    Kolumbo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2015
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    2.365
    Пол:
    Машки
    Postoi zivot na drugi planeti, toa e poveke od sigurno, no nie sme mnoooogu daleku od toa, da mozeme da realizirame patuvanje niz vselenata i da naselime nekoja planeta.

    Vo golema mera se soglasuvam so @Feminka22 , za toa deka sekoj organizam e naviknat da zivee pod odredeni uslovi, taka sto eventualno naseluvanje na druga planeta, koe bi se slucilo nekogas, mora da bide na planeta so (vo ogromna mera) slicni uslovi kako uslovite koi vladeat na Zemjata.

    Ako se tocni pretpostavkite, za uslovite koi vladeat na Mars (velam pretpostavki bidejki apsolutno ne veruvam vo prikaznite za rovercinja prateni tamu) steknati od teleskopskite nabljuduvanja, togas ima postapki so koi bi mozelo da se proba od taa planeta da se napravi mesto za ziveenje, no toj proces duri i koga bi daval rezultati, vo nikoj slucaj ne bi bil brz, tuku bi trael so vekovi i vekovi.

    Sepak, pred da se pravi bilo sto, treba da se stigne do tamu, a toa vo momentov e nezamislivo.

    Gledavme svetska audicija, vo koja se izbiraa maz i zena koi bi "dobile nepovraten bilet" za Mars, no toa ke bide samo edno sou od tipot na "Golemiot brat", od koe debelo ke se ofajdat tv kuki i nisto poveke od toa.
     
    Последна измена: 22 декември 2017
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    12.215
    Допаѓања:
    132.894
    Пол:
    Женски
    Би се иселила само ако испадне дека вонземјаните се интересни суштества и не се како луѓето љубоморни и досадни.
    :rofl:
     
    На PaLaVa, La.loca, Zivyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    939
    Допаѓања:
    3.486
    Пол:
    Машки
    Далеку е сеуште тоа, во сончевиот систем само земјата и Марс се во населивата зона иако Марс изгледа имал проблеми во минатото и сега слабо стои со услови за живот,
    Најблиски сончев систем надвор од нашиот е 4 милијарди светлосни години, Проксима Кентаури што значи дека треба нешто ново, не може со пропулзија, сосема поинаков начин за поминување далечини, сето тоа не може да се очекува во догледна иднина, ќе требаат векови.

    Така да, поарно да се научиме да живееме на земјата како што е ред...
     
    На PaLaVa, Someonespecial, Victorian и 6 други им се допаѓа ова.
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6.359
    Допаѓања:
    103.258
    Пол:
    Женски
    „Населувањето“ во некоја, не така далечна иднина, мислам дека е поскоро да почне (и некое време и на тоа само да остане):D со приватните компании кои ќе си зафатат екстратерцијални просторчиња за да ги експлоатираат. Така што, првите „колонии“ може да се состојат од некакви научници, инжињери и слични... плус радничка класа.
    :bug:
     
    На buba4e89 и Briar Rose им се допаѓа ова.
  7. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.243
    Допаѓања:
    13.555
    Пол:
    Женски
    @buba4e89 Како ми ја погоди темава, директно во срце ! :l:

    Да слетаме на една од планетите во нашиот сончев систем е едно нешто, ама да просперираме таму е сосема друга работа.
    Бидејќи најчесто го спомнувате Марс овде, ќе го кажам само следново;
    Атмосферата на Марс е главно јаглероден диоксид, површината на планетата е премногу ладна за да го одржи човечкиот живот, а гравитацијата на планетата е само 38% од Земјата.
    Плус, атмосферата на Марс е еквивалентна на околу 1% од атмосферата на Земјата на ниво на море.
    Така, ако претпоставиме дека веќе сме слетале на Марс и сме изградиле живеалишта, претпоставувам дека истите треба да имаат неколку заеднички работи, како на пример да бидат самоодржливи, запечатени против тенката атмосфера и способни да го поддржуваат животот за подолг период без поддршка од Земјата.
    А доколку луѓе би живееле, треба да се има на ум дека е потребно тие да бидат, од психолошки аспект, многу силни бидејќи кој може да замисли да поминува со месеци на една иста локација, опкужен со истите ѕидови секој ден ? Голема е веројатноста дека ќе се појави клаустрофобијата...
     
