@Bender Rodriguez овие беа книгите напишани од James S. A. Corey, така? Бидејќи и јас исто се интересирав за нив токму поради прикажаните еволутивни промени кои ми се чинат доста веројатни, како и приказната и самиот начин на кои се напишани книгите. Не сум сигурна дали ги има во Македонија или да ги барам кога ќе се вратам во Канада?
Да, тие се книгите. Во Македонија скоро сигурно ги нема, така да не се ни труди да ги бараш овде. Земи си ги или од Канада или симни ги у електронска форма.
Ок, сигурна сум дека во Canada ќе ги најдам, има една многу добра книжарница во мојот град, ќе ги побарам таму. Фала на одговорот
Mozhebi nekogash , nekoj ke se naseli na druga planeta .. Bi sakala da mozev i jas ama siromasite kje ginat ako voopsto dojde do takva situacija pa i jas so niv kje si izginam .. Pred nekolku godini se sekjavam imase nekoj tekst deka e najdena voda na Mars , ama ne se sekjavam dali imase oficijalno izvestuvanje od NASA ili ne .. No se nekako vo pametov mi se vrti deka imase oficijalno izvestuvanje deka e tocno ..
Животот, каков што го знаеме, може да се развие во планетарниот систем само во погодна зона на соодветната ѕвезда. Живата зона е оној дел од космичката средина во која течните води можат да постојат на планети или месечини, овозможувајќи формирање и преживување на барем едноставните организми. За да се оцени погодна зона на ѕвезда, важно е да се знае која спектрална класа му припаѓа. Значи, јассно е дека, ако воопшто постои друга планета за живот, таа мора да биде многу слична на Земјата. Односно, треба да се дефинираат сличностите, во однос на масата, големината и интензитетот на ѕвездената светлина на која е изложена и заедно, овие фактори го даваат т.н индекс на сличност со Земјата. Кеплер е една од потенцијалните егзопланети за вонземски живот. Баш пред некој ден читав за неа, ама ме фати веќе мрза да пишувам.
Јас знам дека Кеплер е телескопот на NASA кој е задолжен за откривање на егзо-планети. Има некоја планета која е именувана така? Ај дај ако сакаш линк од статијата или нешто сл.
Да. Според телескопот е и планетата. Со бројки плус се именувани. Ќе се вратам да се допишам. Во моментов не можам.
За една планета да биде кандидат за населивост, како што пиша погоре @Lianna Anna мора да исполнвуа одредени услови. Ние, теоретски би можеле да живееме секаде ако сме во некој балон каде што би одржувале нормален атмосферски притисок, со термичка изолација, со заштита од тамошна радијација.. со што би се симулирале условите на Земјата нели. Ама тешко дека може да се обезбеди такво нешто за долг рок. Затоа се бара планета слична на Земјата. Како Наса ги открива таквите планети? Можеби ќе разочарам некои, ама со денешната технологија невозможно е да се гледаат планети на други ѕвезди, па дури и локални ѕвезди, а да не збориме за ѕвезди од други галаксии. Се што гледа телескопот Кеплер е намалувањето на интензитот на светлината што доаѓа од таа ѕвезда кога некоја локална планета ротирајќи околу неа поминува помеѓу нас и ѕвездата. Со тоа се спречува дел од светлината од таа ѕвезда да дојде до нас и тоа се регистрира како намалување на осветленоста. Кеплер е направен да биде многу осетлив на ваквото намалување на осветленоста. Тоа поминување се нарекува „транзит“. И потоа во зависност од времетраењето на тој транзит, со помош на 3от Кеплеров закон се пресметува колку е оддалечена планетата од тамошната ѕвезда. И потоа се пресметува дали е таа во ткн. „Хабитабилна зона“ т.е. во зоната или растојанието каде што кога би имало вода на нејзината површна, таа вода би била во течна состојба за да подржува евентуален живот. Водата е течна во мал температурен дијапазон - од 0 до 100 Целзиусови степени и затоа такви планети има малку. Еве колку такви планети се откриени: https://www.nasa.gov/kepler/discoveries Сепак, ќе слушнете многу новинарски дезинформации дека таму е најдено живот или е најдено вода бла бла.. нема врска. Се што е видено со телескопот Кеплер е дека намалувањето на осветленоста на таа ѕвезда траело толку и толку време и колкаво било тоа „затемнување“. Со тоа се одредува дали планетата е на безбедно растојание од локалната ѕвезда и толку. Се понатаму е фантазија
@+++ Да, Кеплер е вселенски телескоп, преку кој се детектираат планети. Иистиов, има откриено околу 2.500 планети. Ако не сум грешка, најновата планета е Кеплер 90, а со тоа е откриен и сончев систем со 8 планети, кои се вртат околу сонце како нашето. Како што пишува ЕвАнгелос погоре, егзопланетите се откриваат преку т.н транзитна метода. Отвори го неговиот линк и ќе видиш колку потврдени и колку потенцијални планети се пронајдени. Иначе, еве уште нешто, од НАСА секако. https://www.nasa.gov/topics/universe/features/rocky_planet.html https://www.nasa.gov/mission_pages/kepler/main/index.html Покрај Кеплер 90, има и други како Кеплер 186, Кеплер 22 итд. https://www.nasa.gov/ames/kepler/kepler-186f-the-first-earth-size-planet-in-the-habitable-zone
@Lianna Anna само сакав да те прашам точно за која Кеплер планета мислеше во првичниот пост? Знам дека Kepler -186f е слична со Земја додека Kepler -452b орбитира околу рамките на погодна зона на ѕвезда многу слична на Сонцето.
