2030 и некоја, мислам дека последната дата им е 2036 и најмногу им зависи од финансии. Трамп ги подржа и ако тоа не се смени, ќе бидат до 2036. https://www.nasa.gov/content/nasas-journey-to-mars
https://www.nasa.gov/feature/ames/k...-details-of-trappist1-least-understood-planet Еве ти линк. Мене очиве ми истекоа веќе денес од пишување. Освен тоа, почнав веќе и во размислување да се губам.
Баш пред некој ден ја анализирав статијава и искрено се согласувам донекаде. Прочитај ... https://www.space.com/37530-trappist-1-planets-atmospheres-stripped.html
Ти благодарам. За транзит-методата знам исто така. Само не знаев дека има ваква планета која е именувана по Јоханес Кеплер. Обично ги означуваат со бројки планетите (во поголемиот дел од случаевите). До 2100 година сепак Земјата ќе стане премногу населена и ќе мора да се бара друго решение. Земјата има ресурси т.е. капацитет да издржи популација од максимум 11-15 милијарди луѓе, барем тоа ми кажува моето знаење. Најголем проблем сега во моментов за да се изведе таква работа е немањето можност да се стигне до ваква егзо-планета од проста причина што немаме ние сè уште таков систем развиено кој ќе може да поминува толку големо растојание за кратко време а и не знам дали и ќе ни успее во иднина да развиеме таков систем. Јас искрено би бил среќен ако доживеам да откријат нова форма на живот надвор од нашата планета. Најголем кандидат за ова е месечината Европа. Претпоставуваат дека под тој дебел мраз на оваа месечина можно е да има живот зошто сепак, и во најдлабоките места на нашата планета, каде не продира ниту еден сончев зрак, има живот. Али ќе видиме.
Искрено не знам и Трамп дали ќе издржи со овие афери и крајно нестабилен кабинет уште четири години на власт. Тој дали ќе успее овие четири години да ги истера како што треба. Мислам дека ова ќе зависи многу повеќе од друг претседател. Али тоа во друга тема, ајде. Него знам исто така дека и Русите планирале да испратат своја екипа на Марс. Некаде читав дека имаат во план за 45 дена да стигнат до Марс и тоа со нуклеарен погон али колку е вистина ова не знам. Но според мене најблиску до тоа се во моментов Американците. Главно поради финансиите.
Во врска со прашањето на @buba4e89 за капацитетот на Земјата, би одговорила само дека се претпоставува дека иако моментално Земја е населена со 7,6 билиони луѓе, планетата има капацитет да издржува од 9 до 10 билиони луѓе. Всушност, ова ме потсетува на една претходна тема која ја отворив а беше поврзана со Малтусовата теорија, односно за филозофот Томас Малтус од доцниот 18 век кој ги напишал овие омразни зборови: "The power of population is so superior to the power of the Earth to produce subsistence for man, that premature death must in some shape or other visit the human race." Поентата на неговите зборови искажува дека непоколебливата желба на човекот да се репродуцира, на крајот ќе не доведе до пренаселување на планетата, да ги изеде сите свои ресурси и да умре во масовен глад.
Imas pravo za ova sto go pisuvas, deka moze samo da se pretpostavuva vo momentov. Brojkata moze da bide i pogolema od 15 milijardi na primer a moze i da bide pomala kako sto pisa devet ili deset milijardi. Nikoj ne moze da kaze so sigurnost i za toa mislam deka glaven vinovnik e tehnologijata. Mozeme primer poradi tehnologijata da najdeme nacini da opstaneme vo uste pogolema brojka a mozebi i toa nema da se sluci. Fakt e deka poradi nemanjeto resursi kje mora da se kolonizira planeta i da se bara resenie za ova zosto koga-togas kje go dostigneme maksimumot. Izvinete za latinicava. Pozdrav.
Русофилите цело време се во некаков лет, меѓу облаци, со умот не само на Марс, веќе се и надвор од Млечниот Пат...
Зошто толку отворено ги мразиш Русите? Јас лично мислам дека имаат доста добар кадар и способни научници, само немаат пари како Американците на пример. Ај ќе видиме, имаат најверојатно некоја замисла можеби и ќе им успее, не давај ти одма црни прогнози. Али да, не е Ружа Црна Ружа ако не ја покаже малку својата сатанистичка страна и мрачините сили кои го имаат опседнато. Последново е шега.
Не е омраза туку ме интересира тој феномен на русофилија, необјаснив и мистериозен, ете и отворив тема пред 33 секунди околу тоа пошто ќе ме тера ѓаолот на оф-топик тука, иначе колективен наметнат идентитет како и сите на светот, сличен на многу други.