    На PaLaVa, Someonespecial, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    18.268
    Допаѓања:
    119.523
    Пол:
    Женски
    Населувањето и не е толку страшно кога знаеме дека природните катастрофи заземаат се поголем залак. Екстремното топење на мразот во Северниот пол доведува до покачување на нивото на водата во океаните и морињата. Глобалното затоплување е предзнак дека нашата планета за некое поодалечно време може да биде само суша и вода. Добро, суша може и не толку, но вода секако во поголеми количини.
    Затоа секогаш е подобро да се има втора шанса или втора планета колку за резерва. Иако и самите сме свесни дека населувањето нема да биде за обичните смртници.

    Во врска со опстанувањето на човекот на друга планета на Марс воздухот не е ист со нашиот, поточно човекот не може да опстане на таа планета во човечки облик, секако дека нашата ДНК и нашето тело можат да преминат во некои други облици, можеби нема да имаме тен на кожата и можеби нема да дишиме преку носот и устата, можеби ќе имаме форма налик човек но можеби и не.
    Се тоа зависи како нашата ДНК ќе се манифестицира во вселената. Дали е можно да се мешаме во други облици?
    Со оглед на тоа роботите во Кина заземаат поголем замав, замислете во иднина роботот може да го замени човекот, но не може да ги замени нашите перцепции, нашите емоции. Исто и во вселената, нашиот мозок може да биде ист но нашите перцепции различни.

    За да патуваме во вселената мора да имаме вселенски брод и баш како што кажа Жапче треба да бидат искусни луѓе кои притоа ќе се вратат на земјата.
    Иако вселената навидум изгледа примамливо место сепак постојат премногу опасности. Една од нив е т.н. црна дупка. Што е црна дупка и како вие го разбирате тој поим?
    Вселенскиот брод секако не може да опстане без гориво и прехранбени продукти, па тоа би претставувало проблем за научниците и екипажот. Да се изгради вселенска база каде ќе биде производ на гориво и храна е уште подобра идеја, би работеле класифицирани луѓе во било која област. Таа база би била една од најголемите во вселената и секако би живееле и обични смртници.
    Апсурдна е идејата во потрага по планета слична на земјата, по воздух својствен на човечкиот организам, се би се сведело на т.н. "вештачки живот".
    А како би воспотавиле контакт со Земјата луѓето во базата?
    Сте слушнале за телепортирањето, да да, сте го гледале на тв.
    Телепортирањето може има позитивна страна и ќе си речете баш сакам да ме телепортираат некаде што подалеку од тука, но самата технологија му влијае на човечкиот организам.
    Која е негативната страна на телепортирањето?

    Се разбира дека тоа ќе бидат класифицирани луѓе кои можат да ја "спремат" странската земја за нас. Не верувам дека тоа ќе биде некои од планетите во Сончевиот систем, бидејќи човекот секогаш се стремни кон повеќе. Планетите во Сончевиот систем не се погодни за живот.

    Јас не верувам дека постојат вонземјани.
    Исто така не верувам дека телепортирањето е возможно ако сме илјадници километри подалеку од нашиот Сончев Систем.
     
    На Victorian, zhap4e и Briar Rose им се допаѓа ова.
  9. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.243
    Допаѓања:
    13.555
    Пол:
    Женски
    @buba4e89 дали мислиш на нешто слично со еволуцијата?

    Дали е можно да се мешаме во други облици?