Во еден астрономски есеј кој го читав од 2015 година, пишуваше дека Kepler-186f заедно со егзопланетите Kepler-442b и Kepler-62f, се најверојатно најдобрите кандидати за да бидат потенцијални планети на кои може да се населиме.
Да. Ама на жалост масата, густината и составот на планетите се непознати. Масата може да варира за разлика од масата на Земјата во зависност од тоа од што е составена планетата, ако се состои на пример од вода и мраз или ако се состои од железо. Ако составот на планетата е сличен на оној на земјата, масата ќе биде 1,50 пати поголема од масата на Земјата. Сеуште нема доволно испитувања, дали една од овие би можела да биде наша втора Земја.
Да, тоа е точно. Всушност пред неколку недели истражував за податоците кои досега ни се познати ама само бидејќи планетата Kepler-186f се наоѓа во т.н. habitable zone, не гарантира дека навистина може да биде погодна за населување. Освен тоа едно од најважните услови за една планета да биде потенцијална за населување се атмосферските карактеристики односно гасовите кои ги содржи а за жал и атмосферата на Kepler-186f е непозната, а тоа значи дека сеуште не знаеме дали воопшто има кислород. А причината поради која не можеме да знаеме е поради оддалеченоста - а тоа прави за нашите телескопи да биде невозможно да истражиме. Според она кое досега сум го проучувала од податоците кои засега ни се познати, околу сонцето каде орбитира Kepler-186f, исто така орбитираат уште 4 други планети. Ама бидејќи видов дека положбата на овие планети е преблиску до нивното сонце, тоа сигурно би гарантирало дека е премногу жешко на тие планети за живот, како и за течна вода. Доколку и би имала течна вода на тие планети, дефинитивно би испариле - што значи дека значењето на овие планети за нас се споредува со планетите Меркур и Венера. Сепак, дури и фактот дека Kepler-186f е во повисока орбита, каде што актуелните влијанија на ѕвездата се многу послаби, сепак ништо не може да утврдиме ако не ја знаеме масата и атмосферата, а овде би ја споменала и процентот на гравитација кој е исто така непозната. Доколку сакаме да дознаеме повеќе за оваа потенцијална планета, мора да најдеме друг начин на истражување а тоа да не се потпира на телескопите кои не се доволни за таа намена. Но од сето ова можам само да дојдам до заклучокот дека барем знаеме дека во т.н. habitable zone сепак постојат планети кои се совпаѓаат со големината на Земја.
Ви ги исчитав на сите мислењата, баш ми е драго што темата разви дискусија меѓу членките. Сакав да ве прашам ако се докаже дека Kepler 186 е погодна за населување дали НАСА ќе изгради доволен број на вселенски бродови на кои ќе можат да се пренесат луѓе? Нешто слично на Ентерпрајз од Ѕвездени Патеки. Накратко и за човечката еволуција дали нашето тело може да опстане во ист облик на друг планета?
Кеплер 186ф е првата планета со големина слична на Земјата, пронајдена во погодна зона на друга ѕвезда. А погодна зона е всушност простор каде не е ниту премногу ладно, ниту премногу топло за да има течна вода. Меѓутоа, се претпоставува дека има уште околу 2000 такви кои кружат во погодна зона на нивната ѕвезда. За да се развие живот на планета, потребна е вистинска оддалеченост од домашната ѕвезда и течна вода. Ова со Кеплер телескоп мислам дека е проект кој треба да трае до 2018 година. А после е предвидена друга мисија, ама заборавив како се викаше.
И да се пронајде иста планета како земјата, погодна веднаш за преселба, останува проблемот на транспорт кој засега е нарешлив, нема ништо на повидок, Марс е сеуште предизвик а на Марс би се одело со пропулзија, сосема бескорисен начин за патувања до други сончеви системи. Во однос на патување на друга планета, па макар би се открила совршена околу Проксима Кентаури на 4 светлосни години сеуште сме на ниво на пештерски човек кој со издлабен трупец од дрво се отиснува на океанот на 300м од брегот со цел да улови риба. Тоа што на 6000км од брегот има друго копно, е совршено сеедно
Имаш добра замисла ама за жал ќе мора да разочарам овде ... Далечината меѓу Земја и Kepler-186f изнесува 3,279 х 10^15 mi, или како што пресметав, тоа се 557.7 светлосни години оддалеченост. Ова би значело дека времето кое ќе ни биде потребно да стигнеме до Kepler-186f би изнесувало стотици до илјадници години. Дури и ако теоретски претпоставам дека би имале вселенско летало кое би патувало со брзината на светлината, сепак би ни требало 500 години. Инаку, поради тоа што релеванти податоци како гравитација, маса, атмосфера ми се непознати, не сум во можност да направам попрецизна научно-биолошка анализа.
Но не била само Кеплер пронајдена. Пронајдени се уште 7 други планети кои кружат околу една звезда Trapisst-1. Дали Кеплер има некаква поврзаност со оваа звезда, не можам да знам. Иако има неколку статии на интернет, ќе прогуглам уште малку пред да изнесам тука.