Па иако ова е главно претпоставка, сепак и таа е базирана врз основа на претходни факти кои нам ни се познати - големината на планетата, количеството на вода, животинското месо, растенијата кои се дел од нашата исхрана итн. Сметам дека технологијата служи за да ни ги олесни животот, но според тоа што јас го гледам, технологијата само создава идни генерации на мрзливи идиоти. (брутална искреност овде) И не е само немањето ресурси, туку и големиот степен на загаденост. И покрај тоа што луѓето се свесни (а и да не се свесни, нема да бидам изненадена) дека ние колку и да се трудиме да пронаоѓаме нови потенцијални планети слични на Земја, сепак факт е дека ние во моментот немаме резервна планета а дури и да пронајдовме, сигурна сум дека истата би била светлосни години доволно оддалечена од нас за да не можеме да стигнеме до неа додека ни трае нашиот ограничен животен век. И за да бидат работите полоши, и истовремено ја опишува вистинската природа на човекот, тој загадува и го остава непотребното ѓубре зад себе дури и кога е надвор од планета Земја, а типичен пример за ова е самата Месечина, единствениот природен сателит на Земја. Всушност, имам направено едно мошне обемно и детално истражување, како и разни пресметки во врска со отпадот на Месечината и истото сум имала можност да го презентирам...
Со 95% од коментарот се согласувам. Само со ова тука делумно се согласувам. Не знам зошто мислиш дека технологијата служи само за да ни го олесни животот? Да, тоа е точно но технологијата може исто така да донесе решенија за овој проблем за кој дискутираме, во врска со капацитетот на самата Земја и нејзината загаденост која е исто така голем проблем на пример. Иднината не можеме да ја предвидиме. Еве на пример кога се појавила чумата во Европа (чие потекло е од Кина и била пренесена од стаорци т.е. од бувите кои се присутни во стаорците) и тогаш луѓето велеле дека Господ ги казнува, дека е крај на светот и.т.н. па на крајот после подолго време човекот открива антибиотици кои се ефикасни при лекувањето на чумата. Таа додуша не е искоренета и е присутна сè уште во Африка ама смртните случаеви се многу намалени. Ова е малку надвор од темата, извини за ова, но поентата ми е дека има големи шанси да најдеме начин да живееме во уште поголем број од десет милијарди луѓе на пример, човекот е способен за тоа. А може и да се случи тоа што ти го велиш на пример не велам не. Али едно е факт и тој е дека Земјата ќе стане пренаселена и ќе мора да се бара друго решение.
@+++ мојата главна поента во врска со технологијата беше дека најголемиот дел од луѓето ја користат за сопствени задоволства, а не за откривање или учење нешто повеќе за светот и над тоа. Луѓето, особено младите, се повеќе заинтересирани за најновите модели на мобилни телефони отколку нешто поврзано со науката или конкретно со овој проблем. Сепак, свесна сум дека технологијата може да се искористи и на многу други начини, секако кон подобра иднина за човештвото, за кое инаку се сомневам.
Мислам дека има живот на некоја др планета. На Марс има минимални услови за живот. Љубопитна сум. Но како напредува технологијата, за илјада години сигурно земја нема да е единствена населена планета.
Не е возможно вакво нешто. Прилагодени сме на овдешните услови за живот, не би опстоиле на друга планета. Можеби некаде има некаков вид живот, но се' си е спрема условите прилагодено и не би опстојало на друга планета и други услови. Пред скоро време имаше тим астронаути кои патуваа во вселената со месеци и кога се вратиле биле дезориентирани, како да подзаборавиле како е да се живее на Земјата. Еден од нив побарал медицинска помош. Стрес е за организмот да се соочи со таква промена. Ние за нашата планета не водиме грижа па останало да очекуваме некаква напредна технологија да ни овозможи живот на други планети. Ни треба напредна технологија за спас на нашата планета, прво и основно ама такво нешто нема и нема ни да има.
Ние имаме супер напредна технологија за преселба на друга планета со брзина на светлината. Само што моментално е заглавена некаде меѓу научно фантастичните филмови и нечии соништа од 23 - ти век. Ќе ја активираме кога ќе пронајдеме начин да ги совладаме законите на физиката. На сериозната страна, преселба на друга планета е извонредно комплициран процес, а главните причини зошто се уште не можеме да го постигнеме тоа се поврзани со технологија, биологија и условите во вселената. Повеќето планети немаат атмосфера која поддржува живот. Температурите на други планети се екстремни, премногу е ладно или премногу е топло. Планетите немаат магнетно поле како Земјата, што значи дека не можат да не заштитат од штетната космичка и сончева радијација. Не постои транспортна технологија доволно развиена за масовно преселување. Телото на човекот е адаптирано за живот на Земјата. Ниска гравитација, рецимо како на Марс, може да доведе до губење на мускулна маса и деградација на коските. Космичката радијација и отсуството на Земјиното магнетно поле можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми. Преселба на друга планета е хипотетичко решение за проблемите на Земјата. Алтернативата е, да го спасиме тоа што го имаме. Гледам ми ги нема веќе соговорниците на темава, али може ќе сака некој да дружи тука. Типувам на Димн. @theowndemon
@Lianna Anna абе социјално-психолошки теми да речиш, за овие не сум толку паметна. Потенцијал за живот на друг живот вервам дека има иако мислам дека има голем филтер измеѓу дур дојди до такви „иреални“ услови. Не мислам дека можиме да предвидиме се шо ни е неопходно на друга планета пошто ете и на планетава цело време сме „збунети“. Ама во некоја иднина дека има потенцијал пра-пра-пра-...внуци наши да одат, можеби. Толку „знам“.