    Во повеќето биолошки аспекти, луѓето се како и другите живи организми. На пример, тие се составени од клетки како оние на други животни, имаат многу ист хемиски состав, имаат органски системи и физички карактеристики како и многу други, се репродуцираат на сличен начин, носат ист вид на генетски информациски систем и се дел од синџирот на исхраната.
    Фосилните и молекуларните докази го поддржуваат верувањето дека човечкиот вид, не помалку од другите, еволуирал од други организми. Доказите продолжуваат да се акумулираат и научниците продолжуваат да дебатираат за датумите и родовите, но широкиот приказ на приказната се општо прифатени. Примати - класификацијата на слични организми кои ги вклучуваат луѓето, мајмуните и мајмуните и неколку други видови цицачи - почнаа да се развиваат од други цицачи пред помалку од 100 милиони години. Неколку човечки видови примати почнаа да се појавуваат и разгрануваат пред околу 5 милиони години, но сите освен еден изумреле. Линијата што преживеала доведе до современиот човечки вид.

    Така, сметам дека доколку луѓето би успеале да преживеат на друга планета, секако, поради условите различни од земјата би можело да има одредени еволуциони промени.

    Што е црна дупка и како вие го разбирате тој поим?

    Црна дупка е регион на времетраење што покажува такви силни гравитациони ефекти дека ништо - дури ни честички и електромагнетно зрачење како што е светлината не може да избега од внатрешноста. Теоријата на општата релативност предвидува дека доволно компактна маса може деформира простор-времето за да формира црна дупка. Бидејќи светлината не може да излезе, луѓето не можат да ги видат црните дупки ама може да ги видат ефектите и како ѕвездите дејствуваат во близина на црна дупка за разлика од другите ѕвезди од нив иако црните дупки се невидливи. Црните дупки можат да бидат големи или мали. Научниците сметаат дека најмалите црни дупки се мали како само еден атом. Овие црни дупки се многу мали, но имаат маса на голема планина. Маса е износот на материјата, или "работи" во некој предмет.


    Која е негативната страна на телепортирањето?

    Засега знаеме дека телепортирањето претставува теоретски трансфер на материја или енергија од една до друга точка без да се помине физичкиот простор меѓу нив.
    Ние како човечки суштества, сметам дека не би било возможно да се телепортираме бидејќи сме макроскопски објекти.
     
    На Lianna Anna и buba4e89 им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    18.268
    Допаѓања:
    119.523
    Пол:
    Женски
    @Briar Rose мило ми е што ти се допаѓа темата.
    Токму на тоа мислам. Можеме да евоулираме во некој друг облик. Можеби ќе си го задржиме нашиот облик на човек на две нозе а само организмот би бил различен.

    Емисијата што ја следам на Нешнел Џиографик многу ми се допаѓа, конкретно научниците го објаснуваат терминот населување и колку би бил исплатлив.
    Иако самите се свесни дека луѓето нема да веруваат во приказните на тв.

    Психолошкиот развој на човекот не може да опстане во вселената на ист начин како на Земјата.
    Постојано ќе биде опкружен со компјутери програмирани за зборуваат и да одговараат на секакви прашања.
    Ќе бидат направени вештачки базени, роботи - кувари и се што е потребно да се опстане на еден вселенски брод.
    Човекот не би можел да издржи долго на едно место, секогаш би се прашувал што ако и што би било ако се врати на Земјата.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6.359
    Допаѓања:
    103.258
    Пол:
    Женски
    MarsOne, без оглед дали ќе се случи или не... е еден таков обид - социолошко-психолошки експеримент кој треба да покаже како би издржале луѓето во тие услови :) Откако почна кампањата за проектов, почнаа и дебати на експерти по меѓународно право (UN) баш за тие теми - како ќе се решаваат меѓународни спорови кои се случуваат вон Земјата (убиства, напади и сл.), правото на сопственост на државите, на приватните компании и сл.
    Еволуирањето на човекот...не ќе оди во некои екстреми, дури и за децата кои би се родиле таму. Најдоброто нешто што би можело да ни се случи, коe би помогнало во тоа „населување“, а и за нас кои би останале, би било модифицирањето на ДНК-то, особено ради психолошките проблеми и слично, ко што и напредокот на модерните технологии.

    http://bigthink.com/ideafeed/nasa-mars-one-or-spacex-who-has-the-best-chance-of-getting-to-mars
     
    Последна измена: 22 декември 2017
    На Briar Rose и buba4e89 им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    18.268
    Допаѓања:
    119.523
    Пол:
    Женски
    Контра- ефектите не се исклучени од идејата. Тие што нема да можат да си дозволат превоз до новата планета ќе биде револтирани и самиот мозок не ќе може да ги прифати тие одлуки.
    Нели сме слободен народ и секој сам одлучува за себе, зошто баш за нив да одлучи некој друг.
    Ќе се случат многу големи загуби на човечкиот род.

    Температурата на Марс како и јагленород диоксиодот не можат да бидат добри услови за преживување. Цело време да бидеме во еден карантин ( како би го нарекла јас ) би довело до страв од затворено ( клаустрофобија).
    Карантинот треба да има услови за преживување и тоа истото да го произведува и во наредните неколку години. Секогаш може да се јави психолошко растројство за време на престојот таму,не мора да е само клаустрофобија.
    Тие сепак сакаат да откријат дали постои некоја друга планета надвор од Сончевиот систем.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  13. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.286
    Ke odam da ja posetam ama da se iselam ,ne.
    Pak li jazik treba da ucam. (facepalm)
    Kako i da se segde sakam da odam, batko Gorgija :rofl: ama pak da si se vratam tamo kade sum sega. :l:
    Ne bi mozela da ziveam tamu kade nema sumi i zima :rain:.
    Kako bez sneg, kako Dedo Mraz ke dojde? |-)

    Ako nekoj bil neka spodeli preku koja agencija i kolku e aranzmanot, ima li nesto za novogodisnive praznici ili samo letna sema furaat (Juli i Avgust).

    I taka natamu i taka natamu.
    Vaka nekako ke se vrtat moabetite na Fb. Neli treba site da doznaat kade bev? :rofl:
    Uf zaboraviv, obleka ke drzi ili nema dovolno gravitacija? :lol:
     
    На buba4e89, Victorian и Briar Rose им се допаѓа ова.
  14. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    2.249
    Допаѓања:
    37.890
    Пол:
    Женски
    Мислам дека диносаурусите не изумреле наеднаш поради астероидот, туку кога тој ја погодил Земјата се кренала толкавна прашина, облак што сонцето долго време не можело да дојде до Земјата и изумирале поради недостатокот од топлина.
    Добро тоа, веќе тажна ми е помислата до толку да ја уништиме нашава планета што во иднина би требало и да се преселуваме по други планети. А тоа дека може повторно да удри астероид, може. Во вселената секојдневно се случуваат секакви работи, умираат ѕвезди што испуштаат штетно гама зрачење (гледав емисија таква) што би ја избришало нашава планета од постоење во секој момент. Така се имале уништено многу планети. Сепак, нашите тела не се прилагодени за живот на други планети, иако верувам дека не сме единствени во универзумот. И да има некаде убави услови тоа сигурно е дааалеку милијарди и милијарди светлосни години.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    15.153
    Пол:
    Женски
    Од суштинско значење за појавата на животот на Земјата е присуството на вода. Вториот, но не и помалку важен предуслов за животот на луѓето и животните е кислород. Во процесот на фотосинтеза, јаглеродниот диоксид се претвара во кислород. Постепено, формиран е воздушен слој околу земјата, овозможувајќи дишење. Од посебна форма на кислород, создаден е озонот, т.н. озонски слој, кој штити од ултравиолетово зрачење. Ниту една друга планета во нашиот сончев систем нема атмосфера што ќе овозможи живот.

    Што се однесува до Марс, без соодветна опрема, животот таму е исто невозможен. Планетата е многу слична на Земјата, но има температура во преосек од -50 степени. Има многу малку кислород, а атмосферата се состои претежено од јаглероден диоксид и е за околу 100 пати потенка од онаа на Земјата. На Марс, нема течна вода. Сеуште се работи на тоа, дали на Марс би можел да постои живот, или истиов, се случил некогаш. Не е ниту јасно како луѓето би можеле да преживеат таму и како би се заштитиле од студот и високата изложеност на радијација.

    Наводно, на Земјата се стимулирани вештачки услови, како оние на Марс, со цел испитувања, односно да се процени дали постои можност од таквите услови вештачки да се формираат услови како оние на Земјата. Има многу научници кои сметаат дека ова, е нереално и опасно.

    На крајот, потрагата по вонземски живот е игра со големи веројатности. Само во Млечниот Пат, бројот на планети се проценува на 500 милиони. И тоа е само дел од она што се случува во универзумот.
     
    На Kitten, PaLaVa, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    4.933
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека науката премногу се фокусираше на наоѓање на живот на други планети, а премалку на зачувување на нашата планета.
    Уништивме се што можеше да се уништи овде на Земјата и друга планета да ни дадат и неа ќе ја уништиме.
    Човекот е најголемиот паразит и никој не може да ме разубеди во спротивното.
     
    На Kitten, PaLaVa, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.243
    Допаѓања:
    13.555
    Пол:
    Женски
    Можеби за човек кој нормално целиот свој живот го поминал на планетата Земја, би му била прилично тешко да се навикне да живее на некоја друга планета ама замислете како еден брачен пар започнале да живеат на друга планета и притоа имаат дете на таа планета?
    Мене во ова сценарио би ме интересирало како би му било на детето родено таму, дали повеќе ќе се прилагоди на животот таму ако продолжи таму и да расте ...

    Бидејќи доколку тоа дете полесно се навикне, тогаш во иднина и неговите деца ќе почнат да ја прифаќаат планетата на понормален начин, ама секако да има соодветни услови за тоа.
     
    На daylight и buba4e89 им се допаѓа ова.
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    3.117
    И дали на тоа дете би му било тешко да се привикне доколку би се преселило трајно на Земјата?
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.243
    Допаѓања:
    13.555
    Пол:
    Женски
    Тоа е навистина добро прашање, но тоа зависи единствено од капацитетот на адаптацијата кај самото дете, како и самите услови во кои се навикнало да живее.
    Имено, реакцијата на неговиот организам - кој е во целосна биолошка смисла човечки, во однос на запечатените и изолирани живеалишта на Марс кои само би ги имитирале условите кои природно ги има на Земја, би рекла дека би му било релативно лесно да се привикне на Земја, па дури и би му било подобро со оглед на тоа дека ќе биде во можност понатаму да се развива во природни, а не во вештачки услови и тоа поради самиот организам кој му го потенцира таа потреба од страната на биологијата на неговите родители, како и дека се избегнува големата веројатност родителите да започнат да страдаат од клаустрофобија, но помала е веројатноста и самото дете бидејќи во Руската историја имало еден пример каде едно дете од благородничко потекло уште како бебе било затворено во затворен простор без никаква светлина или прозорци.
    Кога детето после многу години, мислам на 20, го пуштиле надвор тоа не знаело ништо, ни да зборува, ни разликувал ден од ноќ. Затоа и го убиле, освен тоа имал и ментални проблеми.

    Сепак, ова можам да го кажам само ако условите би биле вештачки, како што погоре се споменува Марс каде е неопходно да се имитираат условите на Земја и не е возможно самостојно, без никаква поддршка и помош од Земја, да се живее.

    Ама доколку хипотетички претпоставиме дека постои одредена планета каде има барем 90% сличност со Земја, во поглед на атмосфера, геосфера и хидросфера, и во овој случај не би било потребно од Земја да имаме голема поддршка и помош при имитирање на условите на Земја (бидејќи од тоа би немало никаква потреба), освен можеби при изградба на домови и други објекти кои наликуваат на нормално живеалиште или околина, тогаш детето во овој случај би можело да живее послободно и посамостојно, односно да води скоро ист живот како кога би живеел на Земја и истото би важело и за неговите родители- знаејќи дека природно им се овозможени услови кои ги претходно ги имале на Земја, но од психолошки аспект, кај детето нема ништо да се развие освен природна адаптација, додека кај родителите, барем во првите месеци ќе се развие чувство на возбуда, во позитивна смисла, како и мала необичност со оглед на тоа дека тие се свесни дека се на сосема друга планета и самото чувство дека тие успеале и успеваат да имаат нормален живот на планета, а тоа да не е нивната матична планета, за нив би претставувало големо постигнување, додека целосно не се адаптираат и навикнат на нивниот нов живот, а потоа би чувсвувале гордост, но не во толку голема мера како првиот пат.
    Доколку детето со своите родители или самостојно успее да се врати на Земја и продолжи да живее на Земја, сметам дека кај детето би се појавило носталгија со оглед на тоа дека е оддалечен од неговата матична планета која не е Земја, но поради истите или барем сличните услови, би се навикнал да живее.

    Сепак, и од овој аспект голема улога игра возраста на детето. Имено, додека детето се пресели на Земја и притоа е сеуште многу мало, на пример до 2 или 3 години, голема е веројатноста дека тоа нема ни да почувствува толку голема промена на средина и понатаму нема да има мемеорија од неговиот живот на неговата матична планета, ама доколку детето е на возраст каде веќе свесно може да се сеќава на одредени работи, како од 5 годишна возраст па натака, се зголемува веројатноста за чувство на носталгичност и каење.
    Колку што е детето повозрасно, толку повеќе ќе му биде тешко навикнувањето на Земја, од психолошки аспект.
    Значи, можеби нема да има голема релевантност условите на живеење во овој случај, колку што психолошки и емотивно детето ќе биде погодено од фактот што е одвоен од матичната планета.
    Всушност ова има ист ефект како и кај луѓето кои од Земја, почнуваат да живеат на друга планета, само што улогите и планетите се спротивно поставени во оваа ситуација.
     
    Последна измена: 25 декември 2017
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    32.755
    Пол:
    Машки
    За оние кои ги интересира како би изгледало колонизирањето на нашиот Сончев систем, има една интересна научно-фантастична серија (или серијал на книги, за оние кои сакаат да читаат) – The Expanse – во која, ми се чини, сето тоа е најреално прикажано.

    Таму, имаме луѓе кои живеат на Земјата, луѓе кои живеат на колонии на Марс и луѓе кои живеат во астероидниот појас. Дејството започнува кога луѓето веќе живеат на овие места и согласно тамошните услови, веќе претрпеле некои еволутивни промени.

    „Марсовците“, бидејќи се навикнати на помалата гравитација на Марс и живот во затворени простории, кога ја посетуваат Земјата добиваат т.н. gravity sickness, односно при слетувањето им се слошува и повраќаат поради посилната гравитација на Земјата. Исто така, отежнато се движат и имаат мали проблеми со дишењето. Кога се надвор, мораат да носат наочари за сонце, затоа што за нив сончевата светлина на Земјата е заслепувачка.

    Оние од астероидниот појас, т.н. Belters, бидејќи се родени и живеат во нулта гравитација, имаат издолжени екстремитети, кршливи коски, атрофирани мускули и слаб ’рбет. Поради тоа што најголем дел од времето се во астронаутски одела (работат како рудари на астероидите), тие развиле сопствен јазик, со кратенки и различни звуци – за полесно и побрзо да се разберат меѓу себе – кој за другите луѓе од Земјата и Марс е целосно неразбирлив. Исто така, поради својата кревка конституција, која е резултат на животот во 0 g, тие никогаш не би можеле да ја посетат Земјата, затоа што нејзината гравитација би ги убила во истиот момент.

    Серијава е далеку од научен документарец, но ваквото сценарио за еволуциски промени кај човекот при живот на места кои не се Земјата е доста интересно и возможно – под услов нели да ги колонизираме баш овие локации.


    Поконкретно на темава, мислам дека сме уште многу далеку од населување на било што надвор од Земјата – далеку сме и од првата научно-истражувачка мисија со човечки екипаж на Марс – планирана е некаде за 2050, ако не се лажам. Така да, сѐ што ни преостанува у меѓувреме е да читаме книги на темава, гледаме документарци и серии како The Expanse и секако – да пишуваме на форумов. :D
     
    На Annath, Kitten, Victorian и 4 други им се допаѓа ова.